1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    789
    Кога ќе засипнел син ми од ларингит или вака од плачење, инхалации со синомарин и дексазон ни давале. Синомарин пола од таа ампулата, мислам 2.5мл доаѓа.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MikicaBt

    MikicaBt Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.278
    Пол:
    Женски
    Се соочил некој со високи тромбоцити кај бебе? 858 се а горна граница е 390. Бебе има 10 и пол месеци. Кс правена е за вакцина, другите параметри се во ред.
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.759
    Пол:
    Женски
    Нас ни кажаа дека е од стискање, кога му зимаа крв, стварно многу го стискаше дека се тргаше, плачеше. И мајка ми, лаборант во пензија исто ми го рече.
     
    На MikicaBt му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MikicaBt

    MikicaBt Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.278
    Пол:
    Женски
    Фала...сега ќе проверам во друга лабораторија, ептен се потресов некако.
     
  5. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    На синчето кога му беа покачени околу 500-600 ми рекоа да давам водичка, дека било жедно... колку е точно не знам, но е кажано од педијатар
     
  6. MikicaBt

    MikicaBt Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.278
    Пол:
    Женски
    Направив во друга лабораторија испитување и таму беа во нормала..326. дефинитвно има отстапки и разлики од лабораторија до лабораторија....скоро цела кс беше различна.
     
    На Mermaid90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    На син ми кога беше бебе. Не прати матичната на испитување на клиника. Бев преплашена.
    На клиника направија пак крвна слика, излезе супер. Докторот ни кажа дека може да биле покачени од некој прележан вирус или пак од неправилно земање крв.
    Не се паничи, само повторете крвна слика во др лабараторија.
     
    На MikicaBt му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Joraa

    Joraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2021
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    668
    Пол:
    Женски
    devojki na sto vi licit ova? Suva e na dopir a mislam deka malava i gi cesat,,, e sega primetiv mislaam deka 2 pati sto mu dadov jajce za prv pat se sluci ova
     

    Прикачени фајлови:

  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.759
    Пол:
    Женски
    Мислам дека од храна алергија не се појавува вака, повеќе на атописки дерматит ми личи. Ама секако паузирај малку со јајцето да се исчисти па пак ќе дадеш ќе видиш дали е од тоа. Даде само жолчка или цело јајце?
     
  10. Emi1988

    Emi1988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2020
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Sto davate koga tece nose na bebe 1 godinka ? Kaslica so slajm isto , doktorkata ne prepisa nisto a se plasam da ne spusti na gradi
     
  11. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.447
    Допаѓања:
    11.097
    Пол:
    Женски
    Само чисти го носето редовно со солен раствор, штом тече не е страшно. Кашлицата сигурно е шлајмот, го исфрла. Нека спие на повисоко деновиве и повеќе на чист воздух.
     
    На Emi1988 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    1.885
    Допаѓања:
    3.593
    Пол:
    Женски
    Ајде паники, значи да се немало осет кај ова стариве.

    Нели вчера свекрва накратко го чуваше бебево. Претходно се немавме многу видено, а и вчера само до врата и го подадов транспортерот и веднаш заминав. Доаѓа утрово таа и ја гледам со херпес на уста. Е сега бидејќи скоро сум сигурна дека и го има бакнувано бебево, што да очекувам, на што да пазам, во случај и тоа да е заразено?

    Дали веднаш да одиме во болница за испитување? Дали би се покажало нешто?
     
  13. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    2.574
    Допаѓања:
    46.171
    Пол:
    Женски
    Не знам колку ќе ти биде од помош информацијава ама јас се породив со херпес на уста (секогаш со јак стрес ми излегува). Колку и да сакаш, со новороденче не можеш да избегаваш контакт, плус доење.. Не се јави ништо кај бебето.
    Мислам дека нема простор за паника, само следи ситуација за секој случај.
    Искрено верувам и се надевам дека свекрва ти има доволно човечност во себе да не бацува бебе со херпес на уста..
     
    На mal.ecka и Miss_S им се допаѓа ова.
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Не верувам со херпес да го има бакнувано, сепак јас би прашала и кажи дека е преносливо ако не знае.
    Инкубациски период е до 2 недели. Јас имав ко имаше малото 3-4 месеци, не ја бакнував нормално ама заедно спиеме и ја доев исто како претходно не ставав маска и немаше ништо.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.827
    Пол:
    Женски
    Кога мајката има херпес, а го дои бебето, бебето прима антитела и во првите неколку месеци е заштитено. Доколку мајката пред или во тек на бременоста имала инфекција и развила Игг антитела на херпес, дополнително бебето се раѓа со антитела, кои му се пренесени преку плацентата.

    Опасно е кога мајката е негативна на херпес симплекс Игг пред бременоста, што значи никогаш не прележала херпес, а новороденчето има контакт со вирусот преку неа или преку друг носител, бидејќи неговиот имунолошки систем не е развиен и не може да се бори со вирусот.

    Херпес кај новороденчиња (до 6 недели) може да предизвика системска инфекција што е многу опасно и може да има сериозни последици и мора веднаш да се пристапи кон интравенска антивирална терапија која се прима болнички.

    @Miss_S симптомите можат да бидат неспецифични. Од летаргичност, заспаност, отежнато дишење, иритабилност, видни рани на усните и во устата, одбивање на храна.

    НО, не се плаши, ваква инфекција е многу, многу ретка, дури и да го има свекрва ти бакнувано бебето (што не верувам), за да му пренесе херпес прво треба да е раната на устата отворена (значи да тече течност од самата рана, онаа фаза кога пука херпесот, пред да почне да се суши) и при бакнување да дојде во контакт со отворена рана на кожата или устата на бебето, што не се случува баш така лесно.

    Дополнително, доколку малото е постаро од 6 недели, помали се шансите за сериозни последици, и инфекцијата се манифестира повеќе локално, отколку системски. Секако следи го деновиве, свекрва ти нека избегнува контакт со него или ако е неминовно да биде во негова близина, нека носи обавезно маска и нека дезинфицира раце. И нормално, нека не го бакнува.
     
    Последна измена: 23 март 2023
    На Doktor F и kristina.k им се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    1.885
    Допаѓања:
    3.593
    Пол:
    Женски
    @ladystardust , благодарам за исцрпниот одговор. И на останатите исто.

    Бебето е 9+ недели. Јас исто често имав херпеси така да имам Игг. Во бременост мислам не ми се појави воопшто.

    За бакнувањето, не е толку сетена свекрвата и да го избегава тоа.

    Останува следните денови да следам ситуација посебно затоа што за помалку од две недели има бебе вакцини за примање. Можеби следна недела ќе побарам и кај неа да се испита игм и игг
     
  17. Калатеа

    Калатеа Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    5.859
    Има ли некој глуп вирус што кружи, зеленкасти мрсули, малаксаност и температура 37 до 37.8 варира цело време?

    Два дена во градинка и опет хорор.
    Ние изгледа ќе ја паузираме приказната со градинка до година и нешто, немам сили секој пат по 10 дена болна.:sweat:
     
  18. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.595
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Мајки синоќа бебе ми качи температура 38.5, дадов чепче спадна. Сега е добар весел е си игра се смее, па претпоставувам од заби е. И носето му беше мн затнато ама немаше секрет. Како да знам дека се заби и за колку време од ваков симптом може да излезе првото забче?
     
  19. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.447
    Допаѓања:
    11.097
    Пол:
    Женски
    Кога раснат заби паѓа имунитетот и полесно се фаќаат инфекции така да, вирусно е нешто ова најверојатно. За забите види дали е набабрено непцето, ако е за брзо ќе искочат.
     
    На Gabrielle... му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.595
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Набабрено е и бело, ама и горе и доле е така веќе цел месец