Матичната на големото ништо не мереше. Оваа сега што ги води, на секоја контрола мери обем. Е сега јас не носам секој месец туку на два зошто не гледам потреба да го малтретирам и дртето секој месец.
И меѓу очи и во уши и покрај/во нос... Обем на глава, фонтанела, должина и тежина, едни од најважните мерки со граден кош проверка. Моиве дури и невролошки тестови им прават сега по ново, им тропаат, рефлекси, поглед следат, се пратат и се запишуваат. И памтат а имаат илјадници деца, ама памтат се.
Знам се тоа прави и нашата,проверува и рефлекси на раце,нозе, гледа тестиси,куре. Но обем на глава никогаш не измерила.
Во Англија можеш со провриена од чешма да спремаш, јас правев така два месеци и со Аптемил. Немаше никаков проблем.
Од што може да му се прават вака пликчиња околу вратчето? Го мачкам со судо крем поминува. Да не треба некоја друга крема да земам? Месец ипол има.
Сабајле кога станав си ја бацив бебка во обравче и после на огледало гледам црвенило на усната долна ко херпес да ќе излезе. Да се секирам ?
Утрово забележав нешто на увцето мислев дека не сме го исплакнале убаво. Го избришав со памукче,сега по некое време го забележав ова,жолт исцедок. Дали е за на лекар и што можам да преземам? Кога го правевме ушниот преглед ми кажаа дека има повеќе ушна маст во ова увце,но не беше проблем.
Јас мислам додека е жолта е во ред, може спиел на таа страна и си искочила маста сама. Ако е бела тогаш е проблем.
Сестра ми така си ги чисти ушите, си става хидроген и лежи на увото, се истекува. Вие ако сте го бањале, влегло може вода и се исчистило увото. Моја претпоставка.