Моето дете како на 5 и пол месеци беше во контакт со дете што извади варичела сипаници неколку дена после контактот. Тогаш педијатар ми рече ако имало вистински контакт меѓу децата од типот гушкање,бацување и слично кај мали бебиња има само 20% шанси да фатат варичела ако мајката има прележано зашто имаат сеупте имунитет од плацентата кој им се пренесува. До кај 6 месеци тој имунитет се губи и како растат се поголеми се шансите да префати варичела. Моето тогаш не префати варичела иако имаше скоро 6 месеци, ама па и немаше некој близок контакт со детето (значи немаше гушкање, бацување и слично). Инаку мене ми рекоа инкубацијата е 21 ден.
Кај нас имаше и гушкање и бацки па ќе чекаме да видиме. И јас прочитав дека инкубација е најмногу до 21 ден.
Здраво мајки Што е потребно за вадење на здравствена книшка за бебе и каде се поднесуваат? Фонд за здравствено осиг. Подрачна служба ск кај олимписки што е или на друго место? Фала, имајте убав ден
Книшка Извод од матична Пополнет образец на кој има печат од фирмата на родителот кој е носител на осихурувањето. Се носи кај Цевен крст, во тоа фзо.
Dali ima vi se slucenl dete da ima grlo i na sekoe pienje voda place, ne saka nisto da jade.. samo place, se nerviraa...,??? Help
Мислиш болно грло? Да, нормално е тоа, можеби и афти има. Ладно не сака? Ако не сака давај млако, не топло и обавезно доктор да го види, да препорача терапија.
Nema afti, prepisaa antibiotik, ni ladno ni toplo abe nikakvo, kako zema da pie voda posle prvata goltka vristi
На едната рака бебе нема влакна на одредено место, дали недај боже се работи за белег кој допрва ќе и излезе или почнуваат да и паѓаат влакната?
Дали има некоја мајка чие бебе имало пролив? Веќе трети ден има. Вчера бевме на педијатар ни дадоа пролајф течност ама нема подобрување само количински помалку кака. Пет пелени денеска ама не толку полни како вчера. Жолто е и малку лигаво денес. Вчета беше зеленкасто и лигаво. Ама уште и кркорат цревцата и плачлива е. Совет некој?
Исто денес и кај нас утре на педијатар ќе ја носиме. Прво имаше мешан измет зелено со жолто , а после само жолто ама поретко. Да не е од топлото незнам. Незнам да не е во скок некој само бара да јаде.
Колкаво е бебето? Ако се доите напиј се ти линекс и.јади банани.Ако е стомачен вирус ќе си трае два три дена и ќе помине.Пробиотик давајте.
Мојава па одбива да јаде денес, а вчера бараше почесто. Колкаво е твоето? Моево е 7 недели не верувам да е скок. Педијатарот не кажа што може да е само рече ако не помине за два дена да испитаме измет. Мака ми е оти се мачи сирото а и плачлива е денес многу и не сака да спие. 7 недели е. Пробиотик давам биогаја и плус овие пролајф. Инаку ми е страв да јадам банани оти од пораѓај закачив хемороиди, мака мачам и со нив. Не е една беља...
И моето е 7 недели, незнам спие нормално ама се буди почесто за цицање, ми викаат да му давам малку водичка зошто е топло .
Дали има некој искуство со крвна слика во Систина. Ние до сега сме правеле ама при редовен контролен преглед кај педијатар. Сега овој месец бевме на преглед ама сега сакам крвна слика па незнам дали пак да закажувам преглед или само во амбуланта за крвна слика и да си земам резултати независно од педијатар?
Женски малава веќе 3 ден има температура 38.5, де се крева де паѓа, прво мислев излегува некое запче ама не температурава продолжи. Крвна слика во ред. Гради, грло во ред.Вечерва крена 39, максимум досега и ја однесов на итна, ипрепишаа трицеф и 5 капки ц витамин. Заборавив да прашам за пробиотик на колку часа по антибиотикот треба? И кажете чаре како да и подметнам антибиотик, го повраќа, истото се случуваше и со далеронот претходно. Не може да и поднеси желудникот
А крвната слика не беше океј кога бевте на итна? За што антибиотик? Мојава минатата нед изгоре 3ипол 4 дена до 39.4, без др симптоми и си помина само од себе. Пробиотик 2ч мин после антибиотик, обавезно.