Се од ова што пиша мајка давам и правам. Ама подоле од 38.6 не ни се спушта. И кога ќе се спушти трае 40мин и пак почнуваме со 39 до 40 температура.
Верувам, таков е вирусот и лани го прележавме. 9-10 дена температура што не паѓа, годинава 41,5 качи највисока. Трпение само и сила да издржиш. Имајте лесна ноќ
Мајка чепчето не помага само ако бебе го исфрли . Ти кога ќе му ставиш чепче, задржи 1-2 минути додека да се стопи внатре.
Бебе е 10,5 месеци и до сега не му се случило, но веќе два дена како по цел ден кака. Вчера какаше 8-9 пати, денес до сега 3 пати, а столицата е нормална,, не е течна, но со многу лош мирис. Се друго е ок, си јаде, пие, си игра, се е супер. Давам пробиотик. Дали сте имале ваков случај? Што би можело да се случува? Совет?
Не го исфрла надвор и не ни помага може од 39.5 на 39.3 да падне и ништо повеќе. Еве денес намали мслце 38.7 има се надевам дека ќе поминува веќе. Три дена изгоре од температура
Погадни нема од хипп Овие се добри има и шумско на вкус, ама откако ми ги кажа матичната хидратон јас само тие ги земам
И го пие ? Да пробам и со нив ако не, хипп не ги сака, тие орс ќе се напие голтка и втората се мршти и не пие. После кога ќе му дадам пак го осеќа дека е тоа и не ни сака да отвори уста.
Касно одговарам, но да споделам. Моето тежи околу 8 кг, 5++ месеци е, и на педијатар пред некој ден му ставија 120 мг чепче парацетамол (вирус има и првиот ден имаше покачена тт и болки). Кога беше 7кг, после вакцина прими 3/4 од 120мг, значи 90мг.
Бебе денес ми крена тт и поткашлува по малце,му варира имаше 38.1 па 38.2 го истуширав и му спадна на 37.9 ама кенкав е.. Во диспанзер кога прими вакцина не советуваа само над 38.5 да даваме антипиретик кенкав е одбива млеко многу ми е жален .. Му земав електролити давам и чајче пиеше малце. До колку се толерира тт со оглед на тоа дека е кенкав ? (на 14ти 4 месеци ќе прави) Контактиран е педијатар утре ќе го носам на преглед.
Јас на 38.2 му давав сирупче ние имавме пред 2 недели, исто и мојот бесе кенкав малксан и му дадов сирипче и повеле течности секако по препорака на педијатар
Како да му симнам на 7 месечно дете температура со некој метод.Му дадов блокмакс не помага многу,сега му ставив ефералган чепче. Од вчера е со темперстура, на секое 4 часа има На лекар само овие две опции ни ги кажа.Прима антибиотик панцеф