Да не му пречат на бебето пелените и затоа осипот да не не се повлекува. Со што бришеш дали со марамици или туфери. Земи туфери со вода и така чисти газе и после убаво исуши најубаво одреден период да го оставиш бебе без пелена да дише кожата. На мојот осип од виолета влажни му се имаат направено со 99% вода и сите други нивни освен котон оил само тие му пријаат. И од слипи пелени и после оставив да дише кожа и мачкав така се оправи.
@Brpbrp немаме сменето ни влажни ни пелени од раѓање, никогаш немаше проблем, ова мислам се појави најмногу од антибиотикот иако давав пробиотик цело време. Ја оставам без пелена и не користам влажни, ја мијам со вода, таман ќе се повлечи малку па пак како лушпи се прават, после се црвени и мислам дека ја чешаат.
Нала, подобри сте? И ние сме исти. Од нас префати некоја мутава настинка што и мене и маж ми не држеше 10тина дена. Ма и повеќе. Бебево е две три ноќи неасално спиено. Ќе консултирам педијатар, па ќе споделам.
Не е најсјано. Расположението му се врати, 2 ноќи не спиеше од носот. Уште влечам со носко и за разлика од тогаш сега искача густ секрет. Кога цица баш му крчи носот, мене ме нервира. Дневните дремки се ужас, може од носот, може од 5-ти скок, пред громчето сме. Му пишав на педијатарот, на одмор бил. Не е нешто алармантно па не го однесов, ако не помине за ден два ќе го носам на замената. Од вчера мене носот ми тече, грлото ми е безвезе, како да боли но не многу, немам ни вкус баш некој, денес и немам сила, дали сум преморена дали од настинка не знам. Бебе вечер врзува најмногу по 2 саати. Тоа трае подолг период. Со помина на бебе, пиши што ви рекоа.
Девојки здраво. Ми запишаа на 13.09 втора доза рота + уште едната ама беби кашла и и се слева шлајм. Педијатарот ми е на одмор, па сакам да прашам дали може да се одложи и за колку време? Знам дека ротата мораше да се прими во одреден рок.
Имаме 10 месеци, Деновиве е малку поднастинат , денес пролив два пати. Му дадов пробиотик, нешто друго што му давате на вашите? ОРС можеби?
ОРС сум давала при малаксаност, температура, повраќање. Само за настинка не. Може му застудело затоа да има пролив. Доволно е пробиотик.
Правевме брисеви, изолирана е стафилокока ауреус во носот. А бебето нема никакви симптоми нити е затната ни мрсули ни ништо. Имате ли искуство со ова?
Имаше и моето бебе на 7 месеци, најчесто од возрасни се пренесува. Ништо не му препишаа, нема ни потреба штом нема симптоми.
Ја имаше и моето на брисеви и тоа немаше ни еден месец. Исто не е третирана зотшо беше без симптоми, а еве го 8 месеци направи. Ние случајно правевме зошто имаше конјуктивит, па напрвивме комплет тогаш.
Денес приметив осип кај бебе изминативе денови беше со тт.. Може да е алергија на нешто? Немаме ништо ново внесено и пишав на докторката негова чекам да ми врати.
Мене ми личи на розеола. Таков е вирусот неколку дена температура, неколку дена осип кој сам се повлекува. Не чеша и не се третира никако, поминува сам
Zdravo, bevme na vtor pregled na ortoped na 5 meseci i ni kaza deka ima harrison sulcus,harisonova brazda poradi deficit na d3 dali nekoj ima iskustvo?
Здраво мајки, бебе крена 37.6 пред спиење, не и дадов сируп, ја легнав зошто веќе време беше за спиење. Давате сируп на оваа температура пред спиење?