Физиолошки можеш да ставаш, но синомарин не ставај зошто се по концетрирани и наместо да му олесниш мака можеш да му направиш од солта, во смисла на тоа да почне да го пече внатре и да му се суши грлото.
Пишуваше дека со синицијален вирус козле било полно, но штом вие сте примале терапија не би требало да имате гајле. Жолто/зелен секрет ќе имаш уште некој период, можеш синомарин да ставаш да го исфрлаш побрзо секретот или ако не ти е мирна душа стави хлорафеникол во нос сабајле и навечер и види дали ќе имаш ефект
Не се гледа баш најјасно, ама слично вака син ми се нафрла од топло на грбот, вратот и/или градите. Само од себе му поминува, јас го мачкам почесто со крема, му поминува брзо.
Минатата година го прележавме РСВ вирусот..големата тогаш имаше 2 и пол години и со температура беше 4 дена, тешко и паѓаше а одма креваше па си доби антибиотика малото ми беше 2 месеци и со него на болница завршивме, бронхиолит имаше. Јас ептен кашлав, мачно ми и планирав да и барам на матичната антибиотик ама викенд се погоди па дури дојде понефелник некако попушти. После тоа океј си беа.
Vo koj smisol brzo? Ima nekoe pravilo koga se pravi ks? Oti nas sekogas pedijatarot ni bara odma..eve od nedelata nastinat vcera pravevme odma izmesteni vrednosti imase.
Мамички, ајде некоја со слично искуство. Не можам да ја добијам патронажната на телефон, а тек утре сме на лекар. Бебето е 13 дена, папочето сеуште не и е паднато. Секојдневно и го чистам со алкохол на чепкалка, меѓутоа вчера забележав некаков чуден исцедок што мирисаше, и денес како малце крвче на чепкалката. Се надевам дека не е страшно… премногу сум исплашена .. П.с. Кога ја го чистам, и ја допирам околу стомачето не покажува знаци како да ја боли нешто..
Мали (8++) настина, температура крена само ноќеска, му дадов далерон, ама носето му тече ко чешма... цело време само тече, кива, не можеме да го добришеме, како да му олеснам до утре? Ќе го носиме на лекар за кс и да видат што како.. инаку вака јаде не одбива, и млеко пие и каши јаде без проблем.... колку смеам да му прскам од на бекутан спрејчето?
Овде во србија третирањето на попочето е многу по различно од мк. Јас го третирав со хидроген секој 3 ден и јод секој ден (ама не од 10 % туку послаб) ставав сабајле вечер. И плус никако топење со вода ни кажа патронажната и од кога падна цела недела да не сме го топеле. Јас се зачудив, зошто внука ми во мк само со алкохол и го чистеа и ја капеа без да внимават дали ќе го натопат.
Без паника мајка. Исцедокот како ти изгледа, кај моето беше зеленаст кремаст лигав, не се сеќавам дали мирисаше, битно да не е гној.Памтам дека после 2 недели и падна, не како што ми кажа патронажната, исто и јас така бев во паника. Мислам дека пред да падне исто малце крв се појави. Сепак нека го види доктор утре најубаво ќе ти каже. Ама без паника
Бебето(7м) од прееска двапати ми поврати поголема количина сварено млеко, не беше бљуцкање, ама не беше и проектилно, вака не ми изгледа неарен, обично повраќа кога многу активен. До сега не бев загрижена оти знае често да бљуцка после јадење зошто не знае две мин да седи мирен да јаде, ама ова ме загржи. Јас сум малце настината ама он нема ни тт ниту некои други знаци на болест. Да одам на доктор или едноставно е прејаден?
Ете заспа, не поврати пак. Вајда му дошло многу храна, почнавме со еден оброк ама цица пак исто какo и без оброкот и мислам дека се прејадува, плус што не знае мирно да цаца, цело време е активен и мрда постојано, се тегле, витка, џитка додека цица, па мислам дека си прави притисок на стомакот. Сепак ќе следам и утре да видам.
Од минатата сабота бебуш (10м) е страшно болен. Почна два-три дена со температура (не помина над 3 и благи симптоми на настинка, за да прогресира до страшна инфекција на очите, уште пострашна кашлица со гушење и будење на секое кашлање со плачки и леплив секрет претежок за чистење. Еднаш на педијатар минатата недела не ни даде антибиотик, само инхалации и спреј во нос и тобрекс за очите....денес на друг педијатар рекоа дека е ушна инфекција и дека морам да дадам антибиотик Цефалексин. Сте давале на вака мали бебиња антибиотик? Што да очекувам од нус појави? Не знам колку кила ослабе, од што ништо не јаде, уште антибиотиков фалеше...
Моето е од раѓање на антибиотик, профилакс ради инфекции на бубрезите( мислам да спречи инфекција оти има рефлукс) сега не е ант како другите ама сепак е лек. Досега нема проблем. Направи ако не брис прво да видиш што е точно инфекцијата па после според тоа и антибиотик, оти може не е резистентна ако е бактерија на цефалексин. Ама ако има секрет и инфекција на очи и уше, јас би дала антибиотик, не ми се ризикува со такви инфекции, посебно на уши.
Синко имаше инфекција на уши, а само што направи 40 дена, и газето му го изрешетаа од антибиотски инекции. Примаше 9 дена антибиотик и првите два дена плус кортико. Инаку одма му препишаа инекции без брисеви, кај мали бебиња не смее да се чека резултати од брис за да се воведе антибиотик, зошто зема ли повеќе замав инфекцијата е уште потешко. Ние од кога ја исприма терапијата правевме брисеви да се види дали е чисто.