Претпоставував и сакав да ти пишам ама и јас дежурав со малото цела ноќ, качи температура again и заборавив. Добро барем сте фатиле порано, ќе се среди со инхалации.
Со помин, ќе му се исчисти одма од инхалациите, што му дадоа? Вие сте странство така? Многу часа сте чекале
Со помин нека е и кај вас, да се среди побрзо. Немаше наод за антибиотик, црп беше мирно, нема температура, па докторот рече да пробаме два дена инхалации само со физиолошки, па ќе следиме состојба. Да, многу се чека, затоа и се мислев дали да одиме или не. Ама со дете под една година секогаш имаш предност, воглавном сестра за тријажа го прегледа после 30 мин, немаше температура, дишењето беше нормално, немаше ретракции, весел беше, па според тоа и не бевме приоритетни за брз преглед од доктор. Ама битно после 30 мин влеговме во посебна соба за преглед и таму останавме до крај, пошо чекалната беше преполна со болни дечиња, од тоа ми е најмногу страв, да не закачи уште нешто од таму.
Девојки веќе две недели сме болни,со мрсули ова и е втор антибиотик,поткашлуваше ама вечерва ептен,дали да ја носам на оделение,можно ли е и покрај терапија со антибиотик да спушти на гради?
Некни бебето почна да фрчи на нос, вчера цел ден така,така, фрчи, не фрчи, ама почна и влажно да кашла и како зарипнато кашлање, како ларингит кога не фаќа нас. Ноќта многу лошо ја поминавме, спие ама кога проба да цица, затнат нос к не може, колку што се разбирам нормално дише онака(не забрзано и рамномерно). Ставив спреј и физолошки ама не помогна многу, за беља баш у очи викенд и матичната не работи, а кај нас ургентна е што да ти кажам одма ант ќе го шибнат. Инхалатор неам ама ќе гледам да најдам денес од дежурна аптека. Температура нема, Не знам што да правам, да не спушти на гради за два дена се мислам…/ ептем ми е страв, прв пат е болен.
Ние сме така две недели и никако да се опоравиме,и кај мене на почеток беше како ларингит да има ама на доктор ми рекоја од носето,тогаш и беше малку црвено грлото и дадоја антибиотик и инхалации со физиолошки,подобрување само во гласот и грлото и беше смирени,носето уште се мачиме,бевме на контрола се е во ред нема на гради а носето и е полно и кашла одвреме навремправевме крвна слика леукоцитите и беа високи и ни дадоја втор антибиотик појак ама не гледам подобрување,дете весело,игра трча,јаде се прави незнам веќе.Утре теба да почнам на работа,како ќе оставам вакво дете незнам.
Зар за црвено грло антибиотик одма дадоа? Јас не сакам одма ант да му давам, секако прие друг поради друга состојба и сакам минимално што можам да го подложам на антибиотици. Јас колку што знам црвено грло е обично од вирус последица, како и ларингитот и се лечи обично симптоматски. Леле ич не знам, он исто весел, расположен, јаде, само не може да дише убаво кога цица и е нервира и зарипнат е малце, а не кашла многу, денес воопшто не кашлаше.
Највероватно е бактериски,леукоцитите и се високи,највероватно бактерија од градинка,ама касно е за брисеви.
Ќе имсш искуство со тек на време па сама ќе инхалираш одма што чуеш дека хрчи, нема да чекаш лекар. Инаку за спуштено на плуќа, само физиолошки тешко да ви помогне. Знам дека сте надвор и не даваат баш кортико, ама од искуство со децава дур не стаиш пулмикорт за плуќа, не проаѓа. Следи го. Има црвено и црвено и гнојно грло. Одма се гледа црвено грло ради бактериска инфекција и мора антибиотик. Син ми има 4г и пиел антибиотик неколку пати само за црвено грло. Многу беља праи нелечена инфекција на грло. И на уши и на крајници, не дај боже и на други органи. Инаку и јас имам живеено во UK и сега сум ептен поврзана со нив така што знам како функционира и NHS и како размислуваат за земање антибиотик. Ама исто така знам дека лани имаа над 10 случаи на починати деца од стрептокока А. Таа е главен причинител на гнојно грло. Не е ова за тебе лично туку општо. Не земајте антибиотил за грип, сипаници, коксаки, мононуклеоза итн... кога знаеме дека е вирус. Кај докажана бактериска инфекција мора. Бебето ако има ептен затнато носе да не можр да цица, прсни оперил детски по еднаш во носето. И ова е препорака од одлични педијатри од Скопје. Подобро капки за нос, него да не цица о и не дише. Штетата е многу помала.. инаку можеш капки со оригано да ставаш, природни се.
Е да, црвено гнојно се лечи со ант, посебно гнојна ангина ако се фати скраја да е. И јас не сум против ант ако има потреба, како што се докажало во случајов со крвна слика прво. Јас ноќеска му го исчистив носот со шприц и со физолошки и ставив сецкан кромид во спалната, другарка ми го кажа ова наводно помагало и стварно цела ноќ си дишеше без проблем и цицаше, сега го слушам уште малце дека фрчи ама за разлика од вчера е супер и не кашла веќе. Не знам дали да го носам на доктор, да не прифати нешто друго таму, нема место внатре ич, а надвор истура, втора смена е матичната иам време да се одлучам ама стварно ми изгледа ок он па си викам да не го доразболам…
Не го носи ако е подобар. Моево бебе имаше 2 недели мрсули, не го однесов. Вадев мрсули мирно дишеше, инхалација преку 1 ден и добар е. Грип од брат му за чудо не префати.
Сепак го однесов на доктор, црвено грло и не прати крвна слика да направиме, 5 дена инкалации со кортеир и физолошки. Нема ништо на гради. Сега во аптека ме збунија, докторката пишала 2мл физолошки, 1мл кортико, 2х на ден, ама аптекарката вика нели е тоа многу за бебе, обично 0.5мл се дава сабајле и 0.5 вечер. Аптекарката ми е пријателка и самата е мајка, како ги дозирате вие инхалациите со кортеир?
Веројатно е индивидуално и според состојбата. Двапати дневно инхалиравме со 1/4 ампула од 5мл + 1мл физиолошки.
Nie momentalno inhalirame so cortair sabajle i vecer po 1ml so 2,5 fizioloski ama cortair od 0,25. Inace za edna nedela 3 meseci ke pravi
Сега само што ни препишаа ова, истото, по 0.5 ни препишаа. Така да 0.5 ставај на една инхалација, а правиш 2 пати на ден.