За стрептокока пнеумоние во нос кај бебе од скоро десет месеци матичните ви давале антибиотик орално? Симптоми има само течење нос и поткашлување. Има Преневар примено една доза.
На новороденче нормално ли е да се затнува носето често? Стално кога станува од спиење и е затнато и вадам лепливи бели мрсулчиња. Денес еве нема ништо во носето како што гледам, дише убаво полека а кога плаче и вдишува силно се слуша крчење,не знам дали е настината, други симптоми на настинка нема...
Може да е од проѕирно шлајмче како од алергија кога се слива и голем човек кашла од тоа и тешко е да го исфрлиш зошто се тегне а не е за антибиотик. Ставај солен раствор само. Доколку нема темп нема да ви дадат антибиотик едино можеш само хлорамфеникол маст да ставаш во носе.
Некоја мамичка со искуство со прекумерно потење на раце и нозе кај бебе? Дали да се направи консултација со педијатар или со ендокринолог?
Мајки бебе е многу плачливо, кашла, растечен нос има и ми реагира исто како кога има температура. Топол е а мерам со 2 топломери 35.9 и 36 покажува. Мислам дека има температура можно е да не покажуваат точно? Можно е од заби да е вака топол, а да нема темп? Не знам што му е, од вчера е ваков, ама вечерва ептен се влоши. Да го носам на итна или да чекам?
Испотен е? @Misskirova во газе е со 0.5 степени повисока од телесната. Со живин под пазуви е најточно.
Со еден под пазуви мерам и со друг во уше исто покажува. Не е испотен и образите му се ладни, а главата нозе раце топли. Сега е само на шпикозни без чорапи, а нозете му се топли. Не знам што се случува стварно ваков не е бил. На 15 мин се буди со плачење, и кенка и во сон.
@Anturium можно е да се бори организмот со нешто. Обично ако се топли рацете и нозете нема да крене повисока, ама следи секако. Има мака некоја, можно е запчињата, може му се слева секрет или се затнува носето, или грлото да го боли. Гушкај вечерва и следи го, па ќе видиш утре дали е за на педијатар.
Фала ти многу. Дадов чеп сега се смири заспа, не можев да го оставам таков. Грлото не му е црвено, а секрет има се слуша и на дишењето и хрчи. Утре ќе контактирам педијатар, сигурно нешто го боли. Фала ти многу
На 36тт антипиретик не, а ако даваш за болка пола доза. Може да ти симне многу и бетер беља да направиш. Јас ја направив и затоа ти кажувам, ми паметуваа дај Далерон заби кога растеа, попуштив дадов и се олади скроз, како мермер ладен беше, го соблеков јас се соблеков и го греев кожа на кожа, душа немав во мене додека не му се врати бојата.
Дадов синоќе два пати чепче и среќа тогаш поспа два пати по еден час, останатото време цело беше со плачење. Фала ти на советот, ама не знам не сум паметна во вакви моменти сакам само да му помогнам. Чепче како да давам на пола, да го сечам? Сируп тука не препорачуваат до 10 месеци
Најмалото го давам од 80мг. Преку ден ќе пробам без чеп да истерам, ноќта ќе видеме белки нема да треба веќе
Дојдов да ви кажам само дека од Козле на итна сум презадоволна. Многу убав преглед, детален, брзо завршивме, добивме и убави совети и терапија и препораки. Се буфнавме во 12 извадени од памет со 40тт. Секоја им чест!
Бебе има 10 месеци. Пред една недела најдена е стрептокока пнеумоние во нос, симптоми само растечен нос и поткашлување. Педијатарот ни даде капки, беше малку подобро, но еве денес пак со носето проблем и поткашлување. Има примено Преневар, докторот рече не е страшно, но ова со носот не поминува. Совет? Дали големата и носи од градинка, па не може да оздрави асално не знам веќе.