Бебето имаше тт 3 дена предходно, и пратив слики на матичната ама она е на одмор, дали ке ги види.Ке го однесам вечер на дежурен.највеке осип има по нозете, на стомаче малку имал и на грб.Вчера јадел пола жолчка од алергени ама и предходно му давав , прво 1/8 два пати, па 1/4, два пати, па сега ова е трет пат 1/2.И од пред неколку денови почнав и маџун да му давам.тоа е само ново што внесува, Он прележа сипаници на 6 месеци ама уште има лузнички и кога плаче или кога му е топло се вцрвуваат.
Розеола е. Ќе помине после три дена, нема потреба ни од сируп за алергија ни ништо. Вирусот е таков. Три дена температура, три дена осип.
Малку е тоа, не е доволно. 80мг е за 5 кг. Мојава кога беше 9 кг матичниот ми рече 2 чепчиња по 80мг или едно од 150
Извини, сега гледам дека си пишала, траеше 4 дена и висока 38.6 и не спушташе, скроз малку ќе паднеше па пак креваше, после тоа помина. Осипот се јавува од тт. Мојата немаше, а докторката постојано ме прашуваше дали се направило осип кога ја контактирав. Ставав чепчиња, затоа што сируп не сакаше да пие никако, ми го повраќаше. Туширав, расоблакав, чепчиња тоа, орс, водичка повеќе тоа што пие течности битно.
@GIGI69 @Cherry79 @Annath @Kolache na mama @Skyler @Mumoftwo30 Фала на сите што пишавте. Бевме на дежурен на детско прво во Куманово, катастрофа невидена, сестрите запнаа варичела било, викам прележа бебето варичела на 6 месеци, ми викаат па сега по ново има пак некои деца кои имаат варичела по два пати, па им се скарав, реков ај најдете ми бар еден потврден случај каде варичела се добива 2 пати, после тоа 3 пати го боцкаа бебето во глава незнаеја да му наместат инфузија, се откорна од плачење, му дадоа урбазон, вит ц, б комплекс, физиолошки, и после гликоза лендацин, ама втората инфузија не ја исприма 2 пати му се измести, почна да се дува и им реков да ја исклучат и не дадав да го боцкаат по 4 пат. Цела нок има афтершокови детето вреска во спиење и бега од што го истрауматизираа.Направивме крвна слика, само леукоцити малку покачени и црп 15.Докторката од детско ми вика незнам што му е, ке ти дадам упат за инфективна. После отидовме на инфективна само што го виде докторката рече вирусен осип,ни рече нема потреба ништо да прима веке дека за два три дена осипот ке се повлече и дека веќе нема да крева тт. Денес е добар, нема тт, осипот се повлекува.
Леле мајко, леле лендацини, урбазони за ништо, не се нормални. Гушкај бебе да се смири, баш ми е жал ама среќа добар е, ќе заборави.
Ииииии што читам, па има ли таму некој асален доктор. Жал ми е за траумата и на двајцата што ја поминавте, добро е што пиша па и друг да знае ако оди во таа клиника да внимава на третманот. Најбитно е што е добар, да остане така.
Со лесно да мине мајка. Ми се повраќа од нашево здравство. Додека читав таква нервоза и бес ме фати.. Ќе помине, гушкајте се.
Со лесно да врви, многу ми е жал што ве истрауматизирале сите, катастрофа ни е здравството и докторите не се доктори, како не знае што е тоа па триста чуда го изнабоцкале, катастрофа! Гушкај го бебо ќе мине све. Душичка
Додека да одиме на преглед попладне дали може некој да ми каже мислење за резултативе? 10 месеци е бебе. @Annath @Doktor F @Alishan30
Црп е мирно, лимфоцити покачени, веројатно некоја вироза. Нема место за паника, не се страшни резултатите. Лекувај симптоматски и следи го.
Нема ништо освен кога станува малку носето како подзатнато ама му поминува веднаш штом се подрасони.. мислам дека тројки заби вади, потечени му се непцата доле и многу ми плачеше вчера и синоќа па се уплашив да не го боли грло или нешто друго. Го однесив да му земат крв а на преглед дури после 16 часот ќе го носам да го слушнат на слушалка и грло да му видат. Фала ви женски @Annath @Doktor F
Мајки, прв пат се соочувам со настинка на бебе. Во спиење сношти неколку пати се загрцна со кашлање, па предпоставив дан е е шлајмче, од кога е станато само ќива, 2 пати се има накашланп. Исто е како и секој ден во понашање, се смешка, плаче кога и се спие, цица, полни пелени ама сега пред пола саат ми текна цуцла да пробаѓ да даам оти прстот го цуцаше, дали од тоа и се надкрена или нешто е настината не знам.. поврати преемногу количински, првото дете ми имаше рефлукс и ми беше нормално ама ова не ни блуцка затпа ми е чудно. Иставив 2-3 мрсулчиња лепливи кога ќивна и толку. Прашање, дали доколку имаат шлајм природно преку повраќање го иставаат? Аах и да, од 8 сабајле до сега е само еднаш преспано 40 мин, еве сега заспа, се надевам повеќе.. км км имам изодено низ стан џабе, се надевам ќе тера. Прпа ми е да и извадам со физиолошки мрсулчиња
Моето настина негде само што направи месец, најголем проблем беше носето. Го чистевме најпрво со солен раствор, две три капки и фрида носко ама мака измачивме дур да и ги извадиме. Го земавме после некој ден мачење Носко со помош на правосмукалка и не спаси, бебуш мирно си спиеше, чистење три пати на ден според насоки на педијатар и плус витамин ц. За четири дена и помина настинката. И колку што прочитав може да го исфрлат шкајмот и преку какање.
За големава знам кога ќе настине и има шлајм, ставам чепчиња и го кака, предпоставив затоа дека бебињата може или повраќаат или какаат природно без чепчиња, ете се искака преска имаше лигаво, валда е тоа. Носко ќе го нарачам одма, а утре ја носам на доктое да ги го исчистат со физиолошки, сама да и стиснам цело шишенце не можам. Фала ти.
Ако имаш солен раствор стави и неколку капки, ќе ја натера тоа да кивне, колку толку ќе продише. Ноското чуда вади од носето, на амазон има и скроз електрични без да ја користиш правосмукалката и се попрактични.
Јас ставам со шприц, 0.3мл по ноздра, после влечам. Оти страв или да не можеш, секунда работа е. Моево сега и прета, мрда, па пак давам. Што да правам, не можам да чекам, и двајцата се исти, кога ќе се затнат во носовите не можат да дишат.
Шо знам, на Нина доктор и го исчисти така, ја преврти надолу и се истече и ми рече дома сама немој, од тогаш имам страв. А знам луѓе со многу течност им прскаат и ништо не им е.. еве ја носам на доктор, после 12 саати око не склопено покажа знаци на јака кашлица