А си јаде нормално или одбива млеко? Мојот уште пред да качи нејкеше млекце по голтка две едвај пиеше
Здраво мајки, имаме 3 месеци и мноогу изразена папочна кила. Секој педијатар со различно мислење, дали некоја имала искуство да сподели. Однапред ви благодарам.
Majki krevame temperatura 37,4 nekime da spieme a noseto ni teci se Dr si igra I jade no e omalaksan oti mu se spie a ne spie koga da dadam eferlagan surup ili Kako da spustam ... Godinka sme
На нас мачкање разредена ракија со вода најмногу ни помогна. Млако да е и ќе натопиш крпче и ќе тапкаш. Исто и млаки бањи со вода до 33 степени
37,4 е најчесто од преоблекување, соблечи еден слој облека и види дали ќе симне. Сируп се дава над 38,5, најверојатно само му е топло.
Здрав и прав бил. Ми глумел. Измакнав 50 евра за у систина јер матичната не можеше. Значи сакаат внимание цело време а јас драмев дека кашла
Мајка еве вчера докторката ни рече да земеме Микорил и уште еден маст да ги мачкам заедно 7 дена сабајле и вечер. Колку ќе помогне ќе видиме. Некако бргу се шири и многу ме нервира. Ако не ќе закажувам на друго место да го видат. Еве го другиот маст, пишува за очи сма сигурно докторката знае подобро.
Извинете за офф топик, месец и пол после ковид вакцина? Нели ве вратија од диспанзер или ви рекоа да почекате уште малку? Прашувам зошто ние одложивме вакцина ради ковид, матичниот рече бар 3 месеци да поминат, го однесов после 5. Во диспанзер ми рекоа таман сме дошле Знам дека секој доктор и во секој диспанзер различна препорака даваат ама ова многу брзо ми изгледа.
Ковид прележа на 15 декември, вакцина прими на 23 јануари. Прими прва доза шествалентна, преневар и втора (последна) доза рота. Никакви реакции немаше, освен саат време температура 38 која спадна штом малку го расоблеков. Немам искуство како е во МК, во странство сме (ЕУ) и овде чекаат еден месец после ковид да вакцинираат. Од две докторки, и матичната и уште една докторка со преку 40 години искуство добивме зелено светло. Не знам зашто би се чекало три, ама во врска со ковид, секој доктор дава препораки по свое, не постои унифициран став. Здравствениот систем овде води посебна грижа за деца и особено новороденчиња, така што верувам на препораките што ми беа дадени, а самата не сум доктор да ги преиспитувам. Фала богу помина сѐ во ред, иако бев многу исплашена како ќе биде, а at the end of the day тоа е најважно.
Бебе кашла од завчера, и тоа кога ке се закашла како кога ке ни залетне нешто па даваш зор да искашлаш, носе ниту е затнато ниту мрсули има, може ли од јако плачење да го фати грло, завчера ми се расплака баш јако, вриштење околу 5 минути и од тогаш кашла, ставам аква марис влечам мрсули ама нема, го однесов вчера на лекар рече нема ништо само грлото малку црвено, да ставам аква марис и инхалации со дексазон.Правевме инхалации ама од нив уште повеќе плаче, едвај некако подиши малку, утре ке го носам пак да го преслуша.Нема температура, цица и спие нормално, весел е, утре полни 5 месеци.Матичната спомна цефалексин сируп да му даде ама некако не беше баш сигурна ке го однесам утре да го слушне пак.Многу ме загрижува кога ке се закашла буквално како да се засркнува, може ли од рефлукс да се засркнува, мн пати блуцка, некогаш го имам приметено ке му се врати млекце до уста таман да го кренам ке го голтне пак пред да го исплука, се сомневам да не му се враќа млеко па го засркнува.Маж ми вели од сув воздух дека кашла, сите нешто си нагаѓаме. Некако сум многу против антибиотици, нема ништо на гради ама да пие антибиотик, прашав мора ли, епа немора ај инхалации правете.Некако многу лабав однос на д-р кон давање терапија на толку мало бебе, од друга страна недај боже нешто да му биде жива ке се изедам, да не биде мајката се буни за антибиотик,не сум паметна како да реагирам.Што мислите вие, се пие ли така антибиотик од ракав?Или мора да даваат дури превентивно зашто се мали бебињата?
Моето толку мало нема пиено антибиотик, не сум педијатар ама не мислам дека е во ред препишување на антибиотик буквално од ракав, не знам како би помогнал антибиотикот ако бебенцето е чисто на гради? испитајте детална крвна слика да видите дали се покачени референците
Може да се излечи со инхалација само биди упорна, нека плаче ама инхалирај. Јас во раце го држам свртен накај телевизор. И носи го барем секој ден втор ден на контрола да го слуша. Инаку, добивал антибиотик за црвено грло ама направете една крвна слика да се види што е.
Не разбирам какво е тоа давање антибиотик на толку мало бебе без детални испитувања. Јас не би дала. Испитај се и ако има потреба дај, ако не со инхалации само ќе се среди. Не сум доктор, ама во мк докторите претеруваат
Не да претеруваат. Големата ми ја "отруја" со антибиотици за се и сешто. За малку црвено грло, за шлајмови, за температура иако е вирусно, но превентивно давале де. Затоа претходно ни Панцеф не и делувал кога имала бактериска инфекција.
Ќерка ми е година и 2 месеци, атб нема пиено. Имала бактерии, имала температура, ама секогаш прво се прави кс со црп, па после одредува терапија докторката. Превентивно па ич...