1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    4.343
    Во ред и беше крвната слика утрото те.на граница. После тоа ја однесов кај матичната и ми рече да и давам електролити и да почекам до понеделник. Вечерта кога повторно крена температура ја однесов во детско, таму пак докторката ми вика црвено и е грлото. Не може од заби дете 3 дена да се измачува, мора антибиотик.
    Денеска е подобра, не крена температура.
    Јас сум премногу против да се дава лекарства и криво ми е што избрзав можеби и не ја оставив да се избори сама, но ете потклекнав од страв да не и се влоши ситуација.
     
  2. pa_stel

    pa_stel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Бебе на челото и малку на очните капаци има шолти корупки и кога ќе се фати со ноктињата ќе ги олупи. Не ја мачкам со никаква крема само со веледа на обравчињата и на вратчето.
     
  3. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.436
    Пол:
    Женски
    И моево бебе е втор ден со тт 39 паѓа и пак качува.Кс е ок.Ми рекоа само далерон и пробиотик.Се измачи на топлово.И мене ми е страв од тт многу ама според двајца педијатри не е за антибиотик.
     
  4. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    Бебе 10тина дена многу го тегне едното уво и пробува да го чеша,прстот и е стално во увце.
    Синоќа плачеше во сон и нервозно со прстот пак го чешаше.. Може пола саат траеше тоа.
    Матичниот педијатар рече Канестен капки, као габички и се стварале од влага..
    Ама 10 дена ставам и фајде нема. Ниту брис ми спомна, ни ништо. Јас имам бактерии во уво, а и мене ме лечеа со Канестен едно време, знам точно како до лудило знае да чеша уво, па ми е жал што и малово минува низ ова.
    И прашањето ми е, на ОРЛ треба да ја носам,така? Ако имате искуства, предложете ми некој добар доктор, по можност во Систина.. на нив најмногу им верувам.
     
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Ако доаѓаш во Скопје, земи си упат за на клиника.
    Немој Систина.
    Нас не не видоа дека имаме воспаление на уво.
    И @Ano кажа некој добар доктор позади дом на градежници.
    Види неколку страни наназад.
     
  6. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    @TeddyGrey Како да и се вратам на матичната и да и барам упат кога на мое пола саат дрндање за нервозното чешање и тегнење уши,мрсули и кување,поткашлување,плачки по цела ноќ, не јадење, нервоза, благо покачена тт, она ми објаснуваше како морам да ја научам да седи во хранилка да јаде? Мислам..нон сенс.
    Сосем на друг муабет се префрли, као ова небитно. И го глеа грлцето и сега и пред 10дена, као малку црвенко, али она не можела да разграничи дали е инфекција или просто таква боја и било грлото (???)
    Затоа си мислам на приватно да одам, да не се враќам пак кај оваа.
     
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Те тагнав кај докторката што Ано ја препорача, да видиш.
    Подобро однеси ја таму.
    Двете со Ано од Систина не сме задоволни, двете со увото имавме проблем.
    Мислам, ова е најдобронамерен совет.

    А за матичнава твоја, врати се и барај и упат а не блабла муабети.
    Не смее за уво да не ти даде упат, ама стварно.
    Може и не е сериозно вашево, ама пак за уво се работи.
    Јас на дежурен кога ја однесов тогаш, два упата ми дадоа, за секој случај и за во Букурешт и за на клиника, во случај во Букурешт да не завршиме работа.
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Иди си на приватно, не чекај упат. Јави се и барај термин за одма. Уво не е играчка, ти рече Теди.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    @Chanell* пиши што напраивте. Те мислам. Денес ќе одиш?
     
  10. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    Не,нема шанса за денес..
    Тек од петок, немам со што да одам деновиве :(
     
  11. CatL4dy

    CatL4dy Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2017
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Здраво, пред некое време имавме инфекција на кожата и докторката кажа демек било од убод од инсект. На две места му се појавија како пликови, прво беа ситни точки и преку ноќ се правеа баш како отворени ранички. Со антибиотик помина. Сега после 1 месец се појавија пак на истите места (што страшно ме загрижува). Каде би можела да испитам од што се јавуваат и дали некој се соочил со сличен проблем? IMG_20190604_195709.jpg
     
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.383
    Пол:
    Женски
    Носи на кожен доктор и тие ќе те упатат што да испиташ.
     
    На Coco31, duffi и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Не изгледа добро ова, ко што ти кажа Нарциса барај упат за кожен доктор да се види што е причината.
     
    На CatL4dy, NarCis@ и duffi им се допаѓа ова.
  14. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    1.912
    Допаѓања:
    4.593
    Пол:
    Женски
    Бебе 2 месеци, зарипнато ми е, нема друга мака, доктор вика не е грло црвено бебе е супер. Дали е можно од плачење да е зарипнато зошто вчера утрото стварно многу плачеше, можеби 1 саат имаше мака со мешето.
     
  15. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Мојава зарипнуваше и од ништо. Ни плачела, ни на ладно била, ни болна, стануваше од сабајле со зарипнат глас. Се додека нема друга мака, ќе пројде само од себе, ништо страшно. Да не е само знак на воспалено грло.
     
    На Adeline му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    На лице брунчињата, вруќници што ги викале, како да исчезнат, купив една течност црвена, ги мачкам, знаете нешто поефикасно???
    2ипол месеца се!
     
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Ќе помине и само по себе
    Нема потреба да се лечи нешто што не прави проблем.
     
    На Emma2 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Еозин е тоа црвеното, мачкај и може во водата за капење да ставаш по малкучка хиперманган. Да не го преоблекуваш бебуш да му е топло. Ќе поминат ништо страшно :)
     
    На Emma2 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Е да, знам да претерам со облакање, пусти страв да не ми настинат :(
     
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Пелена и тенко боденце по кратки. Ништо повеќе кога е лето.
    Е денес не е за така нормално, ова за кога е топло ти зборам :)
     
    На Emma2 му/ѝ се допаѓа ова.