Добар ден Дали знаете некој што носи Mupizocin од Бугарија ? Итно ни треба, се работи за мрса во носе кај мало бебе.
Жени ве молам за помош и мислење, сабајле ми крена температура од чиста мира отидовме на преглед се супер ми рече ако крева над 38,5 далерон, дојдовме дома дадов во 3 крена после тоа пак крена во 8 и еве сега крева 38,5 што би можело дс р, мнооогу се секирам 6месеци сме уплав имам
Може не е многу итно, но да прашам. Бебе е шест месеци, за првпат по толку време какаше ноќеска. Почна и со дохрана. Што може да е?
Веројатно е вирус или бактерија, ќе пратите и ќе си давате сируп над 38 јас давам, можи на 4 часа, ладење ако не спаѓа, без паника. Ќе одите на доктор може ќе ве упатат за крвна слика.
Можеби некој со вирус ви бил на гости или сте се сретнале со некој таков моето имаше пред некој ден нешто слично бевме на преглед правевме крвна слика супер беше си качи вечерта после сабајле па пак вечерта ја давам сируп на 38 не чекам 38.5 зашо не ми го пие па дури да му дадам 5 мин малку по малку пие и ми е страв брзо качува не се секирај следи го ќе се среди за ден два
Мајки здраво. Што вирус ќе е ова стварно не знам. Изгоре детето од температура 2 дена, никако да симнеме 39-40 качува на 2ипол 3 саати. Правевме денеска кс и црп и испадна црпто 65, нели е многу ептен ме загрижува. Ни дадоа одма антибиотик цефалексин па ќе видиме како ќе биде.
Ме интересира како е бебето сега? Ви дадоа антибиотик? Големата кај мене има температура, па се плашам за малото многу
Супер е. нема температура чат пат поткашлува , не качи повеќе. Не ни дадоа антибиотик. Не се секирај лесно е вирусчето
Тука сме и ние, од нигде никаде. Дадов еферглан, што друго правите чорапи на нозе, туш? Не е спиен, кенка на 15 мин, одби чајче, плаче... Со каков топломер мерите?? Имаме на чико дигитален, ама ненако несигурно покажува или лошо го користиме?? Мислам дека е од забите, друго ме гледам
Бебе настина, крчи со носето и температура 37.4. Да носам денес на лекар? Дека е рано за крвна слика.
Ако не ти е сигурен дигиталниот, мери со живин. Ефералган над 38.5, инаку ладење со расслекување, туширање со помлака вода без главче, чорапи со оцет само на топли ноџиња, можеш тупфери со алкохол:вода 1:1 натопени под пазуви да му ставаш. Со лесно и брзо да врви мама.
Мислам дека нема потреба на таа темература , почекај ако се качи повеке и најдобро е 2- 3 ден од разболување да се прави крвна слика, не прв ден . Чистите носе и со лесно