Не. Мери почесто, расоблечено нека е. До 38.5 не би давала. Евентуално ако се разбуди па е малаксано, ќе приметиш. Ама 37.6 е мала тт за сируп. Јас на 38.3 имам дадено ама клапната беше ептен
Туширање без главчето со млака вода, јас имам ставано сенф на стапалца исто кога не симнуваше ни од сируп, расоблечено, често проветрување и тоа. Не памтам за стапалата, ги мешам цело време искрено. Да не те лажам
Му дадов сируп ама дел и ми исплука, и сега од кај да знам што доза иам дадено. Разблажив оцет и вода и натопив чорапчиња. Лепенки да земам?
Ладни раце и нозе значи дека ќе крева уште температура. Кога се топли може чорапчиња со оцет или масажа со алкохол и вода (сооднос 50:50), туширање со млака вода (без главчето). Со помин
Јас му ставив чорапчиња и на ладни ноџиња... Крена 38.5,дадов ефералган во 7 ама и ми исплука дел. Битно сега му е намалена. Ако качи пак, да давам Блокмакс во 11? Прва тт е, ако глупости прашувам тоа е зашто не знам...
Не се глупости мајка, не се секирај. Чорапчиња ставај на топли ноџиња за да симне температура. Можеш после 4 часа од Ефералган да дадеш Блокмакс. Кај ќерка ми најбрзо сум симнувала со масажа со алкохол (ја мачкам на стапалца, грб, стомак, под пазуви…).
Чист алкохол или 50-50? И која доза за 13м и 12.5кг?2.5 или 5,не го разбирам упатството.... Фала многу!
Мајки бебето пред пола саат ми се исповрака многу слајмови.зајде од плачење незнаев што му е,3 ипол месеци е,се смири му дадов да цица и заспа.затнат му е носот но ништо не испадна при чистење дежурен лекар кај нас нема освен на брза помош,да го носам или?
Алкохол измешан со вода 50-50, не чист. Блокмакс се дава според килажа, не по возраст, не сум сигурна за да ти кажам, најдобро да прашаш педијатар. Ќерка ми е скоро 11кг, педијатар ми има кажано по 4мл.
Фала многу. Пошто педијатар не одговара, а освен тт не гледам друго за да идеме на дежурен, да се осигурам дека добро разбрав, на 4 часа наизменично комбинирам ефералган и блокмакс? Пример : 19h ефералган, 23h блокмакс, 3h ефералган, 7h блокмакс?
Да така ги комбинираш кога не спушта температура и брзо качува. Ако нема висока температура не даваш ништо или ако качува на подолги интервали пр. 6часа тогаш продолжуваш со ефералган, нема потреба од комбинирање.
@Bebence29 Јас би го носела. @Freckles. Колку најмногу качува и колку време издржува со нормална температура?
Со бесконтактен 38.5, дигитален 38.3 и дадов ефералган. Тоа беше во 7. Му се спушти и добар беше, ама пред пола сат пак почна да качува. 37.5-37.8 Го расоблеков, па ќе го туширам. Ако не помага ефералган да дадам?
А зошто не го заспиеш? Јас не би туширала сега касно, свежичко е веќе да не му застуди и да почне да качува. Заспиј го, сигурно ти од стрес нема да заспиеш и ќе го следиш. На следното качување над 38,5 дај парацетамол и легни си со него да се одмориш. Штом качува на повеќе од 3-4 саати стави аларм за толку време да го провериш, ако си има мака ќе те разбуди. Ако му се ладни сега рацете и нозете облечи го, ќе го расоблечеш кога ќе се стопли. До 38 немаш потреба ништо да правиш, нека се бори малку сам.
Немој да го тушираш ако му се ладни екстремитети. Значи дека уште ќе качува. Се лади кога ќе се стоплат нозете и тогаш се тушира. Сопругот еднаш го истушира на 37,5 и го стресе уште повеќе, па матичен после ми објасни. После тоа не сум ладела на висока температура освен сируп.
го однесов јас и многу убав одговор добив нема ништо сабајле носи го на матичен;нема тт,крвната слика му е чиста ама цела вечер хрчи