Zdravo makicki. Nie sme na odmor vekje 3 ti den. Vcera na sin mi pocna da mu tece noseto i tem 37,5. Nekoj sovet sto mozam da napravam od tuka bidejkji ne sum vo mk. Vaka si e raspolozen
Не не, така и јас не можам, ставам физиолошки од такво за инфузија боцичка и влечам, чистам нос редовно зошто не дише иначе.
Те читав мислам дека примате додатно железо, така? Да не е од тоа? Кај мене имаше зелена после ротата.
На АД е? Прима нешто за железо плус? Ако да, од тоа може да е Ќерка додека беше на Бебелан имаше константно темно зелена кака
Да му давам за железо Сидерал. Ама овие два дена не му дадов намерно за да видам со запекот како ке биде,а он пак се искака зелено. Сега па читав дека може од што бута нонстоп раце во уста да закачат некоја инфекција што не е опасна и било нормално кај бебиња од 4-6месеци и траело 10-20 дена и ради тоа може зелени каки да имаат да не сме се секирале. Може и тоа да е пошто мојов нонстоп рацете во уста цели тупаници сака да става. А иначе од ротата коа ја прими од тогаш му се смени се со столицата,а до тогаш супер си беше… Да на АД е,Аптамил му давам веке месец дена ама добро си беше се ова сега почна со зелената кака што знам..
Бебе имаше 3 дена температура. Веќе нема. Ама денес ни се појави ова. По лице има најмногу. На стомак и грб има. На раце и нози не. Од што може да е?
Здраво.. ние сме два ипол месеци и имаме некој проблем за кој ни велат дека е нормално. Постојано во спиење ќерка ми како да се дави и се враќа од желудникот и и доаѓа да поврати почнува да се грчи и се буди понекогаш ке поврати некогаш не. Со маж ми не знаеме што да правиме дежураме цел вечер до неа. Додека спие мораме да ја креваме за да се смири. Некој совет дали имате или некој со ваков проблем
Купете антирефлукс душече или под душекот на креветчето од страната на главчето ставете свиткани крпи за да го држи подигнат под агол од 45°. Нормално е да имаат рефлукс (да им се враќа млекото), ама тоа не значи дека не може да е опасно. Ти го разбирам стравот и ние го поминавме истото.
А каде можеме да најдеме такво душече? Ги гледав косите перници за бебиња што се но на ниту една аголот не е 45 сите се многу пониски
Доволен е тој агол што го имаат перниците, инаку па ќе ти се тркала. Кај нас помагаше ждригнување после јадење и држење во раце 15 минути пред да ја спуштиме да спие. Мачно е особено навечер ама помага. Како расте се подобро ми личи дека станува состојбата со рефлуксот и се пократко ја држам пред да ја легнам. Инаку скоро 3 месеци е. Би требало скроз да се намалува кога ќе почне со немлечна дохрана здравје за некој месец.
Ама не ти треба агол под 45, тоа е многу голем агол, никој не спие така. Бебе толку мало и не треба да спие така, скоро седнато. За внука ми ние го кренавме креветчето, на едната страна од ногарки ставивме книги да е подигнато и со тек на време престана да повраќа. После доење/хранење подигнато пола сата да седи, ако пие ад да пие антирефлукс и се средува.
Ние подигнавме на повисоки јастуци под агол не многу високо ама пак продолжи давењето во спиење. Таа не повраќа во спиење туку најверојатно не знае да поврати и од тоа почнува да се дави и се буди.. ке пробаме со косиот јастук што го има тогаш
Ние имавме вакво душече, од енци менци го зедовме Со појасот нема да шета, а со перничето ќе можеш да го вртиш на страна ноќе, за и да поврати да не може да се дави. @AngelOfArh нема да е седнато под агол од 45° ако душекот цел е накосен, а не на средина. И во плодност така ги легнуваа бебињата и таков совет добив од педијатарот.
Тоа викам и јас де, да е цел душек не само од половина нагоре. Така и јас го кренав цел кревет, превентивно. И твоево не е под 45, тоа е мал агол, дали има 30 степени, сосема е ок.
Ова е со помал агол, а доколку се подига душекот од креветчето се подига под агол од 45°, оти душекот е 120цм долг и сигурно бебе нема да лежи по цела должина.
Исти бевме, ќе спие и одеднаш како да се гуши и испушта некои крици..со сопругот без памет бевме, башка и прво бебе..ние пошто бевме на формула ни дадоа антирефлукс млеко, и обавезно на поткренато да спие..ние имаме таква подлога под агол е и баш беше добра...после 4 месец почна да се средува враќањето полека, и откако почнавме со цврста храна еве веќе 9 месеци,ретко ретко пак знае да му се врати, ама ретко...Почнав да му го намалувам и АР млекото веќе..ви ја разбирам грижата потполно ама само трпение ќе помине..