Кај мене еве ги сега големото, а едвај месеципол направи малото како беше. Ум немам. Секрет кај малово не застана да се прави, не да тече, да се собира горе. Кашла ама од што има многу плунка и се дави, не од секретот.
Здраво, ќерка ми е 2 месеци и вчера на контрола ми рекоа дека не е доволно порасната на килажа. Качила 240г за 2 недели а требало 250г на недела. Големка се роди и до сега нормално си растеше, искучително на доење е. А на должина е порасната скоро 2цм. Ми рекоа да почнам да давам дохрана ама реков да почекам уште една недела дали ќе се стабилизира. Инаку на претходната контрола прими рота вакцина точно пред 2 недели и беше неколку дена со пролив и многу грчеви. Пред некој ден и помина и вчера пак пролив. Мислам дека уште реагира од вакцината, може ли затоа да не е порасната има ли некоја искуство? И кажав на докторката дека имаше пролив ме изигнорира а кога ја примаше вакцината она ми кажа може да добие реакција една или 2 недели после вакцина. Детето си е свежо, весело не изгледа да е гладна. Не мислам дека е до млекото ама ако имате некој совет и за повеќе млеко кажете, ќе пробам се. Ич не сакам да почнувам со дохрана.
Како мајка чие бебе е пораснато на АД, те советувам да си прпдолжиш со доење. Да немаш млеко како или има некоја пречка да доиш разбирам, ама ова со математикиве многу ме нервираше. Мојава беше на дохрана, па пак не напредуваше според нивните математики. Одев тогаш во Ремедика и само грамови пресметуваја. Мојава напредуваше од 400-700 грама месечно кога како. На 6 месеци беше дупло од родилна тежина, на година 3 пати повеќе, како што треба. Не може сите по 1000 да напредуваат секој месец.
До колку ви кревале температура бебушите за заби? Бебе вчера крена до 38,4, давам ефералган на 6 сати (толку поминува до наредната 38+). Сабајлево со топломерите се изнервирав, живин и дигитален даваат 38 највисока после неколку мерења (бебе малку се бореше, едвај измерив, тек кога ми задрема во раце), бесконтактниот ми вика 40,1. Го чекам мм да дојде да не вози на доктор, ама од пусти страв дадов сируп после 5 ипол сати зошто и беше време за дремка, да не крене многу...
Дека е а долна граница е, ама дека треба 250 неделно да качува, нема такво правило. Кај мене големото качуваше по 250 месечно дека е ептен мало родено, од 2 кила почна да качува, ама малово просекот му е 800гр, што би му дошло 200гр неделно, али цица многу, докторот вика одлично е, треба да качи најмалку 500гр.
Од заби не креваат температура. Тогаш можно е да е намален имунитетот и да фатат побрзо вирус или бактерија, ќе видат на преглед грлце да не е или нешто друго.
Што им е на докторите со таа дохрана? Колку лоши совети, нема ништо поубаво од доење. Ако има доволно мокри пелени нема за што да се секираш. Минимално треба да качат 500-600 гр месечно. Некое ке качи 500 друго 1 кг трето 2, ама тоа ретко. Плус некои бебиња кога ке почнат со цврста храна тогаш се збуцкуваат. Сито бебе е среќно бебе. Ако немаш некои проблеми со доење, значи имаш доволно млеко. Ама кога има нешто што не штима не може да не забележиш. Многу голема разлика во мерења. Живиниот е најточен. Од заби толку висока не се качува, ама од паднат имунитет може лесно да закачи некое вирусче или бактерија.
И јас не знам што им е со таа дохрана, и како да се има цела нација откажано од доење. Ние сме 3 колешки породени заедно, само јас дојам, другите сите ги префрлија на ад ради глупости, а имаа млеко. Во врска со топломерот, да најточен, ама ако бебе трпи да се измери, ако мрда, ако не држи, не е точен.
И неколку мои другарки сака да ги префрлат на ад, не им било јако млекото, нема да го држи бебето, а бебињава од цицка беа буцки, ефиксни цицачи. Па и кога ке почнат со дохрана, немало резон да цицаат, големи биле. Се разбира, ако се мери правилно 5 мин под пазув, во спротивно не е точен.
Јас би продолжила со доење. Ако си полни пелени како што треба, измерете пак за недела дена и ќе видите како ќе биде. Дохрана та дохрана, ко за друго да не слушнале докториве. Јас 2 капки млеко имав па со сите сили 3 месеци пробувавме да се доиме, ти си имаш млеко не гледам проблем. И стварно не мора сите бебиња ко по книга да качуваат килажа, некои повеќе некои помалку. Ама гладно дете ќе се примети. Да споделам јас како се откажав од доењето, 10 дена немаше какано, 2-3 дена пелените беа скоро суви. Ја однесовме, 20гр имаше качено за 2 недели. Е ТОА Е ГЛАДНО ДЕТЕ.
Епа ете, вчера на матичната и кажувам дека често се буди бебето навечер и одма давајте му адаптирано млеко. А бебето одлично напредува, качува скоро 1 кг секој месец, си полни пелени нормално, а и јас имам доволно (што не ме ни праша). Па си викам ај да сум будала па да ја послушам. Како толку лесно наведуваат на вештачко јас не знам ...
Фала ви на сите за одговорите и јас тоа мислам како може секое дете исто да качува не се сите исти... а и има други фактори што може да влијаат, еве кај нас на пример јас мислам дека е до вакцината, кај друг може во скок во раст да стагнира додека да се зголеми продукцијата на млеко, итн. Ептен без веза одма што наметнуваат дохрана, наместо некој совет да дадат за повеќе млеко или техники на доење кога и сами кажуваат дека ништо не може да го замени мајчиното млеко.
Што користите за пеленски осип? Барав џинџира спреј во аптека ама нема.. Го пече на допир спискува кога го мијам
Здраво, беба година и пол. Од петокот е со варичела, без тт. Ама денеска 5 ти ден почна да качува, сега има 38.3. Можно е дури сега да и е од сипаницата? Или зскачила нешто, друго?