Исто имаше и моето. Имав купено Мustela Cicastela за друга потреба, па реков да пробам со неа. Два пати му ставив и му помина.
Здраво, сакам да прашам дали го имате употребувано сирупот Изопринозин кај дете со сипаници? Малата ми е 20 месеци и матичната ни го препиша кога доби сипаници.И го давам веќе 10 дена, ама не сум сигурна до кога треба да и го давам? Не знам дали треба да го прекинам или да продолжам со терапијата?Доколку го имате давано ме интерисира до кога би можела да и го давам?
Тој сируп се дава по шема, прашај ја матичната. Јас лани на 3 год дете го давав 10 дена, па пауза 20 дена, 3 пати така со ред значи 3 месеци. Мислам по 5мл давав не се сеќавам.
Мами бебе на гости фати на камин и си џишна три прстина,средното е повеќе црвенко е а на врвот има и како кругче бело.Што да правам,хелп.
Фала ти,бидеќи бевме излезени и во моментот освен паста за заби немав ништо друго мацнав тоа и одма заминавме еве ја купив сега.Ќе го заспијам и ќе намачкам,не ме остава да го допрам
Да ,паста за заби е прва помош при изгореници. Намачкај кога ќе заспие,утре 2-3 пати на ден. Утре веќе ќе биде подобро. Моето беше околу годинка кога се допре со три прста од дланка на ќумецот од шпорет на дрва. Во моментот урлаше,приплакуваше додека не заспа. Другиот ден веќе како да заборави,не се жалеше а мене ми изгледаше страшно.
Оф фала ти,со првото дете не го поминав ова па сега некако испаничив.Премногу плачеше,сега приплакува од време на време.Се надевам нема плик да се направи,за сега стои како бело ама нема подуено.
Мајки сте давале ли сируп или чепче пред да поминат 4часа, 2 саати поминаа а пак ми качува над 38.5 а брзо и оди до 39 од вчера незнам што да и правам со туширање на симнува
Може веќе си дала чепче. Ќе ти го дадам добро познатиот совет со ракија. Знам дека многу ќе ме нападнат ама моето последниот пат само со тоа прекина да качива темп. Ќе потоплиш сооднос вода и ракија 70/30, ептен млако да е не врело. Ке натопиш мека крпичка и со тапкање ќе ставиш секаде по телото. И пази на облеката. Од ракијата ќе се испоти неколку пати прати го да го пресоблекуваш одма
Добра доза даваш? Јас до 39 не се потресувам многу ама сум ладела со разреден 70% алкохол над 40, за да дочекаме следна доза. Вриштење, пиштење душа ме боли ама тоа е.
Бебе ми беше со вирус претходната недела, до пред некој ден и поткашлуваше. Но од денес маж ми вика дека го боли се и малку грло. Можно е бебе пак да фати или он фатил од бебуш? Преплашена сум веќе.
Жени сабајле примивме ваквини три тие теети дози бебе прв пат ми качува температура од вакцина дадов працетамол не спушти еве трети час качува има 38.3 кажете ми чаре блок макс имам после колку време смеам да дадам малово е расположено ама има температура сега спика и јачи хелп во паники сум
Ајде не е страшно чим не е над 38,5 без паника нормално е еден туш со млака. Вода или чепче и ко ново утре