Како рече аденовирус, направивте пнеумослајд? Изгледа се што не знаат што е го крстат аденовирус. Аденовирус не поминува за одма. Епа не е исто, осипот е од висока тт, не од вирусот.
Аденовирус не се детектира на кс. Нема везе, не е дека е утната терапијата, таа е ко за секој вирус, витамини, хидрирање, парацетамол за тт и инхалации по потреба.
Па така и јас ја лечев дома ама 5 дена имаше тт и на крај ја боцна дексазон. Мене ме чуди што и после 5 дена немаше ништо на кс
5 дена по ред го боцкаа и не знаеа што му е. Се додека вчера не го однесов во Систина па да ги направат сите испитувања и да кажат што му е.
Мојот секоја пролет без исклучок, 3м кашла после аденовирус. Прво качува тт, 3 дена е малаксан, после 3м кашла суво и тешко. Последно ублажував кашлица со оној исландски лишај, зошто беше неподносливо, иначе ништо не помага.
Дексазонот е лек за брзо дејство, веднаш делува, затоа го даваат веднаш при алергии, кашлица, акутни состојби. Тоа е кортико и не е воопшто наивен лек, ама делотворен. Исто и урбазонот. Ако не се смирува состојбата нормално дека ќе боцкаат дексазон. Најчесто после дексазон веднаш престануваат симптомите и после јачаш имунитет само.
Здраво на сите. Можеби било претходно прашано но јас сум нова. Педијатарот ни препорача чај од ловор и кромид, против секрет во грло. Дали можеби некој правел/купил? Ме интересира сразмер на состојките бидејќи се работи за 11 месечно бебе. Благодарам.
Мајка после колку дена од вирусот почна да кашла и секрет ? Мојов од вчера вечер , значи од 8 ден од вирусот. Вади густ секрет, повраќа дека му се слева надоле и ќе го исповрати. Е сега не знам кашлањето дали е од секретот или си кашла.
Не ми текнува, ама така нешто беше, после 1 недела. Сега чекај кашлица 3м да ве влече. Ништо бе помага.
Пролив се смета повеќе пати у саат какање? Мојава од синоќа до сега е се на се 5 пати, односно после јадење ќе му дојде, да кака течно. Купив електролити и линекс пробиотик и докторот ми рече тоа е тоа преку тел. Дали некое вирусче е незнам вчера од Охрид се вративме 10++ месеци
Искуство со зелено какање а не е настинат не е ни гладен,можно ли е од млекото да е? На ад е,само ноќе цица два пати. Да сменам друга марка млеко си викам
Мојава какаше зелено додека почнавме да воведуваме цврста храна, сега е шаренолико. Никој не ни кажа зошто, како, одговорот беше напредува по книга, нема ништо. Можеш да пробаш да смениш млеко, ама за секое ново млеко да го навикне му требаат барем 2 недели на организмот, така ми кажаа педијатрите, колку е точно, не знам,ние си менувавме почесто варијантите на Новалак, ама друг бренд откако почнавме со него не сме смениле.
@АнаМаријаД Исто и кај нас, на почеток кога беше комбинирано беше жолто-зеленикава. Кога скроз го префрлив на ад секоја столица беше зелена. Не бил ни гладен, ни настинат. Кога почнавме со цврста храна почнаа да се мењаат боите. На Аптамил е моето.