Може да ми кажете што значи ова 2 х 0.5 ? Дали два пати во денот да инхалирам по 0,5 мл со 2 мл раствор? или 2 х 0,5 =1 мл со 2 мл раствор ? Дома сите кашламе прво ќерками па јас сега и бебуш. добар е уште нема нишо на градите ама кашла и затнат е . крвната е добра. ама скроз испаничена кај докторката заборавив да прашам што значи точно . мислам рече два пати во денот да се инхалира бебето.
2 пати да инхалираш 0,5 кортаир и 2 мл физиолошки раствор , со лесно нека му минува на бебуш Обично кога даваат по два пати на ден инхалации сабајле и навечер се инхалира
значи точно сум разбрала хахах. испаничена ептен бев . со ќерками вакви маки немав инхалации и сл. Фала ти многу се надевам ќе помине за брзо. сите бебчиња и дечиња да се здрави
И кај нас го пишуваше истото само ние се инхалиравме со 0,5 кортаир и 1мл физиолошки. Ќе помине ќе помине од кортаирот ќе се смири кашлицата ние многу полошо бевме па се оправивме Само заборавив да ти спомнам значи една ампула ја користиш еден ден на пример ја отвараш сабајле инхалираш со истата навечер и што останува го фрлаш другиот ден нова ампула отвараш
а во фрижидер да ја чувам треба? уште ова да прашам - во ова треба да иде иглата и таму да стои цело време и во кое дупче треба да ја буцнам? мало или големо?
Да јас во фрижидер ја чувам и ампулата и физиолошкиот мојот физиолошки е ваков и шприцот го оставам внатре еве кај имам боцнато јас.
Бебуш денес полни 1 месец. Во неделата качи температура и отидовме во болница. Резултатите покажаа уринарна инфекција, но урино културата излезе дури денес. Има ешерихија, но резистентна на Линдацин, а во болница веднаш почнаа да го лечат со линдацин. Бебето веднаш од понеделникот се подобри и нема температура, но секако ќе продолжи да прима антибиотик. Дали сте имале вакво искуство. Затоа се нервирам што немаме лаборатории на време, како се излекува со антибиотик што не делува?
Нема побрзо резултат од уринокултура освен после 2 дена, така да сосема се на време. Не знам зошто е резз на лендацин кога тој е најдобар за е.коли. Како ја ставаат?
Мајки за малаксано бебе со повраќање и температура каде? Козле или клиника? Бевме кај матична ама не се оправа. Ве молам за одговор
Ако нема кашлица растечено носе тогаш клиника.. Зашто Козле за респираторни болести е со лесно нека минува . Мада и мојот немаше кашлица температура имаше,намален апетит и омалаксаност ама повраќање не и кај нас испадна акутен трахеит
Фала мајка, бевме на клиника најверојатно е некој вирус или стомачен вирус или којзнае, многу повраќаше одсабајле и омалаксан, после качи температура. Сега е малце подобар па ќе видиме како ќе биде до утре..
Му ја ставаа како инекција. Бебето си е веќе супер и на сите им беше чудно што така излезе урино културата
Ако почнале со атб пред уринокултура, не знам, инаку за овие инфекции најдобар лек е. Само како издржало сирото бебенце, многу болат лендацинот, се ставаат венски во болус, малку физиолошки и со систем. Јас досега имам 2 пати примано во болнички услови и 1 амбулантски, што и ретко кој се нафаќа да боцка Лендацин.
Му ги ставаа во газето како инекции директно.. ќе ја повториме урино културата секако можеби е нешто грешка..
Да ве прашам, дали имал некој искуство со сипаници кај новороденче, 4 недели е нема сеуште, ама има дечиња во градинката што имаат и се пренесуваат брзо, моментално синко (големиот) не оди во градинка заради бебево, планирав од октомври да го пуштам, тогаш месец и пол ќе биди бебе. Ама со сипанициве мн ми е страв за бебево
Бебе е со затнато носе. Вчера вечер не спиеше убаво ич, се мачеше, му се слеваше. Сакам да го инфхалирам но ми е страв да не го раскашавам секретот повеќе и да му се симне на плуќа? 6 месеци има. Немам како да контактирма педијатар. Влечам со носко но слабо искача секрет, горе му е изгледа. Дајте памет како да му помогнам да му олесни за спиење..