На инхалаторот имам и таква маска на лице што се става, а и такво мало само за во нос. Правам со тоа за лице ама некако како да не му помага. Се мислам да пробам со тоа за во нос само ама да не е мало за тоа не знам. Некој искуство?
Баш пишував скоро, двете деца ми беа вака, со инхалација поголемото веќе е скроз оздравено, бебето се чисти. Многу подобро дише.
Многу е мало за таа нема да седи мирно, јас имам баш за доенче маска, во комплетот одеше за доенче и дете и баш и е таман. Ако некој користел назална маска кај толку мало бебе нека сподели. Одма после инхалација прскав спреј и вадев со носко, пробај.
За доенче е и мојата малечка мирен е кога ставам не плаче. Фала ви на сите белки ќе помине скоро А да прашам рендан компир може да ставам на стапала нели? Да го изладам во фрижидер или не?
Дали има некое спрејче за нос што не е само физиолошки за бебе од 7 месеци? Почна да и тече носе и поткашлува па со физиолошки само чистам ама некако нема подобрување.
Синомарин се подобри, поконцентрирани се, околу 2.3%, корин ги сметаат баш како најобичен физиолошки.
Жени како пиметувате дали малото е болно, денес е цел ден кенкав, тт нема мерам нон стоп, кашла малку незнам дали од лиги или од настинка не знам два пати кивна денес цела сум у шок еве го спие сега и како да хрчи малку носот не е затнат …
Тоа се симптомите обично… и јас мислев кашлање од забите, многу малку поткашлуваше ама имало секрет. Почни си со спрејче да не се затне носето па консултирај доктор, не е страшно навреме ако се фати.
Па не би требало да предизвика конвулзии ако правилно се дозира, според килажа. Моето беше пред месец и пол со ковид и температура, по насоки на матичниот педијатар и педијатар на ургентна му ставав парацетамол чепчиња со доза одредена според возраста и килажата. И совет да набљудуваме дали полни пелени и дали јаде нормално и во случај да не, да се јавиме веднаш. Пред некој ден прими вакцина, матичната исто ни ја пресмета дозата на парацетамолот според сегашната килажа, кажа да му ставиме чепче ако качи над 38. Сосема е безбеден и е најефикасен начин да се симне температура ако е правилно дозирано од страна на доктор. Инаку и јас сум во странство и овде никој не прави крвна слика на мали бебиња. Доколку се јави сомневање за некоја посериозна вирусна или бактериска инфекција, тогаш веднаш прават комплетни испитувања и даваат соодветна терапија. Инаку вака само парацетамол и инхалации доколку е потребно.
Исто беше мојот првио ден, многу малку поткашлување (повеќе како лигавење ми звучеше) и хрчеше во спиење. Вечерта ми качи температура. Најдобро чисти носе уште сега превентивно и опреми се дома што ти фале да бидеш спремна ако стане полошо
Сега поткашлува ама не хрчи и како да повраќа млекце нема температура мерам нон стоп понеделник ќе го носам на преглед