Запек немала мојава, знам дека имаше многу темна столица како последица на Сидералот. Давај пробиотици.
Само потемна столица, ама давав обавезно пробиотик. Тој период почна потетко да кака, ама се поклопијс повеќе работи - сменив пробиотик, прими рота па не сум сигурна на што се должеше. Од какање по 5 пати на ден, почна на неколку дена.
И моето има потемна столица, му давам плус пробиотик.Дали на вашите бебиња им излегуваат модринки, моето е мн бело, ако го пипнеш одма се вцрувува, а приметувам и модринки, на рачиња ножиња, цело време станува сега и се чука од играчки ама одма модринки му се прават.Има ниско железо само 3,матичната ми пиша дека било нормално железото да е ниско кога бебето се бори со некоја инфекција, сега има ларингит, прима зинат антибиотик, инхалации со дексазон 3 пати и сируп за алергија навечер. Кога брбори и гука се слуша звук, а кога плаче не се слуша,само шушти.
Ангел, ме интересира како забележа дека бебето ти има ушна инфекција? Еве го моето качи температура и кенка. Од големата префати. Се плашам за ушињата.
Ќе изреагира, не поминува болката лесно. Кај моето дури на 5ти ден од антибиотик помина болката. Џудно, првиот пат дадоа Цефалексин и Панцеф, побавно проаѓаше, сега дадоа Амоксиклав, побргу проаѓаше, ама дигестивен систем пепел и цел се нафрли бубулички.
Антипиретик/аналгетик кога се дадени и веќе делуваат можат да смират болка и да маскираат клиничка слика
Мене во Козле ми кажаа дека болката и општо состојбата нема да помине брзо. Додуша не погледнаа со отоскоп, само од кс и со рака што го пипнаа и списка дадоа антибиотик на 39.8 тт. И чудно поминаа симптоми за 2 дена.
Од што може да се појави вакво црвенило? Бебе има 7 месеци и од понеделникот сме на терапија со трицеф поради стрептокока во нос . Досега сме немале вакво црвенило...
Незнам како било кај вас, без да ставам отоскоп не давам дијагноза само од допир, а антибиотиците делуваат и на ушна инфекција, па и да било грло, се средило. Се погодило така.
Јас бев искрено избезумена, следниот ден баткото не попари со дијагнозата и сега отпосле вака ко што си мислам, пристапот беше одличен, ама дијагнози од ракав си даваат ептен. Менингитис ко да е настинка кажуваат. Среќа излезе вирус најверојатно, ама мене гравот ми го сварија во саботата.
Те прочитав и намерно не искоментирав. А внатре имав немир. Мора детално се да се испита и дијагноза без сигурност НЕ, посебно не веднаш на родител.
Ма и на извештај беше напишана, од памет се извадив. Кога стигнавме на детска пред очи ми помина се што преживеавме со внука ми и малку е да кажам дека од тој миг сум ко скапана, ко болна. На детска надвор не чекаа, вие ли сте што ве пратија од Козле, се собраа 5 доктори... ме смирија искрено на детска клиника иначе Систина ќе ја барав, што сум многу против Систина за дете, на маката ни заработуваат.
Прошло драга ајде. Чисто да знаеш, у Козле исто на допир ми кажаа уво, а испадна не е . Виктор, знам дека таму го носиш, вика од уво плачат без престан, не можеш да утнеш. За жал дознав и во право беше. За уво ако ти е зорт ноќе,боље ти е ОРЛ на клиника, козле немаат отоскоп.
И ја мислам дека безвезе испивме антибиотик ама ај. Се фино, нема гужва, брзо преглед ама 2 пати по ред утка, некако сега откако ми спласна се ми стана јасно.
Моиве па никогаш не плачеле од уво. Син ми често имаше ќе каже го боли и толку. Ќерка ми како бебе никаков знак едно сабајле крв и гној од уво.