Јас општо сум со бубачките во глава после сѐ Дејзи.. едноставно е посилно од мене. Ама морам да поработам на тоа, зошто ќе се мрднам…
Бебе веќе 3 ден пие антибиотик Зинат, многу лошо кашла, и кога ке се закашла повраќа, помал правевеме инхалации без проблем сега не дава за жива глава, плаче дури помодрува,вчера после сируп ми поврати и сабајле и навечер и еве денес пак крена тт,37.8 има моментално,спие, да стане ке го носи мм пак кај матичната. Носот полн,како да му го чистам тоа со физиолошки сакам да пробам ама мн ми е страв.Дали сте давале од овие капки на бебе, за намалување на секрет?Бебе има 14м.
Ова и мене ме интересира. Сакам да воведам парчиња, веќе 10+ сме, ама исто само ги гмечи со рачето. Ако и ги принесам јас ги јаде, а сама кога ќе и ги оставам само ги гмечи.
Моето зема мало залаче лебче на пример го става во уста па го плука па го зема пак па ми го дава мене и буквално ми пика да го лапнам и се смее. Круши сака многу од оние водлести и ако му давам јас да грицка од моја рака јаде, гризнува, ама му оставам да земе сам не сака, само ја гмечи и ја фрла, не ја ни носи до уста.Бисквита зема и си ја грицка исто и лино смоки, а овошје круша или банана или мандаринки на мали парченца без лушпа сам не ги зема, а јас ако му ги давам ги јаде.
Бебе 9++ веќе една недела е во градинка. Откако е таму сите столици 2-3 во деноноќие и се потечни, не ретко има и пропуштено памперсот. Сите состојки што и ги даваат таму ги има пробано, така да не знам дали би било до храната. Или моментот што повторно некој заб излегува. Дали пробиотик да воведам би помогнал? На 3 месеци педијатар и ги прекина пробиотиците и немаме давано од тогаш. Други симптоми на вирус нема.
Се посомневав и јас. На јогурт, грчки јогурт, павлака, не јавило досега. Ќе тестирам за викендов сепак.
За бубачки еве сум, хипохондрик сум, не се грижи како што сите пишаа, сите ги имаме тие лимфни јазли, при болест, настинка растат, тоа ни е одбранбенот механизам.
Можеби се добри, јас од истава фирма про анги бејби спреј со прополис задоволна бев кога имаше гнојна ангина брзо му се средуваше иначе дете ми гореше од темп 40 по 3 дена држеше и искрено да ѕи кажам од тогаш нема ни фатено гнојна да се зачудиш. Верувам дека и ова делува. А за секретот само синомарин ампули и инхалација да се прави за да се топи секретот да не е густ.
Два дена сме со тт која оди до 38.7мах Ја разладува ставам чепчина ефералаган но не се спушта до 37.8 и така стои едно 4-5ч па пак крева.. крвна сл направивме чиста (се сметам дека брзо ја направивме) што можам да давам друго за тт подобро очигледно ова нема некое дејство 6м е бебе
Нс 2 месеци бебе од чепче не му паѓаше под 38, парацетамол 2.7мл дадов, тој се дава пола од килажата, бебе беше 7кг тогаш ама мат ми рече помалку да дадам не поќе од 3мл, одма спушти тт. Ама антибиотик почна после тоа за жал.
Мајки што сте правеле инхалации со синомарин 2 пати во денот, дали прскавте и спреј/ капки за носе или не?
Многу ми е затнат,неможе да цица... Педијатар ми вели да не прскам , ама не ми се остава дете вака да се мачи.
Повеќе од месец дена сум болна, пишував предходно,каѓлам, цела сум затната, носот ми тече, дувам жолто-зелен секрет, направив брисеви и пнеумослајд, денес ми излегоа резултатите, брисевите се негативни а на пнеумослајд излезе дека сум прележала респираторен синцицијален вирус и адено вирус паралено.Сеуште имам мака со синусите, дувам жолт секрет, затната сум, матичната ми вели во фаза на оздравување сум била само витамини да примам. Колку се овие вируси опасни за децата, они беа исто болни примаа антибиотик, и се подобри, поголемото е добро бебето уште кашла, веќе не прима никаква терапија, вчера го слушаше педијатар рече нема ништо на гради а кашла со шлајм баш лошо.Читав дека рсв е баш опасен за бебиња па сега немам мир некако.има ли некој искуство со овие вируси?