Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.571
    Допаѓања:
    108.782
    Пол:
    Женски
    Може и од водата да е. Види состав со водата што ја правиш да не е високоминерална.
     
  2. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.018
    Пол:
    Женски
    Земав и Аптамил, и од тоа повраќа. Веќе незнам што може да е.
    Можно е од сите млека да повраќа? Или сепак е промена или евентуално водата
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.571
    Допаѓања:
    108.782
    Пол:
    Женски
    Спореди ја водата и земи на Хип вода од аптека.
     
  4. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.018
    Пол:
    Женски
    Фала Мајка...сменив вода,давав електролити,пиеше пак Аптамил ,за сега е океј. ...се надевам вака ке биде,дај боже....
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.088
    Допаѓања:
    25.831
    Пол:
    Женски
    Со Ад немам искуство ама со повраќање после лет и те како, на два пати и тоа по итни бев, пребледуваше од повраќање, и Искра и овие тука ми рекоа дека е од летот, промена на клима и преголема висина знаеле да доведет до тоа,дури и ја стискаа за уши да не има од летот болка ама немаше, е сега за Ад не знам дали тоа има врска
     
  6. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.018
    Пол:
    Женски
    Веројатно е од климата и летот....се измачивме....:sweat:;(
     
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.382
    Допаѓања:
    18.621
    Мајки ние завршивме на детска.
    Денес при цицање ,на 3 подои се засркнуваше и кашлаше. Првиот пат малку омалакса и се мачеше да се искашла. Следните два пати исто се мачеше да се искашла,кашлаше и при спиење. Додека спиеше имаше како пена на устичката. Потоа беше третиот подој, се одмолзав ,се навалив и му дадов да цица. Пак се закашла, по некое време обилно поврати и дојдовме тука. Завчера исто така обилно поврати дури и низ нос.
    Го слушаа на гради е добар,земаа крв за анализи.
    Сестрата вика лаком е затоа кашла.
    До сега никакви проблеми со доењето,успешно си цицаше, 1400г е поправен од раѓање (денес има 5 недели и 2 дена).
    Цел ден е поспан,гласчето му се стиши сеуште диши како да му смета нешто.

    Дали се работи за некоја настинка, искуство некој?
     
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.088
    Допаѓања:
    25.831
    Пол:
    Женски
    Моево се закашлува нон стоп на подој, а богами и вака од плунка, абе очите мислам го ококорува од напрегање, едно 20 пати на ден сигурно .
    Обилно ми има повратено исто од напрегање, така да мислам дека тоа е кај вас, тоа големава повраќа пд напрегање, не па бебе.
    Е сега, ако е многу поспано ( не секогаш е причина настинка, пред скок знаат да се успијат) ,плачливо кога е будно, така како омалаксано да делува можеби е настинка, а да му смета нешто може во носето има мрсулче, како повратило и низ нос може му се закоравило малце внатре и ми смета, земи физиолошки и прсни.
    Најбитно е да цица ако е настинка.
     
    На Sofi.ja и Alishan30 им се допаѓа ова.
  9. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.076
    Допаѓања:
    119.151
    Пол:
    Женски
    Исто се засркнувА и моето бебенце. Но потчукнувам, исправам, нормализира дишење и продолжува. На секој подој се засркнува, лакома е, тече повеќе млеко а не голтнала на време.
    Не се плаши, не би требало да е нешто лошо.
    За поспаност, ќе имаат различни денови.
    Јас мн не се загрижувам бидејќи знае да плачи 4 часа од грчевите, потоа 4 часа да не се помрдне и да спие.
    Форсирај да цица кога е поспано.
    Ќе кажеш како се рез,но мислам во ред ќе бидете:hug:
     
    На Sofi.ja и IRBBB им се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.382
    Допаѓања:
    18.621
    Нема инфект ,ок е крвната слика
    Ме загрижи што кашлањето продолжи и после доење, еве цело попладне.
    Сеуште се закашлува,како да не може убаво воздух да земе
     
  11. Rosa123

    Rosa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    27
    Мајки колку треба да е обемот на главата на 12 месеци? Малце сум загрижена нашиот обем е 49цм што педијатарот кажа дека самото бебе си е поголемо и во тежина и висина и дека нема потреба за грижи но да се следи… Некоја со вакво искуство?
     
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    44.9 цм според Гугл. Сигурно има отстапки како и за сите мерки според генетика и раст.
     
  13. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    68.133
    Пол:
    Женски
    Мислам дека немаш причина за загриженост. Битно е бебето да е пропорционално (висина, тежина и обем на глава). Доколку главата е поголема во однос на телото, педијатар не би го игнорирал тоа.
     
  14. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно, само ќе треба поголеми капчиња да купуваш :D
    Моето поголемо дете е со поголем обем на глава од старт, уште во стомак. На 6 месеци кога сакав да му купам капче новогодишно заедно со боди, го сечев позади за да му влезе главата. Капчиња за новороденчиња сите му беа мали.
    Секогаш носи поголем број од возраста. До 2 години носеше капче за 3-4 години. Сега баш му купував за летово, капата е 4-6, а тој има 3 години и само малку му е големка.
    Не е со прекумерна тежина, не е превисок. Главчето не се ни познава дека е големко, не изгледа нескладно во однос на телото. Тоа е, генетика.
    Ниеден педијатар не беше загрижен за ова, но секако на контрола го мереа.
     
  15. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Ме фати некоја паника, не знам како да објаснам убаво, ама ај ќе прашам тука. Пред некој ден го забележав бебево дека има крв баш на ушната школка. Помислив дека се изгребала во нервоза, ама еве ја следам неколку дена и гледам дека има ситни капиларчиња на ушната школка и како од тие да крвари, на двете ушиња, затоа се посомневав дека не се гребаници. Од што може да биде и што да преземам додека не види доктор?
     
  16. pineapple93

    pineapple93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2019
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Мајки во молам за совет од поискусните мајки, бебчето следен петок ми полни 1 годинка фативме вирус ни дадоа само инхалации со corair меѓутоа никако да инхалираме хорор сме бебе пишти вришти катастрофа и кашла пре пре премногу некој друг совет да споделите шо да направам како да му олеснам, нешто по природен пат ако не?
     
  17. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    3.466
    Пол:
    Женски
    Банана и мед за кашлица и Рупафин сируп (ако е затнато па да му смета)
    -Рупафинот мене ми го дадоа кога видоа дека инхалација нема шанси
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.571
    Допаѓања:
    108.782
    Пол:
    Женски
    Абе капилари им се познаваат, да, ама и се гребат. Моето кога му се спие чеша уши, бута раце, лом се праи, редовно е со крвче на ушите.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    12.686
    Пол:
    Женски
    Јас па не сум обрнала внимание на тоа, сега те прочитав и проверив во картонот денеска што бевме, на 10 месеци му е 47цм. Нит изгледа поголема, нит нескладна, баш како дечко изгледа. А и докторката ништо не рече, само си запиша. Сигурно немаш причина за грижа.
     
  20. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Фала, јас Миле паника, да си прашам. Госпожа со крв по уши, брат и меѓу очи, секој ден нови гребаници, ко у војна да ги праќам, а не на спиење.