Моево беше 5 месеци првпат коа го фати. Инаку големата кажува, не плаче. Освен плачење, тегнење, и околу уво фаќање се исто знаци, не сака/не може да цица, вакумот прави притисок во ушето и болка. А на допир на пример, позади уво стисок дури и при болка не реагирале, а во Козле така проверуваат. Само ОРЛ за уво, педијатриве врска немаат, али бар отоскоп имаат.
Што ставате за убод од комарец? Многу е искаскана на грбчето, ставам само течна пудра, се надевам океј е ?
Дали има некој вирус сега? Малата болна ми е давам сирупче Далерон не спушта, ставам чепче ништо од 38.6 на 38.2 кенкава е, крвна слика во ред е докторка вели запчиња веројатно како набабрено е, но ме мисли температурата толку долго вчера цел ден не спушти под 37.7, а и нели од заби не се крева толку висока? Немам памет веќе што да и давам..
Здраво. Малата е 18м денес приметив исцедок на гаќичите, како жотеникаво, ја проверив доле малку е црвенко, мачкав судокрем, матичната денес е само прва смена, а ние утре заминуваме на одмор. Дали имате слично искуство, антибиотик не сме пиеле, од што може да е и што да мачкам. Благодарам.
Бебе скоро 1 недела има запек како тврди топчиња кака.. И многу е кенкав очигледно го мачи мешето и пишав на докторката,чекам одговор. Земав сокче на хипп од слива друго нешто смеам да дадам? Порталакот незнам од колку смее он има 7 месеци.
Пробај преку исхрана. Дај му презреана банана, круша, авокадо, слива, маслиново масло, овесни снегулки, јогурт ако даваш..
Цитрусните овошја се ризични малку, можат да направат пеленски осип. Авокадо и презреана банана најмногу помагаат кај моите.
И тука да пишам... му се појави ова на вратчето на син ми. Два дена давав лешник. Можно ли е реакција од лешник да е ова? На други места нема.