Пробав, не сака да ја пие. Пробав со шприц да давам ама тешко иде. Во упатството вика 4 кесички дневно, он ни една не може да испие... Ќе пробам пак, ќе бидам поупорна, со сила ќе давам.
Уф стварно е многу грда за пиење . Незнам дали постои начин да ја маскираш. Ми текнува на смути евентуално
17м има, можеш да му пикнеш 1 лажиче густин со вода, во шприц и пикник му го во уста некако. Јас давам и чај од кора од калинка, исто со шприц на неколку пати, ама мојот не прави проблем за ништо, се лапа.
Мојот првиот пат корона со такви симптоми помина, 9 дена имаше дијареа без престан и на крај ентерофурил му помогна. И Линекс за возрасни. Не знам од која возраст е само, мислам дека е од 2 години ама консултирај се со педијатар може ќе ви дозволат нешто појако со корегирана доза.
Сега и пишав на докторката па ќе видам што ќе ми каже. На јатрва ми малата исто е со вирусов и неа и го дадоа сирупов, она е 21 месец, 3х3.5мл им препишала матичната.
Да веројатно е од него, сега прочитав на декларацијата. Јас јадев и тој посегна му дадов малце ама одма реакција. Памет за друг пат. Секогаш пазев, а периодов почнав да се опуштам..
Еден месец од градинка ние уште не можеме да се оправиме, секој втор ден по лекари. Најново, качува температура вчера и денес, претходните денови беше 37 и тука негде варираше до 37.8, денес над 38.5 ми качува… Дајте совет што да испитам, почнав да паничам и да читам симптоми, се исповадив од памет самата. Докторка вика давај Ефералган и витамини, во понеделникот последен преглед чисто грло и плуќа, а секрет еден куп. Летизен ни дадоа да се смири секретот, и еве почна температура… Можно ли е да е некој аденовирус?
Крвна слика направивте? И нке сме така. Никако да почнеме со градинка како што треба. Кај мојата изгледа е бактериско. Чекам резз од брис. Ни дадода антибиотик ради високо црп.
Правевме, се е супер, црп ниско. брисеви минатата недела Хемофилус инфлуенца во око, има и конјуктивит што не се смирува… грло чисто. Стварно не знам што да кажам.
Има ли некоја искуство со воспалено увце кај бебе од 2 ипол месеци? Не ми е уште потврдено после ќе го носам на лекар ама кога ќе го допрам заплакува одма па сигурна сум дека е тоа.. не може да спие убаво, сред спиење ќе заплака и ќе го земам во раце и одма презаспива. Не можам да го оставам а и не сака баш да цица. И цело време сака да спие а тт нема.. знам дека обично даваат антибиотик за увце ама има ли шанси да се пројде само со капки? Ако се прашувам јас и не би сакала антибиотик да му дадам уште толку мало
Мене искрено полошо ми било од капки него ли од сируп. Капките се мрсни, тешки, со саати се упиваат и треба да лежиш, а мало бебе, па после слухот ко во бунар... од искуство ти кажувам.
Па не баш.. само кога ќе го допрев заплакуваше ама мн беше поспано а не можеше да спие и нејќеше да цица.. денес е подобар, весел се смее и си гуга