Ова со шприцот е стварно спас. нема шанси да се повреди бебето. Јас со години така им чистам и фала Богу сме немале никаков проблем. За 3/4 дена поминуваат мрсулите.
Дали кога ќе почне жолтеникаво да има во мрсулите значи дека оди на подобро? Петти ден денес, трет со инхалации. Вчера се утепа од кашлање, затнат скроз, не може да дише. Срце ме боли. Релативно мирно спиеше, сабајлево 1-2 кратко се искашла и нема сега мирно е. Не знам дали пак да го однесам на контрола.
Да, се формира секретот и сега вади, за да не се лепи, да се затнува, чисти го редовно само. Велат густ секрет не спушта на плуќа.
После инхалацијата сабајле почна да кашла влажно и како да свири малце кога дише. Дали ова значи дека се спуштило на плуќа?
Не би знаела. Може само да е разводнет секретот па да е заглавено некаде, тапкај по грпче дури лежи врз тебе ама полуседната ти, не легнати, ќе се отпушти.
Не мора да значи, мислам дека не. Сигурно има многу шлајм. Кога ќе почне да свири легни го во тебе и тапкај по грбчето да се искашла. Ако прекине свирењето/хрчењето шлајм е, ако не правец на доктор. Ако го носиш на доктор не го инхалирај претходно.
Тоа е и целта на инхалацијата,да го разводени секретот полесно да го искашла. Најважно е после инхалација да не спие и да го тапкаш по грбче да се искашла.
Бевме прво кај матичната, го слушна кажа дека не е спуштено на плуќа, ама дека и е страв да не премине во Бронхиолит и му даде Амоксиклав сируп и Вентолин во инхалациите да ставаме. Ни даде упат за Педијатрија зошто фаќа викенд, ако недај Боже има нешто. Ама додека бевме уште на преглед многу беше сув воздухот таму и он почна да кашла ептен и докторката се испаничи. Не прати одма на Педијатрија за и таму да го видат. Докторот таму со скроз различен став од нејзиниот. Ја виде крвната слика од средата, само Лимфоцитите му беа покачени, ЦРП 0.40 беше. Го слушна и он, вика не е на плуќа, негде позади е. Јас не сум за антибиотик, прекинете ги и инхалациите и само тапкање по грпче и вадење на секретот. Ако има нешто да го носиме одма кај него. Он важи за добар педијатар, а матичната е семеен лекар, не е педијатар. И сега кој да слушам, како може толку спротивставени ставови да имаат не ми е јасно. Со моето неискуство тотално ме дозбунија и баш се осеќам несигурно моментално.
Да слушаш педијатар. Колку и да има искуство општ лекар, докторот на педијатрија цел ден само со деца си има работа, сигурно има подобро искуство И јас да сум општ лекар, ако не сум сигурна ќе препратам на специјалист, зошто тој би знаел подобро.
Мене размислувањето на педијатарот повеќе ми има логика, не значи дека нема да спушти, можеби, но според тоа што го опишуваш мислам дека само исфрла шлајм. Секако ако има нешто одма ќе го однесеш.
Да слушаш педијатар. Тие се специјализирани за деца. Не велам дека вашиот семеен лекар не знае. Ама е многу поинаку прегледување на дете и возрасен. И тетка ми е лекар, па внуците никогаш не ги прегледа. Секогаш и вели на братучеда ми, носи ги на педијатар јас не сум лекар за деца.
Она му е матична на него, не е наш лекар. Работи со деца, ама не е специјалист педијатар. Секако решив другиот доктор да го послушам, па ќе видиме. И јас сум против одма антибиотик да се дава, ама кога ќе дојдеш во ситуацијата да си го гледаш детето така, перцепцијата малку се менува.
Тоа е точно дека се менува перцепцијата. Искусив на своја кожа. Тогаш не знаеш дали да реагираш или да оставиш одлуката да падне само на лекарот. Ќе помине. А ние ќе белееме во косите
По мое искуство ако јаде, си игра, весел е, нема температура и педијатар вика да се почека, јас така би направила. Следи го, ако ти е сомнително однеси го пак. Во меѓувреме чисти секрет колку можеш и тапкај го по грпче. Зрела кашлица е добра, исфрла.
Да, весел си, е си лази, си игра, се смее. Нејќе баш да јаде зошто е затнат, само цица, ама добро е што скроз не одбива. Тоа е, ќе го следиме и ќе видеме што ќе испадне на крај.
Апсолутно нема потреба од антибиотик и да направи бронхиолит, а твоето бебе нема, затоа што ќе биде вирусен. Антибиотикот нема да има никаков ефект. Двете деца како бебиња на 2 месеци ми имаа бронхиолит, два пати се излечија само со инхалации со вентолин. Ова беше дадено во Козле. И секако педијатарот повеќе искуство има со вакви работи, тоа му е специјалност.
Син ми како мал многу често имаше и бронхитис и пневмонии и со искуството што го имам не значи дека ако во моментот немал спуштено нема да спушти за пола саат или пак саат, сето ми е минато ако ништо нема па за пола саат има и друга работа кај децата па макар и возрасните многу е тешко на слушалка да се слушне само рентген снимка за прецизно. Јас на твое место не би го оставила без ништо ако не друго барем со Вентолин инхалирај кога веќе ти дозволиле дома бидејќи пред 8,9 години вентолинот се даваше само под лекарски надзор и амоксиклавот и не ти е некој јак антибиотик па и него да го вклучиш немаш штета, не се потпирај на крвната пред некој ден зошто не ве пратиле сега повторно да направите лабораторија сега би се видела реалната слика.