Кај нас после 5 тиот ден имаше подобрување исто гнојна ангина со алмацин се лечевме, ќе помогне ама уште малку време треба да почне да делува.
Letizen koja doza se dava na godina i 4 meseci detence? Se pojavi crvenilo na nadlakticata cela do ramo, dali bi dale so ogled deka e nokj, nemoze bas da sledam postojano dali se shiri
А лизобакт дали прскаш? Нас со антибиотик и спреј ни препишаа па имаше ефект, ама штом го испи антибиотикот а уште крева џабе го пиеше изгледа не е излечена.
Бебе фрчка со носот, нема секрет, само фрчка како горе да има суво. Од климата сметам дека е сув му е носот и тоа што е секретче е суво. Вие што користите навлажнувач, како го користите? Дали цело време работи или навечер само, кој го користите?
Од Комодита, имаме мерач на воздух т.е на влажност дома и се водиме според него, да не е под 40%. Ноќе скоро цело време работи, дење по потреба.
Купи си прво мерач на влажност...јас згрешив ко ми беше мала првата ќерка...прво навлажнувач купив од горење па потоа го купив мерачот и испадна дека и без навлажнувач таман си беше влажноста на воздухот иако се грееме со клима и акумулациона печка.
Трет ден вчера, четврт денес. Леле зар мораше вака се да се спои. Излегуваат заби, ги чеша непцата на велико, плаче во сон, мислам тоа ќе да е. Само не ме остава никако да видам. Само два кеца има долу. И сеа веќе не знам од што крева тт.
Од заби не креваат многу тт, не верувам од тоа да е, на бебево сега на 2 месеци ко беше болно од чепче не му паѓаше тт, парацетамол сируп му дадов и му падна, после 2 дена антибиотик пиеше со покачени леукоцити 25.
Мајки здраво вчера бевме на дежурен во Козле бебе има наод на гради ни препишаа Панцеф и инхалации со ипратом. Смеам ли да му намачкам лој од гуска на грб? 1 година ќе полни во вторник. Од црвено грло и растечено носе завршивме со наод на гради..
Бебе 3ипол мес носено на педијатар 2 пати за 3 дена. Секрет густ во нос и кашлица, нема наод. Ни дадоа капки во нос цитерал, тоалета на носе и инхалации со синомарин. Дали на некое бебе му помогнало само ова? Чаре за секретот?
Околу 37 денес и се втелка тт. Плачлива е. На горното непце не ме остава да ја чепнам. Ставав гингивал, на долното полесно намачкав, изглеа се горе. Како и да е. Штом нема повисока тт како до вчера да не одам нигде, да почекам до утре за кај матичниот? Во вратчето излегоа мозолчиња, осип, како потпарци. Од тт се или друго нешто?
Па добро е не е тоа тт, можеби од забите е, осип да од висока тт можи да излези, одете утре на контрола за мирна глава.
Матичниот не го најдов. Добив одговор од др доктор но не конкретен. Да не е од тт, да не е од сирупот... Затоа пишувам и овде. Дали може да се јави од сирупот на четвртиот ден од првото давање. Втор пат давам амоксицилин, првиот пат беше алмацин сега хиконцил. Првиот пат немаше никаква реакција. Дали сте имале ваков проблем после неколкудневна тт или гнојна ангина? Вчера се јави осипот прво на гради, стомак, грб, околу врат. Утрово околу очиња и на чело ама не олку изразено.