Јас на моето 2 месеци ама е околу 6.7кг дома мерен, му ставав ефералган од 80мг цело чепче, на 4 сати вториот ден креваше и му дадов парацетамол 2.7мл и не крена 8 саати од него.. За жал заврши со антибиотик бидејќи мн високи му беа леукоцитите, од вчера го почна и одма беше подобар, иначе мн тешко помина, неможеше да диши, се бореше за воздух, носе му чистевме, бевме и на болница не вратија со тие совети, чистење носе само и за тт да регулираме, ларингитис кај моето е гласот го изгуби, неможи да плачи само цивка, не спушти на плуќа ама еве уште се мачиме со мрсули, шлајмови и кашлица.. Згора на се газе воспалено со рани
Бебе 13м е со тт од вчера,качува до 39 спушта до 37.2, матичната ми пиша 5мл далерон а 4мл блокмакс, ноќта давав на 4-5 саати и го бањав во корито, денски тераме на 7саати,го бањам пак, сега веќе пак 38.2 има, последно во 14:00ч. дадов далерон, сега ке му дадам блокмакс пред спиење. Ниту кашла ниту нос му тече, се игра, само повеќе спие. Колку време трае овој вирус. Утре ке го носам на матична со к. слика.
Од кравјо млеко може да направи анемија, тоа е многу и за возрасен а не па за бебе. Моето бебе е 13 м има 4-5 оброка, и цица плус. Ноќе се буди повеќе да ме провери само, цицнува еднаш двапати и спие. Сок не давам воопшто, чај нудам, не пие, вода си пие само. За цеден сок се мали, се оптеретуваат цревата од цеден сок, после годинка може портокал или лимон во вода по половинки стиснат и тоа се почнува по неколку капки па се зголемува, чист сок не, така ми кажа педијатар.
Кај нас траеше 4 дена, после тоа се исипа, егзантема рече матичниот дека имала, и беше премногу млитава само спиеше.
Site sokovi se so seker duri I sama da mu cedis od portokal samo seker sodrzi, vitamini I voda. Nikakva korist. Osven od limon no nema da pie kiselo. Najdobro e voda da mu davas. Ili Ako sporedis sok ili mleko porobro mleko barem ima proteini.
Бебе падна на паркет се удри на десната страна од главата плачеше многу сега од време на време приплакува не повраќа,нема видлива модрица и сл. Освен што приплакува на моменти..
Душа мила, ќе и помине. Те прати со поглед, свесна е така? Ако да, ништо страшно. Ја боли сигурно, се исплашила може повеќе. Ќе помине Едит: сеа видов дека е пишано пред 2 саати, сигурно е добро
Да свесен е иначе му се појави и оток позади увото и црвено му е Ја контактирав неговата матична ни рече за секој случај да го однесеме во Јане и од таму не препратија на ургентен,само да не е ништо животот ми го скрати едвај се смири од плачење
Извини, мислев женско е. Ауу, шо збориш? Се надевам дека е само површено од ударот ама за секој случај убаво е да се прегледа. Пиши шо ќе направите
Го прегледаа на ургентен ни дадоа совет за следење,сируп Блокмакс против болка и утре да се јавиме на контрола во неврохируршка амбуланта имал мал хематом
Ништо не е страшно, не се плаши обично ако имаат потдес во наредни 2 часа повраќаат. Тоа со неврохируршка амбуланта им е практика за чисто да се прегледа поале пад детето не дека е нешто сериозно и да се вадиш од памет.
Ако имаш веќе оксиметар дома, пробај да мериш на палец од нога. Инаку постојат и помали наменети за деца.
Овие кај ножето со вода се полни? Син ми големиот има сипаници моментално така ми заличи ма сликава, како сипаници.
Не како ситни бубулички се само и пратив на матичната вика вака не изгледа страшно може вика да е реакција на некоја храна ако му се прошири да го носам. Иначе со лесно нека му минува
Фала, од слика не се гледа убаво, со помин нека му е, едно дошло друго прошло, тоа е со децава. Еве малото на 2 месеци вирус јак закачи одвај помина, па големиот сипаници, сега за 10 дена очекувам и малово да има пукнав од нерви ама тоа е, што мора ќе се поминува..
Ако ти е за утеха и малиот мој на месец ипол имаше бронхиолит секој ден одевме на клиника примаше урбазони и го инхалираа вирусно беше и кај него едвај му помина..Нека се живи и здрави само тоа е најбитно ајде не се секирај ќе бидат добри и двајцата