Исто мислев и јас, ама при висока тт се практикува овој протокол. За тт до 39 и јас не давам вака, давам само при тт, ама на 40 тт давам, среќа па само еднаш досега сме имале потреба. Докторот на клиника рече дека така се штити од грчеви при нагли промени на тт. Значи не за рандом тт, за упорна долга и висока тт. Јас не давам сируп до 38.5 секако.
Мене матичната ме искара оти така сум го мачела детето. Инаку и јас така правев, ама последниот пат резултираше со главоболка кај малово, која траеше цела недела откако оздраве. Сум го истоштила организмот на детето наместо да направам подобро. Не секогаш треба да се мачи без антипиретик.
Јас се водам по неговата состојба. Ако е свеж, пие течности, го оставам. Ако гледам дека се мачи и Т оди нагоре давам антипиретик.
Ама така де. И јас истото го правам. Сепак, што дека беше весел и лесно ја поднесуваше температурата, после секој ден се жалеше на главоболки.
Температурава и мене многу ми мати памет. Моево до последниот пат кога и да кренеше тт беше малаксан, спиеше по цел ден, за никаде, последниов пат тт со стомачен на нога и од игра ги помина. Тогаш не давав ништо за тт, ради повраќањето и проливот да не дораздразниме желудниче.
А не ви е страв да не симнувате кога качуваат над 38? Еве моево поголемово воопшто не може да поднесе од мал е такво и такво остана, главата го боли, малаксан е и морам да реагирам. Башка стравот од грчеви, ај тој е голем но јас имам голем страв од температура а и дежурен педијатар на детско баш кажуваше дека многу родители ги мачат така децата и на крај едвај ги враќаат во форма со инфузии заради дехидрираност.
Ти си го познаваш детето. Ете мојот викендот беше со некоја Т до 38. Не дадов ништо. Ама пиеше стално вода, а не е кој пијач ама го тераше на вода. Па не се плашев, весел си беше, ќе ставеше по нешто во уста. Кога го заспивав ќе се испотеше и паѓаше сама. Така два дена.
И што ако се чека така до 39 и после не паѓа туку оди на горе? На блиски пријатели наши девојчето им доби менингит и во каква содтојба е денес на 30 г не сакам да коментирам. Татко ми го носеше на доктор во друг град и баш поради мн чекање и обидување да се симне т со туширање и алкохол дошло до тоа. Нема зафрканција со висока т. Како што не сум за неоправдано давање под 38, 5, не сум ни да се чека над 39. За се мерата е најдобра. Да се има време да се реагира ако не дај боже ситуацијата ескалира. Па и крај краева зошто толку да се мачи и исцрпува дете.
Да,јас го знам и знам како реагира.Значи тој ни пие ни јаде и мора да реагирам. Такво е не поднесува темпераура,малаксува и само спие и ако не спуштам наеднаш качува многу. Сепак секој за своето дете најубаво си знае. Потполно се согласувам. Дете на другарка доби грчеви од 38тт. Фала боги навреме реагираа и ок е, ама снимаа мозоче испитуваа од страв. Да децата се борци и повеќе трпат но нас е да процениме колку можат да издржат.
Не мора да значи дека од висока темпертура ќе има грчеви. И од нагло симнување може да има. Освен тоа битна е и фамислијарната анамнеза. Постаршно е ако има грчеви без последица на температура. Како и да е, мора после такви грчеви да се испита мозокот, да се види дали се епи напади и да се превенира. Во семејство имавме грчеви од слабокрвност. Од сешто може да бидат. Па на испитувања 2 пати годишно иако ги снема и на 7 и 14 години пак. Само Господ да ни чува деца, оти не знаеме кој каков ген си носи, некои сме посилни, некои сме послаби
Гледам за тт зборите. Јас кога сум имала 6 месеци сме биле 1 недела во болница поради грчеви. Затоа сега гледам тт 38,5 одма чепче, не се мислам воопшто. Одма смирува, заспива, поти, се лади. Ново дете.
Ајде ХЕЛП.... На гости веќе 5 дена ми беше детенце од 4 г. кое сабајле се разбуди со варичела. Моето бебе е 48 дена и сум цела во страв да не префатило и тоа. Некој совет, искуства?
Ако имаш прележано и го доиш, најверојатно нема да префати. Нема што да направиш ако бебето било во контакт со детето, пошто претходниве денови било заразно, и уште ќе биде, додека не избијат брунките и целосно не се исушат. Следи ситуација, за две недели ќе видиш дали префатило бебето.
Да јас ги имам прележано и го дојам... Ептен е многу малечко ми е страв да не се искомплицира нешто ама што е тука е. За две недели ќе знам
Majki mi treba pomos Da mi kazete sto da mu davam na moeto bebence ima 9 meseci i e so zaslabena krvna slika ima terapija so LEGOFER I C vitamin prima vekje 2-3. Nedeli ama pak e slaba krvta?
На истата возраст внучето од јатрва ми фати од братчето иако од избивање веднаш ги одвоија. Исто доено и мајката има прележано. Ама поминаа добро, едино што му останаа ожиљчиња кои верувам ќе ги снема бидејќи е мало и ќе се измазни кожичето. Нит тт качи, нит се чешаше бидејќи беше мало и не разбира ништо, ниту пак нервозно беше, само на цице и немаш гајле.