Ако е овој актуелниот вирус сега со кашлица тешко дека ќе помогне. Сите сме полни шлајм, болно грло, најмалото со антибиотик. Оди на доктор најдобро.
Јас прво би дала виранто, витамин ц, нешто природно, ако качи тт и се влоши кашлицата тогаш носи ја на лекар.Може не е ништо а ке ја измешаш со куп вируси на лекар.
Јас не пијам лекови на своја рака, макар и сируп за кашлица. Сметам дека треба прво лекар па после да се дава што треба. Тоа е мој став нормално не мора да се сложувате со мене
Виранто е добар сируп јас на големиот му давам на своја рака, кога ќе почнат в градинка се со болести веќе и на своја рака даваме, знаеш за сува кашлица кој сируп, знаеш за влажна кој, знаеш кога треба на доктор, веќе се е искуство.. Нема штета од виранто мислам и за имунитет некој го дава. Со кашлица сепак прво на доктор оти сега ништо не се знае со вирусиве. Бебево поќе од 10 дена со мрсули е, сега стануваат подебели, големиот 5 дена исто е, јас исто, само ми е страв од таа кашлицата по 1 месец трае кај дечињава околу нас
Е тогаш се извинувам. Членката спомна кашлица и сируп да даде си помислив за кашлица е. Ама сепак сметам лекар треба. Кашлица е во прашање не е шала. Кашлица не се јавува од ништо.
Кашлица може да се јави и од сув воздух, не значи одма дека детето е болно, треба да се земат во обзир и други симптоми.
Навидум обичен ден, по рутина. Сабајле млекце, па во градинка на адаптација на 1ч, дома на доручек (изедена солидна количина на каша), прва дремка, после дремка млекце. До тука се најнормално. Време за ручек-не сака да отвори уста. Ајде викам му се спие, после втора дремка ќе му дадам да руча. Се буди, кенкав-си викам гладен е, го ставам на хранилка....4-5 лажички и не сака да чуе да продолжи, вреска. Го вадам да го измијам, на пола пат во ходник повраќање во млазови, по мене по него, по ламинат. Ок си викам му бутав со сила затоа се деси ова. Правам пауза од 30 минути, во меѓувреме екстремно кенкав...му давам лепче и белка од јајце за да му го смирам стомакот од повраќањето...си ги јаде со сласт некои 10 залчиња и оп гаг рефлекс, црвен како пиперка повраќа лебот и јајцето цели. Тука веќе паничам. Пак правам пауза, давам вода и таа ја повраќа!!! Нема никакви други симптоми! Прв пат му се случува ова, појма немам што да правам. Секој совет е добредојден! Фала
Нема правила! Едно е! После повраќање не се дава ништо два часа за да се смири желудникот. Можеш само после пола час од повраќање да дадеш голтка вода. Ми се случи истото и мене, го доев сеуште, завршивме во болница вечерта и таму сакаше да цица. Доктор ми кажа да не му давам да се смири стомачето. Го послушав, заспа и престана со повраќање. Кога ќе поврати измиј го со водичка само и не давај ништо, ни парацетамол ако има температура дека пак ќе поврати. Ќе чекаш да се смири, да престане да повраќа, после почнуваш да даваш вода, сируп. За храна и не мора да даваш, важно е полека да почне да внесува течности за да не дехидрира.
Добро е да се знае ова. Јас од страв да не е гладен уште повеќе сум го изиритирала. На крај и млекце му дадов да заспие, заспа мирно и сега се разбуди цело го поврати. До сабајле нема млеко веќе! Фала мајка!!!
Ова еднаш ни се случи, се погоди исто баш кога бевме на адаптација во градинка а баш тој ден му дадов авокадо (претходно имаше пробано авокадо, само сега изеде поголема количина) и повраќаше многу, крвната слика му беше во ред и не знам дали беше стомачен вирус или од авокадото, ама од тогаш веќе не сме му дале Како е сега? Давај му само компирче, банана, такви работи додека се смири и течности
Два дена сме со температура, 10 дена наназад многу слабо јаде, скоро ич. Денеска три лажички изеде во тек на цел ден. Давам Блокмакс на 8 часа, паѓа и после 5-6 саати почнува да качува. Најмногу отиде до 39.2. Вчера направена крвна слика, леукоцитите паднати, црп мирно. Кога да очекувам да почне да јаде? На цицање живее, а слаба сум со млеко. Давам Well Baby капки со надеж дека ќе отворат апетит... Што друго можам да преземам? Каснува само смока. 8+++ е. Прво разболување ни e и осеќам немоќ пред ова нејадење, не отворање уста, буткање рака со лажичка...
И мојата е болна,нема температура ама кашла и полна е со мрсули,имаше и црвено грло, пие антибиотик и инхалации,не отвара уста плаче вришти само кога ќе го виде столчето за јадење а камоли да и дадам,само цица и една две лажици ако касане.
Не знам точно како да објаснам, што се случи,но ќе се обидам, умрев од грижи. Бебка скокаше на кревет, се мачи да стане сама за да оди и божем да ја фатам да не падне, некако се наведна и со окото ми се поткачи на прст. Страшно плачеше, ама кратко, после пак се смееше, ама се плашам да не има некаква штета на окото. Немам нокти, малку подраснати ко за сечење, ама сепак прст во око не е мала беља. На што да пазам, каква последица да очекувам? Немаше ништо видливо, освен како подзамижано што и беше додека заспа.
Здраво мајки, бебе е 4 месеци само на доење немаме промени во рутина(козметика, прашок) вакво црвенило има 2-3 дена на вратчето едното раче и рамо. Користиме Uriage Xsemose. Дали има некој слично искуство да сподели што помогнало додека да ни помине време до прегледот наредна недела. .
Овие се егземи, атопичен дерматит има? Биодерма маслена купка и биодерма лосион, на вакви егземи првото дете го мачкав и маст со кортико (бетаметазон, адвантан). Секако доктор ми препиша тогаш.