Смееш и 6 пати, така ми кажа педијатар. Пред две недели исто бевме и ние, имавме инхалации со пулмикорт и физиолошки, плус аква марис спрејче, влечење со пумпица, се исчисти секретот, не спушти на гради. А да, имаше мноооогу секрет, влечев ама како крај да немаше... ќе помине треба само повеќе време.
Колкаво ти е бебчето мајка? Јас би му ги испрала синусите nasal rinse,не спасило многу пати.Прашај си педијатар може да те обучи ако се плашиш
Ова нас ни го направи сестра на педијатрија но рече може и дома ние да му го правиме, со физиолошки ама се поднамали секретот па не правевме, инаку стварно е ефикасно, излегува многу секрет.
Можеш на 5 слободно,види јас ќе ти пратам видеa ама ако се плашиш во понеделник можеш да му речеш на педијатарот да ти покаже сам,Изгледа којзнае колку страшно ама не е,можеш да пробаш на себе првин.
Дали ако после јадење му се сцрвенат образите на бебе и се малку топли значи алергија и дали да го носам на лекар? Вака нормално се однесува нема промени
Следи го во наредните 3-4 часа,ако нема друга реакција осип,отекување,гушење не е ништо,ако има алергија мислам дека брзо ќе покаже и други симптоми
Да не беше купечка кашичка или нешто што не е домашно? Пример мојот нема алергија на патлиџан ама поцрвенува од кечап.
Беше купечки морков ама и друг пат јадел затоа ми е чудно П.С. Еве се смири црвенилото, ќе паузирам со морковите малце
Кај мене ништо не искочи од другата ноздра туку водата ми остана високо, ја осеќав со денови. Некој ми кажа дека таа преграда меѓу двете ноздри се затвара после некое време и затоа не функционира кај возрасни затоа ми падна чудно.
Којзнае баш ме чудиш.Кога го барав шишето да го купам баш гледав и по YouTube видеа и Google и функционира и кај возрасни.Баш и на Али од кај што го нарачав имаше пуно reviews од возрасни дека супер им функционира и затоа го нарачав.Ваљда неам некоја дупка кај што не треба
Туку викенд е матичен не работи,малиот имаше хируршка интервенција пред една недела вчера ги извадија конците.Денес гледам на резот како една бела точка како гнојче ли е незнам неможам да го анализирам убаво не ми дава мрда мава.Незнам што да правам дали да мачкам нешто незнам дали нешто смее?
Јас вака редовно чистам нос. Само не со шприц, има "луле" за возрасни аква марис низ аптекиве. Многу ефикасен метод, само треба правилно да ја наместиш главата, благо нанапред и малку на страна. Јас на јутјуб учев како На син ми не би имала храброст да пробам Спојлер