На лекар мајка. Мало ти е за било што на природна база. Иначе, бебето кашла три недели, или само денес? Пошто реченициве без запирка тешко се разбираат што сакаш да кажеш.
И јас мислам веднаш на лекар повторно. Во Германија тешко нешто на природна база од типот чиста свинска маст и сл. Употребувај Google и објасни му што и како се влошило.
Бебе во последниве 2 дена лачи повеќе плунка и прави балончиња дали постои можност да има некоја бактерија и што испитување треба да се направи?
Сабајле го вакцинираа бебо трета доза ДТП, 6+ е. Во 16ч имаше темп 38.1 и дадов Ефералган според килажата. Во 21ч пак качи, 38.6, пак дадов сируп по совет од матичната. Го истуширавме со млака вода, и му ги измасиравме нозете со ракија/вода. Сега има 38.1 и заспа. Немам Дијазепам чепче дома, матичната рече ако крене 39 да го носиме на брза помош да му стават чепче. Тоа е против грчеви нели? Многу сум исплашена, досега немал ваква реакција од вакцина. Кс вчера правевме, добра беше, леукоцити, црп мирни се. Некој совет? @Alishan30 @Annath @duffi
Не би требало да крене повисока, лично немам искуство, моиве немаа нешто особено реакција од оваа вакцина, т.е големиот имаше блага тт, малово ништо. Следи го ноќеска. Би требало утре да биде во ред, ама да знаеш дека може и утре да има благо покачена тт. Е сега, не знам зошто матичната препорачала Дијазепам чепче ако нема историја на конвулзии во фамилија, ама не е мое да се мешам во нејзините совети.
Прати го. Можеш да ставиш и оцет на чорапчиња. Не би требало да крева повисока Т. И јас не сум за давање Диазепам превентивно. Сепак доктор ќе каже најдобро.
Секако ќе го следам, само да не качи повеќе. Утре и да има благо покачена, ништо страшно. Од висока темп имам уплав.
Цело време мислам оти алкохолен е најарно. Значи да земам вински да имам дома да се наоѓа. Фала Ана, да не сум повеќе у заблуда. Иначе кај моето има ефект оцетот . Немам многу искуство со висока Т ама од тоа малку -делувал.
Во текот на ноќта доколку има благо покачена тт или нема тт, дали да продолжам да давам Ефералган на 6 саати до сабајле или не? Тоа заборавив да ја прашам матичната.