Мајки бебево спушти температура се развесели и наеднаш клапна и устата и снема боја. Маж ми вика и олеснело и се приспало... Јас сум цела во паника. Не е дехидрирана, пиеше вода, а и пелената и беше убаво наполнета со мочки.
@TeddyGrey немој да се плашиш.подобра е сега, па затоа спие. Се измалтретира па да си надокнади сега. Мојата сега последно кога беше три дена со тт цело време која спагаше и се креваше до 40, откако прими инекции и и стана подобро, 2 дена само спиеше што ми беше чудно за неа оти не застанува.
Нашата сага не заврши. Денес завршивме на клиника со ушна инфекција. Сакаа да не хоспитализираат,мене ме фати "блага" паника. Не пуштија,потпишавме. Антибиотик од 5мл.и блокмакс на секои 8ч. за болката. Оперил П во нос. Течности. Утре на контрола пак таму. Ослабев и остарев.
Многу било болно увото . Се жалеше ли? За два дена ќе биде како нова со атб не се секирај. Децата многу полесно поднесуваат .
Па не се жалеше. Случајно приметив како поклемпаво и се имаше направено. Кога ја пипнав позади само избега, а од другото не правеше така.
Битно се најде причината за високите леукоцити и температурата. Ќе се среде со антибиотикот, не се грижи
Само антибиограм би покажал од брисеви. Ама веќе давате антибиотик, лажно негативен може да излезе резултатот. Црп испитаа пак?
Лили не беше за да лежи таму, башка страв со уште нешто да закачи. Детево е весело, пие течности... полни пелени. Ме фати паника стварно. Докториве беа супер додуша, ми рекоа во било кое време да ја носам ако нешто бидне.
Брисеви земавме пред антибиотикот, во Понеделник ќе земам резултати. Црп не. Во Понеделник и тоа. Некои 3 дена спомнуваа.
За уво да лежите? Ма дај, претеруваат и тие на клиника. Оставаат чим отидеш. Моја братучетка со детето лежеше со бронхит зимоска, плус од таму закачи и стомачен Штом е весела, полни пелени и нема висока тт, ќе биде во ред.
Мајка најдобро знае за своето дете. Ако ти велиш дека не била за таму онда сигурно не е за таму. Но ако најмалку те фати страв обавезно да одите. Со деца сите доктори се супер. Со лесно нека е само и се надевам брзо ќе пројде
пред некој ден не фати вирус 4+ сме...имаше темп едно 2-3ч и се спушти но после тоа ја боли грло и носот кога и е затнат кога не...но највише ми е страв за очите..додека спие а и додека е разбудена и се прават дрли (ронки) низ целите очиња...бевме уште првиот ден на педијатар ни даде капки Марисол (ги користиме од раѓање секој втор ден) и Ацидосалус за грлото и носот ..на очињата немаше ништо...ден пред да се разболи започна да плаче со солзи..до тогаш немаше ништо..но дрлите почнаа да и се јавуваат после 2 дена од темп...утре не работи никој во болница :/ некој чаре за до понеделник? и ги измивам со камилица ..мислев ке пројде од тоа но ништо..почнав да се грижам
Немој со камилица, можат да се затнат каналчињата. Физиолошки раствор и стерилна газа и чисти ги често дури не одите на преглед. Може и во аптека да ви дадат тобрадекс или слични капки за коњуктивитис, ама консултирај се со педијатар по телефон барем. Ако не се чисти брис направете.