Хмм не мислам дека се прејадува не е некој јадач и не јаде многу количински. Има баш периодов запек зошто пие фероглобин за железото ама има веќе три недели кај што го пие. Можно е нешто од него?
Јас кога се консултирав со матичната ми кажа дека може од тоа му е и ни препорача сируп смокван за констипација навечер да пие. Не се има повторено од тогаш, а неколку пати така се будеше со лошење и повраќање. Консултирај се секако со педијатар утре.
Како давате сируп парацетамол? Јас со шприц ама ич не сака се трга и не отвара уста. Можам ли во нешто да го растворам? Стварно е одвратен на вкус.
Кој парацетамол? Син ми го пие тој на Алкалоид, не прави проблеми, ни бебево не правеше. Ама моиве пијат горчливи работи без проблем. Пливит Д3 пијат без проблем.
Тој, на алкалоид. Јас пред некој месец исто бев со темп и нема друг парацетамол па земав од сирупот. Грозен е.
. Ako e bebe i pie od sise jas mu go stavam vo cuclata mi go pie bez problem od spric nikako ne saka sega bas imam problem pie lekoklar no ne mine niz cucla i mu gi pluka neznam kako da mu go davam
И јас го давам тој, во многу малку сок го растварам. Претпоставувам за бебе се работи, пробај во млекце или чајче, не знам што пие. До две години јас на сила давав, го стискам во раце и со шприцот длабоко во грлото или од страна на образот, не пиеше до тогаш сокови.
11 месеци има, пие и сокче и чајче. Помина температурата среќа па немаше потреба пак да му дадам. Следно ќе земам далерон.
Ај да си ја кажам и јас маката. Имам бебе 9 месеци. Цело време е со растечен нос и шлајм во грлото. На лекар скоро секоја недела одиме, 3 антибиотика испи за бактерија во нос мораксела, инхалации правевме и со физиолошки и со пулмикорт, сируп вентолин пиеше ќе се среди малку и пак за некој ден почнуваат мрсулите и шлајмот во грло. На неколку саати вадам полна пумпа мрсули, уплав веќе има од пумпата. Имаме братче што оди во школо и сите вируси и бактерии и бебе си ги добива. Вака е весело бебе, напредно, активно, си јаде, си цица, не личи како многу да му смета секретот, ама па јас не можем веќе така да го гледам. Препорачајте ми добар доктор каде да го однесам, дали ОРЛ? Или пак што да прскаме во носе, витамини и сл.?
Ние сме 4м па ова го пропаѓаме. Испи веќе 2 антибиотици, душа ме боли. Ако не помине сега бактеријата не знам што ќе правам, не ми се дава пак антибиотици, мал е. Се плашам цревата да не ги уништиме, ко да ми стои заслабнат, цело време цица ама и многу кака, пие пробиотици цело време и пак има мака. Уште вечер давам антибиотик и ако не се исчисти ќе барам локално нешто да мачкам, ставам, премногу ми е за толку мало бебе. Кај нас се работи за Стрептокока Пнеумонае.
@AngelOfArh јас ко ја прашав матичната за контролен брис после антибиотикот ми рече не треба, таа е терапијата и после може ќе си е носител и ќе покажува подолго време позитивен брис, а не може постојано да пие антибиотик. Немам искуство со првото дете ама искрено не знам што е правилно, мене ми е страв така да оставам без да знам дали е уништена бактеријата, а од друга страна и антибиотик повеќе пати не е во ред.
Затоа викам локално нешто да ставам во носе, памет немам веќе, он е полн секрет ама сега е проѕирен, не е жолт, зелен, нема симптоми на болест, ок е вака, ама мене страв ми е. Каката од антибиотиците му е портокалова, како ќерамида, и многу течна, не му е како бебешка кака. Многу ми е мака што вака рано почна со антибиотици.
@AngelOfArh и мојата исто кака ама и гасови многу и болки во мешето души мали, само да поминува побрзо. Барај локално може ќе има нешто ефикасно, да не се мачи со пиење веќе.
Моето е сега 6 месеци од 3 недели е на антибиотик сега последно бевме 10 дена лендацин после 1 недела пауза пак почна да кашла многу и не примија во козле исто и таму примаше 7 дена лендацин, какањето му беше многу често имаше дури 10 11 столици во ден му давав пробиотик ваја кога не испуштија од козле продолживме со антибиотик лекоклар и пробиотик провен незнам дали е до пробиотикот но се средивме има една до 2 столици дневно нормални сега ке го носам на контрола за 2 дена незнам што ке кажат но едвај чекам да прекинеме со антибиотик, таму докторката ни рече дека кога се прима антибиотик најдобар бил провено за нормална функција на цревата неззнам дали е до тоа или што но се средивме околу какањето
Ние за истата бактерија на биограмот што е од брисевите беше осетлива и на хлорамфеникол мастот, па покрај антибиотик докторката ни рече и маст во нос. Сега проблемот кај нас е што има некој секрет и и се спушта надоле и од време на време крчи. Од денес покрај Алмацинот ни дадоа инхалација со Вентолин 2 пати, и со дексаметазон 1 во денот. Со бебе од 4 месеци инхалација едвај некако.
Замисли баткото е негативен на брисеви... Не ми е јасно... Додуша со него 3 пати на ден перење нос, насабајле пред школо, кога ќе си дојде од школо и навечер, по 1мл физиолошки што го влечам од инфузија такво боцичка, дува се, чистиме нос и од тогаш секрет немал, да чукнам у дрво, он само надразнителна кашлица има и таа ја средуваме со Прополис Бејби. Не ми е јасно како може он да е чист. И јас имав земено провен, ама многу ми е мачен за користење и затоа го баталив. Треба да давам шише а тоа некако не ми е на омилена листа работи, нејќам да давам и не знам како да го давам другачие. Затоа капките ми се полесни. А подобар е каде каде, и јас средив перисталтика до тој пробиотик. На моево му се средува полека, помалку секрет прави, помалку крчка, дури може да пројде и без чистење нос, само со шприцање од физиолошкиот по 0.3мл ставам во секое носниче и нешто ќе искива, нешто ќе голтне, се одзатнува.