Ја прашував мајка ми, лаборант во пензија, вика дека можно е. Само ја носи и ја предава, не се гнезди кај него. Утре ќе прашувам кај матичен.
Ние од 3-4 месеци почнавме, среќа па не спушта на гради. А за локално еднаш само ни дадоа капки за очи мислам дека беа, во нос да ги ставаме, ама и тоа моментално помогна и по неколку дена пак стара песна. Матичниот наш вика за друга маст бил мал. Само се молам да затопли убаво, да заврши школото па се надевам малку ќе намалат вирусите и бактериите. Па и едно море да истераме може морскиот воздух ќе го средиме носот
Само да искоментирам за провен пробиотик, го користиме и ние, од пробано диастоп, биогаја, овој најдобро се покажа. Сега има редовна столица, секој ден наутро
На ќерка ми од сношти и течи носето (не е настината,заби ваѓа) и многу хрчи не може да диши во спиење кажете како да и помогнам сношти воопшто не спиевме
Женски, бебе утрово крена 37,7 па 38,1. Прошлата недела имаше тт ама еден ден и му пројде, сега еве пак. Правевме кс, црп 8.6 ми рекоа дека е незначително покачено и нема простор за паника, веројатно е вирус. Јас направив и брисеви за секој случај и чекаме рез. Сега ми крена 39 во спиење,го расоблеков го разладив и падна тт до 38,4. Далерон дадов околу 19:45, можам ли сега да дадам пак или да чекам да поминат 6 саати? Му давам 3 мл, да не е многу (макар што тој пола го плука)? Околу 8кг е.
Потруди се да ја испие цела доза, да не плука. Ако не успева тогаш земи чепчиња. Се дава пола од килажата значи 4мл.
Дозирај точно колку што е препорачано и доколку не е над 39 чекај да поминат 6 саати, а лади со расоблекување, туширање и сл. ЦРП не е страшно, се толерира до 10 кај бебиња/ деца. Леукоцити нешто дали има покачено. Други симптоми дали има? Кивање, кашлање, носе да тече… Може и заби да вади. Не е препорачано на помалку од 6 саати зошто може во хипотермија да отиде.
Моксарелата знае да е зезната кај мали бебиња и деца и обично кај деца до 5 год дава патологија, кај поголеми не. Многу антибиотици сте изнапримале, душичка. Локално дали покажа на антибиограм сензитивност на некој антибиотик. Обично е сензитивна на цитерал, тоа можеш и локално да ставаш во носе, во вид на капки или хлорамфеникол, зависи на што е сензитивна. Многу тешко се лекува и на контролни брисеви знае да е пак позитивна после извесно време. Витамини можеш да даваш, ќе споделам јас лично кои ги давам и пробај одредено време не влечи со пумпа да видиш дали ќе има подобрување. Пробај уште локално до антибиотик во консултација со педијатар, повеќето педијатри прво препорачуваат локален па после системски антибиотик ама како и да е.
Нема покачени леукоцити, во ред е кс. Нема ниту други симптоми. Е сега утрово, млекото ко си го пиеше поврати. Го преслеков го средив ама не сака да си го допие, а само мала количина имаше испиено. Можам електролити да дадам? Не сака други течности, страв ми е да не дехидрира.
Може. И тоа од некои вируси може да биде уште повисока. Само кај вирус веќе третиот ден се подобрува ситуацијата (ако не е некој заебан вирус како адено, рсв), кај бактериска не.
Не паничи, лекувај симптоматски па ќе видиш како ке оди. Доколку има потреба сигурно ќе реагираш, ќе приметиш ако нешто не е во ред, не се секирај.
Прво дете и првпат температура, можеш да замислиш... Се трудам да останам смирена ама само некои сценарија си правам во главата Ќе помине
Иста сум, затоа и ти кажувам. За сите други знам што треба и совет ќе дадам и се ама кога се работи за некој свој не е исто и тогаш врска немам
За локално матичниот ми рече дека бил мал, немало што да му даде. Пробувам да не влечам со пумпата, ама па многу мрсули има, не може убаво да дише кога е полно носето. Од витамини Витамин Ц му давам ама ќе ги земам и овие. Сега и заби му растат едно излезе пред некој ден, еве и второто готово е да пробие, па викам и од тоа да не тече носот. Ако не се оправи за некој ден ќе барам друго чаре, негде на приватно ќе го носам. Една матична сменив, баш поради тоа, ништо не му е ќе си помине, а не поминува, а сега па само со антибиотици го кукаат и со кортико.