Мамички, не сме во Скопје, бебо крена температура и почна да кашла продуктивно. Го однесовме во Плодност Битола, но докторката повеќе зборуваше за исхрана што да воведеме во кој месец, отколку за што сме отидени. Као за температура Ефералган. Ок, тоа го знаеме...а ништо за кашлицата, као не било спуштено на плуќа, се е во ред. Како дојдовме дома, почна да се слуша крчење со шлајм. Кашла детето, се мачи, офка во спиење... Дајте барем вие совет... Што да правиме да не се спушти надолу?
Инхалации не ви препорача да правите? Ние кај Др. Аница ја носевме ко имаше кашлица, ја инхалираше и таму и за дома ни препиша цела недела. Само така се исчисти и ја слушаа секој ден, плус аспирација на носе, а и дома влечев и прскав со Марисимо. Тоа можеш сама ако има в носе секрет, да го влечеш и да прскаш спреј за бебе и да спие под агол кренато да не се слева надолу, а и тапкање на грпче помага. Јас на мене ја легнував на меше и само така спиеше. Вечер ако ти изгледа влошена состојбата можите и на државна во Битола во детско да одите, се чека малку ако има гужва ама за бебиња се добри, ја носевме ние ноќе неколку пати, ја слушаа и аспирираа.
Фала ти, мила за препораките Затоа овде пишав, за тоа што отидовме ништо не кажа жената. Ни во случај да се појача кашлицата, ни во случај да спушти... Цел ден влечам со носе Фрида, но кашлицата се појачува, тоа ме плаши.
Јас бебе секој ден го носев да го слушаат заради кашлица, и правевме инхалации, пќж на крај пак спушти малку па 4 дена примаше инфузии во болница на 5 месеци.
Види ако ја има оваа маст во мк. На нас ни помогна заедно со инхалации, чистење носе и поткренат душек. Ама траеше околу една недела кашлицата Заборавив да допишам мачкав наизменично од маста и смеса од вода ракија и свинска маст
Мамички, сепак се влоши состојбата синоќа со кашлањето и денес завршивме на инхалација. Дека ќе треба и дома да се прави, мора да купиме, па ќе ве замолам да ми предложите инхалатор не многу јак и бучен.
На микролајф можам да ти кажам дека е бучен, а јак/слаб мислам не постои. Гледај да има детска маска.
Итно ми е. Бебе седум и пол месеци му тече носето плус затнато. Не може да спие, плаче. Може ли оперил п да ставам? Синомарин не помага, дури ни млекото не може да го пие, не може воздух да земе.
Не знам дали уште се продава-пиконеб. Во однос на квалитет и трајност. (15 години не служи еве го ко нов е ..пу, пу, пу..)
Бебац почна да поткашлува дали цел ден има дежурен педијатар во Јане или само од 19:30? Уф само што завршивме со атб
Напротив педијатар има само до 19:30, после тоа само општ. Еве овде можеш да видиш распоред https://www.zplrm.mk/?p=12554
Здраво вчера пишав дека бебе почна да ми поткашлува носен е на преглед на гради е чист грло добро ама има зелени мрсули.. И ми рекоа да се направи брис од грло и нос а денес педијатарот негов ми вика нема потреба од брис,целата сум у збунка. Нели зелен секрет укажува на инфекција?
И моето често има зелени суви мрсули а тука не сакат да земат брис Јас би настојувала сепак да се земе, да си бидеш на чисто дали има нешто. Јас планирам кога ќе си одиме мк да го носам на брис
Исто исто.. Еве 4 месеци е до сега неколку пати му се има случено да му се појават зелени мрсули и секогаш нашата докторка била против брис а вака на 2 месеци исто имаше во носе и му се спушти на плуќа "Не е страшно".
Да и тука пред година многу ретко зимаат брис, ептен кога е морално само. Јас не знам што толку со тој брис, подобро на време да се открие отколку да чекаат. На секое мое јавување за нив се е нормално, се чистел уште викат. Е аман бе од кога зелени мрсули се чистење, неверојатни се. У мк ќе испитам се можно, да си знам, помирна да сум
@Hijabigurll @Anturium Еве јас за моево правев брисеви и има стрептокока. Резултатот не ми служи за ништо освен за да знам. Не се оптоварувајте се додека општата состојба е добра.
Бебе мое со сипаници е еве 8 ден денес. Од вчера засипнато, за викенд имаше тт и мн плачеше го чешаа брунките нема кај не се исфрли и му се фати гласот. Сега пак плаче како на 2ка на пример од можни 5. На лекар никаде неможам да го однесам ради сипаниците освен на инфективна. Се јавив на докторката ми рече инхалации со синомарин и кортиер. Му направив со физиолошки и кортиер како предходно што правевме 2мл физиолошки со 1 мл кортиер. За синомарин не ми кажа колку. Колку се става од виалите синомарин за инхалација? Се мешаат ли тие со кортиер?