И кај нас помага судокрем кој го прочитав токму тука, одмивај го пред да му смениш нова пелена ќе се смири
Внесувај колку можеш повеќе течности, дали сок, вода, јогурт, ајран, ќефир… и храни се, не гладувај, бебето од тебе црпи резерви, има време за слабеење кога ќе почне да лази и да оди ете ти гимнастика. @Leanne никој нека не те убедува дека бебе се буди од глад, јас скоро две години око немав склопено, се будеше на пола час а млеко полни гради, од една града дури цицаше од другата бев утоп… ако си полни пелени значи во ред си е со лактацијата… јас пак коментари слушав како го хранам бебето од мали гради демек големината на градите е синоним на изобилие од млеко. Кој знае што им е позадината на педијатриве со тоа вештачко, дали процент, профит …
Процентите беа во 90ти, јас повеќе мислам дека се плашат од дехидрирани бебиња, па да бидат сигурни дека ќе напредува убаво затоа препорачуваат.
Членката напомена дека месечно напредувало по едно килце што е и одлично за доено бебенце, не сум педијатар ама сметам дека причината за ноќното будење не е недостаток на млеко
Јас општо зборев зашто стварно гледам често се препорачува ад кога мајката има млеко, а за @Leanne конкретно ни јас не би дала ад да сум на нејзино место. И моето беше доенче и се будеше нонстоп и тоа продолжи и кога се одби, едноставно такво си е детето.
Кога се одби моето е тогаш веќе почна да спие цврсто без да се буди, се дури се доевме ноќите ми беа терор
Да и јас мислам така, и ова им е полесна варијанта отколку да го следат бебето. Заради ситуацијава со педијатрите сите се преработени и имаат илјада пациенти, карикирам.
не знам како се протоколите кај вас, би требало општо да важат исто кај сите педијатри, ми имаше кажано да го носам секој месец на детален преглед со закажување точно на датум во првите 6м месеци, висина, тежина, дали имала 5 пациенти или 50 таа мора да го следи секој месец, ако не напредува и смета дека бебето е изгладнето тогаш дава насоки, а не бебето се буди навечер гладно е давај дохрана
До 1 година е задолжително да се носи бебето на редовна контрола. Не контролираат само килажа, туку и раст во висина, следат развој на рефлекси, потоа вртење од грб на стомак и обратно, лазење, одење итн. Генерално сме нација која има речиси никакво познавање за доење, како, зошто, колку е битно итн. Наместо да работат на едукација, најлесно им е да кажат дај ад.
Дали е ова алергија на храна или е каснато од комарец, има на обравчињатаа по едно, позади увото, и на рачињата две три такви. И на нозе има по некое, на стомаче и на грб нема. Затоа мислам дека е каснато. Ги има веќе цела недела не поминуваат некако. Не се потечени.
А и твоето и моете бебе, и сите бебиња родени 2019, 2020 од месеци кога почна ковид пандемија не ги виде матичен доктор. Ни за мерење, ни за следење раст.
Грешка си. Син ми одеше секој месец на педијатар. Од 7-9 имаше термини за здрави бебиња, тогаш го носев. Пандемијата почна во 2020, со сигурност знам затоа што тогаш полнеше 1 година. Кога се роди ни Ковидот како вирус не беше познат, во декември 2019 се појави во Кина за прв пат. Кај нас мерките и карантин почна во пролет, тогаш имаше 8-9 месеци и престанавме да го носиме.
Ок син ми на последен преглед беше на 4м и после се затвори се. Сакам да кажам, и сами тррба да го следиме детето.
Син ми е во јули роден. Ако не сум грешка, твојот син е помал некои 2-3 месеци. Тоа дека сами треба да ги следиме децата е апсолутно точно. Ако не сум грешка ти стави слики од еден многу добар прирачник, за тоа што треба да прават децата на одредена возраст. Такви ги има многу, плус има апликации за развој. И секако родителите треба да се погрижат правилно да го растат и воспитуваат детето. Играчки и игри според возраст, да одат во природа, да има љубов и позитивна енергија дома итн. Ме нервира кога ке кажат, ке си порасне ке се среди. Само од себе. Некои работи не се средуваат туку си треба стручна помош, терапии итн.
Ние може да следиме дали лази, дали се врти, дали посега по играчки, дали гуга, а постојат многу други работи како мек граден кош, шум на срце, бифида спина, сколиоза, tongue tie, lip tie и слични за кои ние како родители повеќето не знаеме да ги распознаеме. За тоа се редовните лекарски прегледи.
Се согласувам. И бев и сум против затворање на детски ординации во ковид. Не сум јас баш ни репер зошто во најблиска фамилија имам доктори кои го следеле детето. Секако и како родители наша е најголемата одговорност да следиме раст и развој и да преземеме нешто ако нешто не личи ок, а не 'секое дете во свое време' бабински став
Јас првото го носев секој месец, сега ова бебе, го носев првиот месец 3 пати, па на 2.5 м, па на 3.5м, па на 5. 5 па на 8м така ми кажа педијатар така го носам.
Даден антибиотик па по 5 часа земен брис(резултат негативен). Колку и дали антибиотикот има врска со резултатот?