Па сигурно го виделе грлото, ако ти рекле не треба антибиотик сигурно не треба. Може кашла од секретот, мада стварно се високи леукоцитите и до утре може да се смени ситуацијата. Ти утре за секој случај ако сакаш пак оди до дежурен и ќе видиш како е.
Може не е здравствен проблем ама ќе пишам тука, ако е за во друга тема кажете. Бебето ми се роди со косичка машала, црна, долга, густа, освен на едно кругче каде што нема воопшто косичка. Малце таму кожичката и е и ко поздебелена. Во болница педијатарот ми кажа нигде да не ја носам, мала е, можеби ќе порасне,може не, имале полоши случаи каде што фалеле повеќе слоја од кожата, а кај нас само еден слој фалел. Во понеделник ќе ја носиме кај Алулоска во Систина (познати ме пратија кај неа за да ни каже кај да идеме,веројатно она не може да ни помогне бидејќи е педијатар а не кожен лекар). Сте имале ли ваква ситуација или да сте слушнале за некое друго бебенце? Знам дека муабетот е да се живи и здрави ама сакам да сум на сигурно дали ќе се шири и дали некско можам да превенирам со време
Да, маж е и кај него термин пред март тешко дека има. Освен ако не откаже некој па да го дадат тој термин. Ама таму работи и жена, Др. Ирина, јас сум задоволна од неа.
Може има и некоја докторка, јас го знам Агрон Старова и термин ако начекаш за брзо добро е. Како да ми спомна некој и дека не работи често.
Па тоа е проблемот, најчесто за дерматолошки проблем немаш време да чекаш 2 месеци. А сите го фалат нема што.
Контактиравме со жена му преку познанства ама она ни кажа толку мало бебе до сега не прегледувал и надвор од мк беше, па чекаме да ни договорат термин преку врски
Бебе ми качи 38,2 температура. Кенкава е само у раце ми седи и си плаче. И дафов водичка, ми поврати густ шлајм на 3 пати. Не кашла, не тече нос. Да носам на лекар или да дадам сируп и да следам?
Јас кога ми качува тт одма одам, освен ако не е ноќ или викенд како и по обичај, заради што ако треба антибиотик да се почне на време.
Мачкај со етанол, дади и сируп ако е 38.2 ако е над 38.5 можеш о чепче. Полесна облека. Моето пред некој ден имаше тт прво почна со 38.4 по еднаш два пати на ден да качува, за да после 3дена има 39.2 и неможеше да ја симне. Совет од доктор мачкање со етанол, сируп или чеп и полесна гардероба. Вирус покажа крвната слика.
Здраво, Ќерка ми има 2 години. Од вчера и се јави кашлица, дали ќе делува сирупот Viranto ако и дадам сабајле, бидејќи пишува дека се дава 2 часа по јавените симптоми?