Нас па за ларингит ни даде матичната Алмацин. Помина лесно да речам, само една ноќ дежуравме, ко куче буквално кашлаше. Го поткренав да спие на 45 степени и за раче го држев цела ноќ. Коа почнавме со сирупот, за ден, два се развесели бебе. И инхалација со дексазон 3 дена правев, наутро и навечер.
А зошто за ларингит ви дале атб? Правевте кс? Ларингит кај малиот ако е мирна кс само со инхалации и сируп за алергија се средувало. И сирупот е дискутабилен, ама кај нас е сомнеж дека е алергиски и затоа вклучува.
Може ли ларингит да се јави како алергиска реакција на тиква? Вчера прв пат дадов тиква и денес по неколку лажички, повеќе плукна бебе одколку што голтна.Кашлаше и предходно ама ларингит разви вчера.
Мајки ова од запчето што излегува е или алергија е? Три дена веќе го има денес е најлошо, мачкам веледа кремче ама не помага.. последно што воведов ос вкусови е тиква на хип. Може да е некоја реакција од тиквата? Кога се смета дека е алергија на храна? Да носам ли на педијатар? Хелп.
Кај мене синко беше вака исфрлан ни рекоа дека е атопичен дерматит кај нас беше контактен додуша од храната што ја јадеше.Беше лом околу устата и на обравчиња.Можеш да го однесеш нека го ѕирнат да не ти е на мисла,и ќе ти кажат они знаат најдобро ама мене така ми изгледа.Имав многу мака дур најдов крема што ќе го смири пробав Мустела,Еуцерин пх5, Веледа,Уријаж,Блу кап на крај се погоди Биодерма Атодерм.
Да и ние имаме атопичен ама до сега на лице немаше ништо. Инаку нас ептен ни одговараше Биодерма Атодерм ама повеќе не Сега ќе барам нешто друго. Секако попладне ќе го носам на педијатар да го виде. Фала ти
Жени втор ден по пораѓај сум, сабајлево ми ја донесоа бебушка. Најадена беше и по некое време поврати кафеавко. Ги викнав сестрите ја зедоа рекоа немора да е нешто страшно се прочистува, ја зедоа да ја следат. Дали се случило кај некој? Многу сум исплашена.
И мојата имаше така повратено, исто ми кажаа дека се прочистува. Немаше после ништо. Честитки, да е здрава и жива бебушка
Го однесов денес бебето во Ремедика кај Искра,ми рече под итно во болница, мора венски да прима урбазон.Крвна слика скроз мирна, температура нема, само нема глас.Не примија во болница, прими инфузија и инхалации со дексазон на 6ч.Се надевам дека утре ке биде подобар, докторката рече многу е мал а гласните жици се отечени мора да се реагира да не дојде до гушење.Од памет се извадив, еве не спијам пак го гледам како дише, тахикардија добив од стрес и главата ми пука.Се пожалив барем.
Со лесно, ќе помине не се сеќирај..затоа ви пишав јас од искуство..истото ни се случи немаше глас ја однесов не задржаа, мали се...следно кога и се фати пак малце гласот од памет се извадив ама немаше ништо
Ќе помине мајка, не се секирај. За жал, ларингитот е многу честа појава. И моето имаше, го боцнаа урбазон и инхалација веднаш му дадоа со адреналин и веднаш се виде подобрување. Не му беше гласот фатен, туку кашлаше како куче.
Пред 1 недела завршивме со пиење на трицеф. Деновиве почна да кашла, кашла и додека спие. Дали тоа може да биде искашлување од антибиотикот или може да се работи за нешто друго? Инаку крвната слика ни е добра со малку покачени моноцити.
Може гасови има ако голта воздух кога цица, пробај дај капки за гасови инфакам или еспумисан, и прашај педијатар секако.Мпрто лакомо цица и има гасови и прди веќе капки не му давам