Како да приметам дали има бебето спуштено шлајм на гради? Ми фрчеше со носот некое време, бевме на доктор немаше ништо на гради, од тогаш помалце фрчи ама ете сега лежи до мене и од време на време кога ќе фркне на носот при дишење осеќам и странично како во гради да ми шушти, не знам како да опишам. Да го носам пак да го проверат или сама ќе приметам. Не кашла, нема тт, весел е, јаде нормално…само некои мисли во глава ми се вртат деновиве амн. Инаку брунчињата прееска гледам како да загоруваат, некои веќе и исчезнале, на крај ќе испадне алергија на нешто, веројатно кашата.
Да сменив, Ленор за бебиња зедов и може да е реакција на него пошто мм ленор не поднесува обичен, одма има кожна реакција.
Тоа фрчењето и што се слуша на гради преносни хркулки од горни дишни патишта се штом ви кажале нема спуштено. Следи го дишењето ако забрза и диши на стомаче тогаш носи го пак или евентуално тт да качи.
Остај го да спие на грб и ќе приметиш, нема да дише нормално туку ќе дише како од стомак, ќе му рипа стомачето.
Здраво Мајки Дали имате давано Ногрипин сируп за бебе 22 месеци.препишано ни е од педијатар, но на упатството стои над 6 години. Консултирано повторно со него, но останува на своето. Инаку препишан не е поради течење нос и повремена кашлица
Како сте? Ако има спуштено на плуќа ќе се вовлекува мешето кога ќе дише. Види на youtubе има многу примери
Добар е, гледав видеа, утвари ги знам тие знаци оти уште трудна кога бев гледав, ама ете не ми текна. Си пофрчува ама на носето, само ноќно време,онака си е супер, мислам од климата е оти сите сме исти.
Мајки се плашам дека бебето има некој паразит или црви... Симна на килажа минатиов месец, а тек вчера забележав во столицата која е како трева зелена веќе неколку дена, дека има како црни конци долги 1цм ... Не јаде сега скоро ич, и се препишував на тоа дека од носето и се слева секрет, или заби ... Но сега се преплашив. Знам дека се јавувале црни конци од банана. Банана може каснала пред некој ден малце но не верувам дека е од тоа бидејќи е мала количина као една лажичка .. Јадеше круша
На доктор однеси го нема го види, можи и шлајм да има во какето, а така црни конци да од банана се прават.
Мајки, за ушна инфекција ставате некои топли облоги или некои капки што смируваат болки? Ни дадоа Цефалексин за инфекција на средно уво, ама многу го боли, нон стоп плаче. Ни спие ни се заигрува ни ништо. 11м е, прежално е за гледање
Јас не знам дали би применила ова ама ќе ти кажам мене како ми излекувале уши за трајно кога сум била мала. Стално сум била со воспаление, антибиотици, плачки и баба ми еднаш ми ставила масло загреано малце во љушпа од орев, од тогаш мајка ми вели не сум имала проблем пак. Ова го практикував и возрасна неколку пати. Една капка масло буквално и загреано не на оган па ставено, туку во љушпата на рингла или шпорет неколку секунди. Ако не видиш подобрување може ќе помогне ова.
Моето дете на 40 дена имаше ушно воспаление и примаше 9 дена инекции од кои првите два дена примаше и кортико не само антибиотик. Баш поради болките. Јас му ставав топло марамче дома. Многу мачен период беше ама помина. И недај боже да се повтори.
Парацетамол може за болка, моето на година и нешто имаше болка и од парацетамол му помина, др ден зедов капки Otol H, нз точно дали за лек беа или за болка.