Мене малиот од прва доза Амоксиклав ми пројави осип го однесов во Козле (бидејќи таму го препишаа антибиотикот) ни рекоа во иднина да не даваме пеницилински антибиотици и му сменија на Трицеф. А ова вака според сликата ми личи на осип по тт секако консултирај си матичен кога ќе го најдете.
Ама и јас си викам ако е од сирупот одма ќе јавеше а не после 4 дена. Плус втор пат давам само со друго име, ист состав амолсицилин.
Да да беше од него одма ќе јавеше, моево хиконцил пиеше ми рече матичната дека може да јави осип од тт ама не појави. Пред да направи 2 месеци го пиеше.
@Lina-Detelina ова го викаат “шестта болест” се јавува по температура, син ми лежеше 5 дена во болница со висока темп. кога му се симна скроз му се јави осип кој сам по себе мина. Сестрите испаничија дека е варичела но докторот ми објасни и рече дека секое дете еднаш во животот мора да го пројде вака Ист беше осипот. Ако било од сирупот пројавува одма.
Мене од 3 шише ко алмацин (на размак секако) ми јави алергиска реакција. Сеа не смее ништо пеницилинско да прима
Го најдов уште се нарекува и розеола вирус. Исипот се јавува на крај во фаза на оздравување. Не кои места имаше твоето исип? Дали имаше и на лицето? Сабајлево кај мојава имаше и на чело и околу очиња. Откако се јави осипот оздравевте?
Леле луѓе што вирус е ова?! Бебе почна од четвртокот ноќта со ларингитна кашлица за да во петокот од сабајле почна нормално да кашла, беше добар до саботата сабајле качи тт макс 38.7, еднаш сред ноќ 39.2 и не се спушташе со парацетамол. Омалаксан, кашла размрсулав не може да спие.. од вчера некоја мутава тт 37.2/3 ама детево да го видиш ќе речеш има тт 40, само му се лежи, спие, нејќе ништо да јаде, само со цице се лаже и вода колку толку пие. Крчи целиот, забрзано ми дише, некако мешето чудно му мрда кога дише. Вчера на слушалка вика неѓа ништо, полн со секрет, ни даде инхалации само со физиолошки и чистење на носе.. ама дете буквално глава не може да крене, млитав е цел.. и капак синко завчера ноќта почна исто со ларингирна кашлица, вчера кашлаше нормално, и кај него нема ништо исто инхалации само кај него плус кортаир да вклучам, и ноќеска ми качи тт 38.3 под мишка, а главата на двајцата им гореше и на чело ми даваше 39.2/3/4. има ли нешто за искашлување кај бебе од 9м.. утре сме на контрола ама не можам ни да го гледам ни да го слушам веќе.. Ќе полудам
Не знам што ќе беше ова.. Ние сме сега пред оздравување си викам, уште осипот да помине, ми изгледа дека се повлекува и тој. Али поминав викенд во кошмар. Изгоре дете тт, само од блокмакс се симнуваше. Исто главата гореше, на тело до кај 38.2/3 покажуваше, под пазува, а шаки и стапала мраз. Кај нас немаше шлајмови, кашлици, имаше гнојна ангина. Вчера на преглед беше повлечена, на плуќа чисто, иако почна да поткашлува по малку. Ќе помине да те утешам, и јас бев иста. Плачев кога ја гледав премалаксана, не можеввв. Инаку сфаќам дека не можиме да се затвориме во стаклено звоно. Ама колку има безобразни ќе ги речам. Одат по гости и слави со вируси. Ете од таму моево си го доби. Уште се фалеше госпожата дека била болна а се пикна во 10 деца. Напуштивме одма просторија, ама изглеа толку требаше. Не знам.. јас не би отишла болна, поготово не во деца.
Абе јасно ми е дека не можеш да ги допазиш ама возразни луѓе без осет… Бејби ми е 3то дете, второво што ако не оди во градинка кога големата почна во школо и од таму си носи вируси, плус золва има две, едното во градинка друго во школо а секој викенд сме заедно и кај мене нема пазење.. тоа е.. и знам дека ќе помине ама во моментов сум хаос. И што е најлошо само во раце сака да спие и не можам да мрднам
Да, кога ќе тргнат веќе во градинка/школо, веќе воопшто не можеш да ги допазиш. Ама зборов ми е зошто свесно луѓе одат кај деца, а се болни. Исто со спиењето, леле ноќеска сакаше цела ноќ во раце. Заспа со цицање до мене и по некое време почна да вришти додека не ја зедов во раце. Така призаспа, штом ја легнам истото. И на крај ја ставив во нишалка и цела ноќ нишаме и дремиме со мм. Се чувствувам како кога беа грчевите. Се надевам ќе почне пак да си спие на кревет.
Ние бевме така ноќеска, пишав, на крај дадов ад и заспа до сабајле. Мака не мака ќе давам ад навечер, дете ми е побитно.
Камо да фаќаше шише, ќе дадев и јас. Неколку кутии само што отворени ги фрлив. Само мислам дека не е гладна, баш кога ќе надојде млеко пушта и вришти, не сака да цица.
И јас да се пријавам со истите маки. Парацетамолот привремено ја смирува температурата и пак се качува. Последно и измерив 39.5, да и дадам блокмакс на своја рака? Матичната не враќа на вибер, кс вика покачени гранулоцити% и црп 23. Чекам наод од брисеви. Исто како кај сите, млитава е, само гледа во една точка и спие, и само во раце да ја држам, да ја оставам никако.