Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Kalija.P

    Kalija.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    55
    Бебето сабајле се разбуди со темп. од 38.9 (му измерив со топломер во газето). Бевме на преглед, докторот рече дека нема ништо на грло, на гради засега ништо, не е од вадење заби, не е од воспаление на уво. Некој вирус што демек очекува брзо да му помине, освен ако не се раскашла или добие пролив или повраќање.
    Дадов 2 пати течен парацетамол согласно неговата килажа, го избањав со млака вода еднаш, го премачкав со алкохол, и го намачкав неколку пати со лој од гуска на градите, превентивно.

    Температурата од 10 чадот наутро досега е истата, 37.7 и 38 во газето, не се симна воопшто подолу. Докторот препорача само доколку качува да се прејде на комбинација од блокмакс и парацетамол...

    Се мислам дали да му дадам сега блокмакс... Многу е раздразнет и плачлив... :(
     
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    12.686
    Пол:
    Женски
    Дај парацетамол, нема потреба од Блокмакс под 39. И доволно е туширање, не морало ни алкохол, ни лој, вирус е ќе помине.
     
    На KuklickaSk и Kalija.P им се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.878
    На 1209 и stoimanovskamarija им се допаѓа ова.
  4. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    На KuklickaSk и 1209 им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    8.955
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,
    Не дека е толку итно ама дали некоја од вас знае за што станува збор?
    Малава го има веќе недела време. Има уште две-три помали вака. Како осип, рапаво и суво. Како лишај нешто е.
    Прво мислев од пелена или од храна, сменив тие пелени што сумјав, ама не се повлекува.

    20240103_182207.jpg
     
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.105
    Допаѓања:
    24.396
    Пол:
    Женски
    Сваќе ова на егземче личи, лишај, ако имаш некоја крема со кортико (батаметазон) намачкај го. Ако не сакаш кортико тогаш биодерма лосион.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.571
    Допаѓања:
    108.782
    Пол:
    Женски
    Дерматитче некое е, не е контактно, јас на своја рака не би мачкала би контактирала доктор.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    8.955
    Пол:
    Женски
    Немам сваќе. Ќе прашам доктор ако дава. Ама ништо чудно на мене ако се има метнато со чувствителна кожа. Барем не се чеша.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Ллој од гуска не се мачки на гради никако додека детето има температура, таа дополнително загрева.
    Се надевам подобри сте денес, за друг пат немој.
     
    На Kalija.P му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Ве читам @KuklickaSk и @MikicaBt имате искуство со рсв на мала возраст. Бебето ми е 3 месеци, на 2 ипол завршивме на болница со бронхиолит, аври негативен, трахеален негативен. Таман “оздравивме” големата фати бронхит, малото пак почна да кашла, во петокот испадна рсв на аври панел, резз од трахеален дури вторник. Прајме инхалации 4х дневно и 2х дневно ја боцкат урбазон.
    Преплашена сум, ова ко да нема крај.
    @IRBBB вие како сте со големиот?
     
  11. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.319
    Допаѓања:
    1.452
    Пол:
    Женски
    Мојата во јули фати, инаку трицеф антибиотик, инхалации со атровент 10 дена и неколку пати прими урбазон. Еднаш преку инфузија а другите пари со инекции. Ќе помини. Не знам друго што да ти кажам.
     
    На MartinaMM му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.878
    Мислам дека ќе бидете ок чим инхалирате толку многу. Само со инхалации се лечи рсв.
     
    На MartinaMM му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 21kike21

    21kike21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    76
    Здраво
    Се породив на 13 дек.само што дојдовме дома носето цело време затнато,незнам дали и тамо и било тамо,само по 3_ 4 часа ми ја носеа царски бев,на прва контрола вика не е страшно се чисти ама хрчи цело време,се буди често. Инако добра е си цица супер но и тогаш како да и снемува воздух,ке ја преместам позата и се смирува. На 13 сега сме на контрола можеби требаше да ја однесам,но страв ми е од другиве вируси на не ја малтретирам си реков. Ставам пред подој аква марис спреј,пробував да извлечам мрсулче излегоа 2,3 коренчиња но не и тече ,не кашла само носот.
    Да не сте имале некоја вака секој совет прифаќам.. инако е супер мирна си цица супер
    Ви благодарам
     
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    21.197
    Пол:
    Женски
    На контрола не можеш да не ја однесеш. Вируси има да, ама мора доктор да си ја следи во првите месеци како напредува.
    Секрет во носето повеќето имаат на почеток. Аква Марис прскај но немој по секоја цена да влечеш со аспиратор, само ако ептен има потреба. Пробај ставај расечен кромид кај што спие, го олеснува дишењето. Ставај ја да спие во положба во која што не хрчи. Нема што друго да направиш, на контролата најубаво ќе ви кажат што да превземеш.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.571
    Допаѓања:
    108.782
    Пол:
    Женски
    Мајка бебе ти е премало за да не ја следи педијатар. Нема ни 1м, мора да ја измери, да ја провери фонтанелата, да види главче како расте, како напредува општо. Ни под разно не ја пропуштај контролата. Оди и чекај надвор ако треба или во кола па влези само за преглед, земи некој со себе. Моето е 1г па сеуште го носам на преглед, напредок мора да се контролира. За носето зависи со што се греете и колку е влажноста на воздухот, да не е суво многу и од тоа им се затнуваат носињата. Не прскај толку чести аква марис, ќе ја иритиран слузницата со толку влечење. Нормално е да има секрет и до 4м, се чистат од плодовата вода. Ако нема други симптоми на болест, тт, кашлање, осип и слично, не е страшно. При бањање ќе омекнат ќе ги извлечете.
     
    На 21kike21 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.731
    Допаѓања:
    9.427
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки се приклучувам на темава тазе породена втор ден пост царски уште сме во болница. Имам дилема бебе некако зарипнато ми плаче и одма паничам да не е болно јас бев настината, маж ми со маска го гледа кратко од далеку прашав педијатри сестри да не е болен сите викаат не не се чисти носето уште од раѓањето ама баш се плашам за него во период на настинки. Дали ако е болен ќе има и нешто друго мака или да барам некои испитувања плус да му прават? Вака е супер нана влече града плаче само за ручкање
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.878
    Честитки. Во болница сте, нема што да паничиш, секој ден ги прегледуваат со стетоскоп и крв ќе му проверат плус. Не се секирај.
     
    На LadyInPainting, Fenix05, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    620
    Ајде и овде ќе прашам, може побрзо ќе добијам одговор. Син ми имаше 38.4 температура, дадов далерон сируп, спадна ама еве после 3 саати има пак 38.4? Што можам да направам? На упатството пишува најмалку на 4 саати растојание да се пие втора доза. Имам и чепче дома.
    Не можам да ја добијам матичната.
     
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.105
    Допаѓања:
    24.396
    Пол:
    Женски
    Раслечи го, туширање со млака вода, пробај бар уште 1 сат да го разладуваш природно потоа пак сируп дај му, добро е што не крева повеќе и прашај за точна доза да не даваш помалку, парацетамол јас давам секоаш пола од килажата, ако е 10кг 5мл парацетамол.
     
  20. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    620
    Раслечен е, туширан со млака вода, чорапи ставивме во оцет. Сега ми ставив чепче, намалува пак. Може згрешив, не знам, ама прва температура ни е, се уплашив.
    Доза му дадов според упатство.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.