Mене големото така ме има збрцано во око, страшно, многу болеше, ама еве до ден денес немам последици. Не се сеќирај, ако има нешто ќе приметиш.
Ме извади од памет, бесно дете. Еве ја денес е уште побесна ако е возможно, не и солзи окцето, не и е црвено, гледа убаво, прати со него. Сигурно ја има здоболено страшно, ама се надевам нема повреда. Секако ќе ја носиме на преглед во петок,па ќе и кажам на др ако може да ја ѕирне. Нека се живи и здрави, секој ден стрес тест ни е.
Кај големиот потврдивме рсв. Шо да очекувам кај малово? 3 и пол месеци е, не постои можност да ги изолирам еден од друг.
Следи го и ако почни да кашла одма да го носиш да го слушни доктор. Малата моја на нецели два месеци фати рсв од поголемата и на болница лежевме за бронхиолит.
Јас би инхалирала со физиолошки, чим малку почне да шкрипи со плус пулмикорт. Кај мене големиот е со инфлуенца А... Бебево 3.5 месеци, и ковид и рсв пројде уште грип фалеше
не лази, и нема лиги ич,може од млеко да и е навечер сама сака да пие . Ќе видиме дали ќе помине брзо
Девојки, кажете нешто ефикасно за црвенило на пеленска регија? Пробав со фризи дерм, веледа, судо крем, јекодерм ама не гледам никакво подобрување. Бебе е многу црвено, како опекотини има. Дали може да се јави од тоа што почна да јаде? Не ми е јасно од што одеднаш и никако не проаѓа.
Јас само тоа од мал користам и нема проблем. Исфрли влажни колку можеш, јас дома само го мијам, ако сме некаде со влажни ќе поминам ама ептен ептен ретко. Вака проблем нема со пеленско осип, а кога ќе се јави мачкам бепантен. Моето вака имаше пред некое време, не открив од што се, му стоеа некои две недели како тврди загорени, имаше прво на едната нога, па на другата, па на едната рака неколку, и на врат, заминаа сега.
На бебето газето му е рапаво. Некогаш е пропратено со црвенило,но некогаш не,само на допир се чуствува рапаво. Мачкам мустела 1,2,3 некако не поминува. Што да му ставам?
Знаеш дека заборавив дека ковидот постои? Со големиот два пати прележавме, многу мака видовме. За грип јас се вакцинирав, ако можам некое антитело да му дадам преку доење, бар од тоа да го заштитам, секако под услов да се погоди вакцината за соодветниот тип. Засега малото нема ништо, големиот е 4 дена со симптоми, ама ко на игли сум, туку мерам температура, го набљудувам како диши, зошто спие, зошто не спие... Постои некаква можност да го одмине?
Може и да не качи темп, двајцата имаа без темп. Инаку до 6 дена е инкубација за рсв, секако може да го одмине. 4 дена се и од грипов, малово мое нема темп... Ај нека ги одмине двајцата