Еве мерам пак, ми се чини дека му е намалена тт. Изгоре бебо мој Јас ни саат немам око склопено, цела ноќ дежурам. Не знам денес како ќе издржам. Ама само тој да ми е подобар.
И моето само од оваа вакцина крена температура наредниот ден. И јас дадов 2 пати ефералган и не крена повеќе висока т над 38 со 5. Овие нашиве како брат и сестра се и со килажа и со реакции од вакцини и со нејадење на зеленчук. Јас исто и ја туширав со малку поладна водичка од вообичаено, ама само за кратко тоа и намалуваше т. И мн раздразлива беше неколку дена.
Стварно Мила, во се досега се исти Јас затоа се консултирам со тебе, да знам што ми следи Последно мерев 36.8, пред два саати, сега пак мерам. Нека доаѓа и нека минува само побрзо
Нека минува само со лесно и ќе помине за брзо. Не е нишш страшно, ако е за утеха барем знаеш од што е и дека ќе помини. Кај нас беше стресно околу 3 дена. Со врискање и неспиење. Во што е порзлична оваа доза од претходните 2 уште не сватив.
Да, сега се вративме од педијатар, нема црвено грло, нема заби, најверојатно е само реакција на вакцината. Од сабајле пак крена 38.3, дадов сируп. Матичната рече наизменично да давам Ефералган со Блокмакс (за навечер) дека повеќе време ќе го држи без темп. Да го тушираме, мачкаме со разредена ракија и тоа е. Нека мине само.
Блокмакс се дава само ако крене над 39. Ако даваш наизменично со Ефералган, тогаш следи, да не симне отповеќе. Пошто 38.3 не е за Блокмакс.
38.3 не е за блокмакс. Мене ми е совет од педијатар парацетамол (ефералган, далечно) над 38.5. Ако не спушта од тоа и ако качува над 39 тогаш Блокмакс. Само ако е ептен болен и не спушта од ниту едното самостојно тогаш се даваат наизменично. Бебиња исто така не се масираат со алкохол. Се разладуваат со влажно крпи или туширање со млака вода. Со лесно да ви помине што и да е.
Додека има тт, се дава на 4-6ч антипиретик, кога ќе симне се дава уште еден ден на 6ч и еден ден на 8ч, вака ми кажаа мене на ДК. Секоја висока тт не значи и грчеви, моето имаше слаби грчеви од 35,2 и 34,6. Дијазепам се става во моментот кога детето има грчеви а не превентивно.
Блокмаксот делува поубаво за болка. Бар кај нас. Ни го дадоа за увото на 8ч.без разлика на температура. Не ни ја спушти под нормала.
Точно Бруфенот е многу подобар за јака болка ама тоа само со консултација од лекар или болнички услови. Како кај вас. Давање антипиретик без Т? Најлошо нешто. Никогаш нема организмот да се научи да се бори. Плус лесно може да падна под нормала. Како и давање за Т под 38,5. Колку повеќе го оставате организмот сам да се бори( кога е возможно) толку полесно ќе ја совладува Т. Што е тоа ДК?
Од сабајле како крена, после тоа немаше темп. Се надевам мирна ноќ ќе имаме. Не давам веќе сируп ако не качува, нема зошто.
Да, и јас давам блокмакс за болка во уво, оти не помага ефералган кај моиве. Ама друго е кога даваш за болка, друго е кога даваш за температура, пошто не делува на центарот за терморегулација кога не е покачена телесната температура. А во случаи кога има покачена тт, нагло ја симнува и знае да даде и хипотермија. Зависно од организмот.
Да да, затоа пишав за нас. ДК - детска клиника. Е јас не давав блокмакс зашто не качи над 39. И и се спушташе темп со ефералган. Тука добивме други насоки,секако од доктори. Кои важат за нас.
Ние даваме далерон, ако качи над 38 5. Ако е пониска ништо не даваме. Ако и после далерон има 39, даваме блок макс, на 4 саати, со ладење, наизменично со далерон. Еднаш дадовме далерон без тт кога ја болеше уво, додека стигнеме кај специјалист следното утро.
Претпоставував ама викам да не се некој Домаќински муабети Тогаш докторот не знае или е од тие едновремските кои давале антипиретик превентивно. Па децата со имунитет 0.
Јас кога ќе крени тт мојата ја измачувам речиси, не давам ни над 38.5. Само ако почне да качува над 39 давам. Ако пие течности па и тогаш едвај давам. Се случило да крене над 39 и да испоти сама.И тогаш сум врвела без сируп. Тт не треба да се симнува по секоја цена веднаш, таа е пријател на организмот во борбата против вируси .