М Моето бебе на 4м има мораксела во нос. Има повремено секрет во нос и редовно зелени мрсулки. И матичната и педијатарот у Систина кажаа дека не се третира никако ако нема темп, не кашла и е генерално здрав.. не знам што да речам, ставам само диво оригано.
Да не знае човек што да прави, он еве цел месец фрчка со носот ништо друго симптоми. Од инхалациите се разводенијс и почнаа зелени земавме брис и испадна ова. Зелените мрсоли ги снема ама преку какање нон стоп шлајмови има и тоа убаво си се познаваат. Како длабоко да му е така се слуша. Еве почнавме од преес со сирупот да се надевам ке се повлече дека 4 дена од маст како ставам никаква промена нема. Амоксиклав одговара со него почнавме 2 пати по 2мл, страв ми е само од алергија дека е пеницилински ама да се надевам нема да е, никој не сме во фамилија.
Се исипа ситно прво на нозете, па нагоре. Не се секирај, нема да има ништо. И јас и маж ми сме со алергии к двете деца ми се така.
Здраво мајки бебе 6 месеца има ноќеска наеднаш се разбуди со пиштење го зедовмо и почна како да се рипа да се притресува тоа неколку секунди и ке престане ке почне да плаче ка уплашен таке правешенекое време бевме на доктор настинат е имасетемп 37.5 и слајм затнат нос дали има некој искуство со ова рипање незнам што е ама не извади од памет
Бебе 4м и 1 недела. Хемоглобин 102. Која ви е границата за примање на капки/сируп? Имавме корона пред ноба година, денес прими шестовалентна и рота. Матична вика преку доење, а во диспанзер докторка вика задолжително суплемент за железо.
Како да ти кажеме што да правиш, правевте ли крвна слика и брисеви? Освен тт други симптоми има? На лекар ја носеше,терапија нешто примаше?
Ми се јави докторката, ми рече да го избањам со алкохол и вода. Фала богу му спадна температурата. Прв пат сум мајка ете незнаев што да правам затоа и прашав, се испаничив матичната не ми креваше. Ти благодарам на одговорот
Јас не разбрав, бебето е 12 дена старо или 12 дена крева температура? Ако е 12 дена старо, треба неонатолог да го види, не обичен педијатар. За бањањево со алкохол и вода првпат слушам, колку и да е разреден алкохолот се упива преку кожата. Тоа важи за бебе од било која возраст. Парацетамол или слично дали даваше?
Од ум се извадив сега, бебето ми какаше и столицата беше онака како ситна како талог, зелено, темно кафеава, знам дека кога личи на талог од кафе е крварење и треба итно на лекар, ама не знам баш како би изгледала таква столица, оваа ем ми личи ем не на таква. Ама детево јадеше банана леб со овес и боровинки кој беше доста темен дури црн, од овес обавезно му е темно зелена каката, онака е нормален, ниту тт ниту повраќање, си јадеше, се понаша нормално. Од боровинките е или да носам одма на лекар?
Често го даваат тој совет со алкохол разреден да се симнува температура. Јас немам мачкано зошто алкохолот реално ја гори кожата не сум гледала причина да мачкам. Само оцет имам ставано еднаш на нозе и тоа докторка од систина пуздер ме направи колку мирисало ќе сум го изгорела детето.
На малата од сабајле приметив како да и свиреа градите,и едвај дишеше,па отидов право во Козле.Бронхиолит и рекоа,Урбазон прими и на 6 часа ни препиша инхалација со Атровент,ама нигде не можам да најдам.Дали знаете кај има или која е посоодветна замена?
Не те карам,ама бебе не се чува дома со температура повеќе од 2 дена. Да си знаеш за друг пат,се надевам ќе биде добро.
Ама тоа ако детето има температура од 40 што не се симнува и покрај дадени антипиретици, инфузија, да се исцрпи се', како крајна опција е ладење со алкохол разреден со вода. Не на 38 степени.