Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.007
    Пол:
    Женски
    А зошто амоксиклав? И онака веќе на ништо живо не делува, па демек не е јак, нека го дава? Доктор си ти? Како бе вака кажувате што да зема? Тоа што рекол педијатарот ќе си го послуша, а со вакви глупи совети од типот нема штета од амоксиклав, не си правите добро. Поради тоа лапање антибиотици кога не треба, сега не делуваат во многу ситуации. Ама не мислите ич што пишувате.
     
    На H.VAGA, 1209, le.soleil и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.615
    Допаѓања:
    21.240
    Пол:
    Женски
    Јас решив да не и реплицирам, ама ме иритира кога некој не размислува како и е на таа мајка со болно дете што го чита коментарот. Доволно сум збунета и исплашена, па уште такви муабети ми фалат. Сигурно за некое време подобро ќе се справувам кога ќе биде болен, ама прв пат ни е и мислам дека сосема е очекувана мојата реакција. На форумов пишувам и прашувам зошто го ценам искуството и мислењето на многу од вас тука. И не барам со перо да ме мазни некој, ама не мора и напаѓање нели. Нормално дека детето нема да го лечам базирано на коментарите од форум и ќе слушам доктор. Ама ете секогаш има некој што ќе се направи дека знае се.
     
    На Splendor. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    1.701
    Пол:
    Женски
    Вака значи не сум доктор но докторирав на темата на најлошиот можен начин, искуството ме натера да научам и тоа што никогаш не ме интересираше. Кога има силна кашлица проследено со свирежи подобро ќе превенирам ако се може со амоксиклав него ли да завршам со урбазони. Можеби и нема, ама пак е премногу тешко да се препуштам на случајноста шта би било каде би било.
     
  4. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    1.701
    Пол:
    Женски
    Во никој случај немав намера да те плашам и загрижувам напротив намерата ми беше да помогнам, јас многу добро знам како се чувствуваш милјон пати минав низ многу полоши работи затоа и ти пишав ако можеш да спречиш да не минува никој низ такви ситуации. Јас ти се извинувам ако ти предизвикав лоши чувства, не ми беше тоа намерата.
     
    На Bella_Stella и Fenix05 им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.859
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Во темана за вакцини те читав дека си против, а сега овде "нема штета од антибиотик". Знам дека од искуството на паталец нема полошо, ама советиве не ти се на место. Има многу деца што лесно спуштаат на плуќа, ама има многу што можат да се средат со тапкање, перење нос, без појака терапија и како доктор ти кажувам дека добар доктор секогаш ќе проба да го спаси детето од терапија ако неговото искуство кажува дека болеста не е премногу прогредирана. Јас и пулмолог да сум, не можам да кажам дали на детето му треба антибиотик на форум. И вентолинот не е витаминче туку така да се прима. Со помин на секое дете секоја мака, ама доктор што кажал треба да е порелевантно од мислењето на било кој друг.
     
    На 1209, Bella_Stella, Tiny Love и 4 други им се допаѓа ова.
  6. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    1.701
    Пол:
    Женски
    Ако добро си прочитала во темата за вакцини ке видеш дека не сум против вакцини туку сум против македонските вакцини ако се воопшто и вакцини ниту пак реков дека нема да го вакцинирам моето дете туку дека ке биде вакцинирано на одредена возраст. Ако си доктор можеш да посочиш дали Вентолин се дава на толку мало бебе во домашни услови. И да можеби искуството на паталец е најлошото искуство но кешки и мене некој да имаше да ми каже да не Минев низ тоа што поминав. И секако во право си некој може ке помине и само со тапкање и перење носе. Ама тоа кој може да ти каже до сигурност, како доктор сигурно знаеш колку брзо се менува клиничката слика кај децата... Кешки кај сите да поминува со лесно.
     
  7. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    3.134
    Пол:
    Женски
    Ама нејзе од доктор педијатар и е кажано да не се дава антибиотик и да се следи. Затоа нема тука опција дај за секој случај. Ако се лечиме сами за секој случај дај да не одиме по доктори.
     
    На Annath, Bella_Stella и Giovanna им се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.247
    Допаѓања:
    27.878
    Никако на своја рака вентолин, прво тој се дава строго мала доза (пример син ми примаше 0.1мл ), второ дава силна тахилардија. Само од доктор препишано.
     
    На Ava.84 и Annath им се допаѓа ова.
  9. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    1.701
    Пол:
    Женски
    Мислам дека членката имаше пишано еден доктор вели амоксиклав друг не. Констатација ми беше само и само најдобро намерна, сепак секој родител знае што е најдобро за своето дете. Со лесно и брзо нека му помине на детенцето.
     
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    145.269
    Дете што има спуштено веднаш се познава. Не е весело. Барем мојата беше поспана.
    Кај Маја ли сте матични?
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.859
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Не еден и друг доктор. Семеен лекар, значи општ што работи генерално со возрасни, и специјалист педијатар на клиника. Првиот и сам бил свесен дека ситуацијата можеби ги надминува неговите способности или нема доволно искуство, и ја препратил кај вториот, што е правилно бидејќи е специјалист. И на вториот мислењето е порелевантно.
    И јас како општ стоматолог давам мислење за вадење на заби, ама ако орален хирург каже нешто поинаку, секогаш неговото мислење ќе го сметам за поправилно од проста причина што повеќе заби извадил од мене и повеќе искуство има како специјалист.
     
    На H.VAGA, lackygirl, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  12. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    1.701
    Пол:
    Женски
    Хах абе јас многу добро знам што е општ лекар, а што специјалист,субспецијалист итн... И чие мислење е порелевантно. Како и да е немав лоша намера или пак да наштетам некому...
     
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.615
    Допаѓања:
    21.240
    Пол:
    Женски
    Да, кај Маја.
     
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Ставовите на педијатрите се што по природно и без антибиотик ако може да пројде добро ќе биде али битно да се проба. Додека пак семејните лекари се површни и одма даваат антибиотик и често грешат дијагнози. И антибиотикот ако го даваш не ти е гаранција дека на крај ќе биде излечен може да биде недоизлечен па на зинат да ве префрлат тогаш побетер. Мој совет слушај педијатар они најдобро знаат тоа им е специјалност на нив.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Ти ја разбирам поентата која ти е и дека не е ништо злонамерно, но јас ќе ти ја кажам другата лоша страна на антибиотиците. Јас од мала до 19 години бев константно болна и со антибиотици и погоди што добив само лупус ништо повеќе и тоа се од едни крајници што не ми ги извадиле на време и тоа општиот лекар викаше не нема да ги вадиш филтри биле а јас бронхит на крај закачував со нив и да ти кажам ме унакази.

    Сепак детето и е прв пат болно и да спушти на плуќа ќе се оправи, но треба да види дали би и спуштило или не за во иднина при следна настинка да знае како да третира дали одма со антибиотик или природно.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.615
    Допаѓања:
    21.240
    Пол:
    Женски
    Мајки фала ви на сите на советите и поддршката. Добри сме денес, нема знаци на влошување. Поткашлува, ама многу ретко. Тапкаме грпче колку што дозволува, чистиме секрет и тоа е тоа за сега. Се надевам дека нема тек да се влоши. Он си е весел, расположен, си игра, си збори на негов јазик, ист е како и обично. Доручек сака, ручек одбива, со молење каснува нешто ситно. Пред малку ова му го приметив на ноџето и не знам што е. Дали некоја случајно знае? Нема пробувано ништо ново од храна.
     

    Прикачени фајлови:

  17. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    19.133
    Пол:
    Женски
    Мајки бебе има температура 37.8-37.9 не ја симиња го избањав го расоблеков пред скоро саат сеа пак мерам 37.8, да давам шуруп или не? Во средата примивме рота и петовалентна можно ли е да е до тоа? под стрес сум што е викенд и матичнава не работи
     
  18. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.121
    Допаѓања:
    24.427
    Пол:
    Женски
    Ми личи на удрено. Да не се има запнато на нешто.
    @Carolin. Почекај уште малку не мн висока тт, ама ако му е тешко него, омалкаксано ако е дај му сирупче. Форсирај доење сега. Течности да прима повеќе.
    Со помин на сите.
     
    На Bella_Stella и Carolin. им се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.247
    Допаѓања:
    27.878
    Ако е кенкаво бебето, дади сируп. Ако е ок, јаде, пие почекај.
     
  20. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    19.133
    Пол:
    Женски
    38.3..:sweat: имам еферангал дома тоа ми дадоа уште вакцина кога примаше, сега заспа. Ми вика мм да му дадам, а јас лепенка на чело му залепив и по боди го соблеков, не сум паметна што да правам :worried: