Дали е можно од запче да крени температура?Вчера ми крена до 37.5.Никакви други симптоми.Од тогаш не крена....Цели непца се потечени и ја мачат....5ипол месеци е
И мене ми дадоа Амоксиклав во Козле и рекоа дека нема да падне одма тт, најмалку уште 2 дена ќе има. Како се олади вечерта од парацетамолот така не качи веќе а јас глупача без кс дадов атб, ама се извадив од памет, 39.8 тт, гори, урла, вика, плаче а бебе од 5м. Од тогаш ако не е респираторен проблем не одам во Козле, пошто за 3 дена 2 погрешни дијагнози добив од Козле.
Зарем без кс ве прегледуваат и даваат терапија? Неколку пати одиме последнава година и без кс не не ни пуштаат кај доктор. Ама да напоменам дека ние исклучиво за респираторни одиме таму. Да не ме сфатиш погрешно, знам кој стрес ти беше со дијагноза менингит, само ме чуди зошто моето искуство е поинакво.
И мене ме чудеше, она даде амоксиклав и викам а да направам кс, ми рече Мајка на оваа тт тебе до кс ли ти дојде? Затоа од сеа натака само за респираторни таму, ако мислам дека не е за таму не го носам. Тоа беше скроз џабе даден атб според мене.
Нас прво ни рекоа кс да направиме па да се вратиме за преглед му беа покачени леукоцитите,неутрофили,лимфоцити и базофили и докторката рече според оваа кс мора да се почне со атб.
Да така и ми рекоа од педијатар, се јавив сабајле, дали да ја носам или не. Пошто реално у сезона со вируси, поризично ми е да не закачи нешто, не би ја носела по секоја цена. Исто ми кажаа дека рекално 37,7 не е висока температура и дека може и било топло или била нервозна. Што и беше, а и башка пред бањање и ја топлам просторијата со греалка детска, вајда премногу и дошло. Цела ноќ ја следев, не качи пак, и од сабајле си е баш нормална, си пие, мочка, кака, игра, кара. Еве нека стои и за други помалку искусни мајки, да не паничат ко јас.
Денес му се појави осип на бебе ама не е мазен како розеолата што беше него ова се како ранички и пишав на докторката негова и сеуште чекам одгово,со тт е прима Амоксиклав. Напред мазно е ама на рачињата и на брадата како ранички се.
И ние сме со истиот осип од вчера, завчера и спадна температурата и вчера е вака исто се нафрла. Докторот рече дека е егзантема и не се третира од вирусот е и за два три дена поминува, кај нас веќе малку од малку избледуваат веќе. И ќере пие алмацин па си помислив пд него дане е ама она од Понеделникот го пие веќе. Едит: и проливче имаше еден ден
Кај нас сепак испадна алергиска реакција го боцнаа Урбазон и му дадоа сируп Летизен во Козле.. Бели дробови поострено везикуларно дишење и сега плус инхалации со дексаметазон и атб Трицеф. Со лесно нека им минува на сите бебушки
Devojki , dali e normalno od vreme na vreme 1 godisno bebe sa e udirat glavata so racete? Mojava nekogas so edno race mavat vo svojata glava nekogas pa i so dvete stranicno od glavata mavat malku pogore od usite. Bas se zagrizuvam
И мојата исто прави, 13+, посебно кога се нервира ако не и' дозволам нешто и се мава... сметам дека не е загрижувачки и не сум го сфатила ова многу сериозно. Исто знае и од земја да се чука ако не е по нејзино
Не се грижи. И мојата така правеше. Почна на година, па престана, после пак на 15 месеци. Колку ги убедуваш дека не е убаво тоа повеќе прават. На 15 почнавме да ја игнорираме кога се удираше. За 2 дена престана.
Мајки, има некоја со искуство со ларингит и кашлица кај 6 месечно бебе? Како третиравте? Колку време ве држеше?
Како да постапам при зајдување? Денес два пати ми зајде дури и помодре околу уста само му дував во уста ама последниот пат одвај значи цел се изгуби има и друг метод?