Страшно. Многу се вознемирив за 4мл. вентолин. Не дај Боже. Не ни е работа да знаеме сѐ, ама мораме нажалост, баш од вакви ситуации.
Тоа зборам со маж ми, може не ги знам мерките, оглупавуваме кога се болни, брзаме и не размислуваме трезвено, не сме спиеле цела ноќ, нивна работа е да ти кажат точно што да правиш. Во нашиот случај конкретно како може фармацевт да не знае дека мг и мл не е исто и да ми рече стај 10 пати поголема доза? И замисли така да го инхалирав 5 дена, не можам да си простам и за тој еден пат. Инаку ја добив докторката ме смири малку, вика и поголеми дози препишувале ако е посериозно воспаление ама толку многу не. Демек во ред е ама ако е подобар да прекинам.
Ама не се сите фармацевти. Еве на колешка ќерката работи во аптека, нема соодветно образование, ама знаела "повеќе од докторите". И ќе се погоди таква, или ко другиов случај "доктор" со купена диплома. Се блокирам и јас кога се болни, ама тоа е, ќе отвараме очи и ќе се преиспитуваме по два пати. За многу работи од форумов сум се едуцирала, ама не треба да е така.
Што се чудите, на моја блиска и дадоа таблети наместо од 250мг, од 500! И тоа по две да пие! Најголема среќа беше што организмот уште со првата доза почна да реагира. Ама жената си прележа неколку дена во болница. Аптекарката молеше да не ја пријавуваме, ама и кажавме дека е џабе, кога истата грешка може да ја повтори и кај некој фатално да заврши.
Јас многу сум разочарана од Козле, а имав многу доверба. Исто едно младо од клупа излезено девојче на дежурен вика аааа ќе ве задржиме. Викам, чекај полека. Идам кај мојата во Систина, ме гледа и ми вика, каква хоспитализација таман работа. Ужас
Бебе едногодишно со црвени образи цел ден. Нема температура, јас со симптоми на Ковид/грип/богзнаешто, плус пијам антибиотици за претходна инфекција веќе петти ден. Може да ѝ е од антибиотикит како алергија или ја заразив со штоидаевирусов?
На бебка која е 8 ипол месеци, што да и правам за да симне температура? Дадов чепче пред 3 ипол саати, еве ја пак над 38 оди. Алкохол не нели? Што друго?
Јас би давала на 4 саати антипиретик ако е страшно, и во меѓувреме би висела во купатило, во коритце. Сега над 38 и зависи како мериш, како се мери кај бебе?
Мерев со двата, еден бесконтактен, друг живен. Еве ја 38 со 5, точно 4 часа откако дадов антипиретик. Ќе и дадам пак ако не.
Ако можеш да ги мењаш, пример парацетамол и тоа другото на 4 саати, ако не, ништо, еве го прекрши полноќ, нека одмори бебка а и мајката. Со лесно нека поминува.
Ако качува висока температура можеш да даваш парацетамол на 4ч. Во меѓувреме расслечено, туширање со помлака вода без главче, вода, млеко, електролити. Ако го доиш, колку можеш повеќе на града ставај го. Со лесно и брзо да помине.
Ако има ставано во уста нешто нечисто може да е од тоа, така и на синко му се појавуваше во периодот на ставање се во уста.
Поискусните мајки можеби знаете, можно ли е да се појави црвенило на газето од некоја храна? Чудно ми е оти пред малку му менев памперс и немаше ништо, сега пред спиење беше какан и толку му се вцрвило газето едвај го избришав се утепа од плачење. Прееска јадеше каша од пилешко, тиква и компир. За вечера јадеше грчки јогурт со лепче и плус краставичка и малку хумус проба(прв пат).
Мајки, мали е 17 месеци, веќе 5ти ден со стомачен вирус, 1 ден повраќаше и еве веќе 5ти ден течна столица. Кажувајте некој спас за столицава, се исцеди детево...