Ми личи на гребнато малку. Го гребам моево често додека го облекувам иако немам нокти и вака изгледа.
Ne ti se davi od fizioloskiot ? Jas dvapti probav i dvapati dobro se izvadiv od pamet I veke nikogas ne staviv fizioloski. Sega prskam marisimo sprej I vlecam so nosko frida
Ич не знам, таа ми рече денес рота 3та доза и петовалентна, долу ми е книшката. 6 месеци на 11 ке правиме.
Од што може да е ваков осип? Само на горниот дел од телото и на рацете има. Денес на преглед го приметивме, дома немаше ништо. Докторот рече дека можно е да е контактно, ама не сум сменила ни прашок ни козметика. Да го избањаме па да видиме дали ќе ги снема. Пробав под чаша, мислам дека исчезнуваат. Прво беа помалку, кога дојдовме дома се зголемија како на сликиве.
Ох Бела се измачивте и вие и бебе. Не знам што е,ама посакувам побрзо да оздраве. Да не е облечен многу,да не е од топло штом се смирува со ладење?
Не ми се верува да е од топло, стално иста температура држиме дома. Не знам, ништо такво не спомна. Рече да видиме дали ќе се повлечат, ако не кога ќе одиме во вторник на преглед ќе ни дадел нешто да мачкаме. Мир немам веќе.
Моево кога беше болно му се појави и некое црвенило во окото. Докторката баш ми искоментира можно е да конјуктивит, оти кај некои деца вирусов дава кога е во фаза на одминување, ама да бидеме сигурни отидете на очен. Очниот кажа дека се испукани капилари од напон за кашлање. Многу, многу лошо кашлаше. Поминавме со вештачки солзи. Сакам да кажам дека можно е да е некоја последица од вирусот, не слушам првпат за таков случај. Ќе му мине, тоа секако, ама првото разболување ќе си го паметиме.
Да не му е од самата облека што ја носел? Некогаш од паднат имунитет може да се појави осип и од предходно што ја носел облеката. Од прашак не е зошто би бил и на нозете исфрлан.
Од вируси, розеолата знам дава ваков осип. Ама таа оди со висока температура, па осип по 2,3 дена од температурата. А ве читав дека со други симптоми сте... Брисеви направивте ли? Или матичната беше сигурна дека вирусно е тоа што го имаше? И стрептококни инфекции знаат да дадат осипи вака, ама тоа е веќе бактерија...
Па не ми изгледа баш крупен и овој осип... зацрвенето е околу точката како што гледам, а не е голема точката... @Bella_Stella а го чешка ли?
Со различна големина му се брунчињата. Брисеви не направивме, не кажа докторката. Според крвна слика рече дека е вирусно. Инаку не е нервозен и не се чеша. Ќе видам утре сабајле како е ситуација.