Јас денес ја носеа за брис ,ке кажат во среда штое ,се изнамачи бебе неможе да диши нормално а нема мрсулче ,онака нормално нели мора да има -бело коренче одвај еднаш дневно успевам да и извадам дури ми е жал д ја гледам вака,а баш е мирна душа,има грчеви навечер посебно но ни тогаш не плаче мила,само се стега се црви,и ке се испрди (со извинење) онака машки и ке се смири.Ама носот не поминува,кога ја слушам како некој дедо пушач од 60 год. Се надеваме ке се средиме и ние и вие. Позз ако дознаам некој лек ке ти пишам
А како со шприц? Гледав една акушерка со мајчино млеко му вбризга во едното носе од др.излезе,ама ми е страв даа не се задави..
Важи фала ти. Ние сме во четврток на контрола за три месеци, и јас пак ќе прашам. Но, ние се мачиме сега и со повраќање и не јадеме баш деновиве, а изгледа и забите се тргнати, се лигави многу... Не хрчи веќе толку, ја носевме трисена на село и се греевме на дрва да смениме клима уред, може од тоа намали. но дека не јаде многу спие, и извадив преска еден голем бел леплив ама гледам сега пак има. Претежно е чист носот, ама тие таквите може се длабоко па не можат да излезат, не знам. Утре тоа ми е работа... воздух бањање и мрсули вадење..
Бебе 17м почна да кашла навечер неколку дена се накашлува во спиење, препишав прво на сув воздух ама од вчера почна да кашла и преку ден и тоа поинтензивно, вчера навечер помирно спиеше ама па од сабајле почнал почнал поинтензивно да кашла и дури како да му иде да поврати од шлајм, го однесов на матичен го преслуша одма панцеф даде, почнал да развива бронхит, и инхалации со дексазон,нема тт, не му тече нос.Од овие вести за голема кашлица мир немам,.Пред 3 недели некаде поминаа грип децата само со виранто, по ден-два имаа тт и друго ништо.
искрено не знам, ми рече имал малку бронхит, што и да значи тоа, се закашлува ама се слуша дека има шлајм, дури се засркнува за да искашла,денес дури и поврати зашто незнае да доискашла, нема тт, весел е, јаде, само лошо спие се буди ми се чини на секои 15-20 мин, ама и во 10 скок е па можда будењето е од тоа.
Најпрво што имам приметено краток здив и остро дишење. Секогаш ми викале ако хрчи ама кај нас со хрчење секогаш било шлајм во прашање, ова острото дишење мислам не се промашува, одма знаеш дека нешто не е во ред. А и по кашлицата се познава, ако кашла, многу е различна.
Краток здив има од што е затнат, а цело време во покрет. А остро дишење не знам како да распознаам. После сме пак на контрола, се надевам дека нема спуштено. Веќе 9 дена како е болен, некако многу трае. Дали се омалаксани кога е спуштено и креваат ли температура или не? Он нема други симптоми освен што поткашлува и се познава дека има секрет. Весел си е, збеснат како и обично.
Тоа е зезнатото, не мора да има температура, ни да е малаксан затоа најчесто бронхитот покасно се открива, посебно па на почеток нема шанси ти дома да препознаеш. Еве и мојот е болен 10 дена, почна вирусно, па закачи бактериска и сега со панцеф лечиме гнојна ангина. Не се секирај, добро е што сте на контрола. И да има нешто се лечи, три пати имаше мојот поголем и ако се погоди терапијата подобрување има уште вториот ден. Ајде па пиши после како е.
Мајки, ми треба мислење. Бебе е година ипол, пред недела дена почна носето да и тече и да кашла. Бевме на матичен, ја прегледа, чисти градите, кашлањето рече е од што се слева од носето. Направивме брис од грло, испадна стрептококус пиогенес. Инхалации со синомарин правиме цело време, носето веќе е океј, кашла уште ама ептен ретко, насабајле воглавно кога ќе стане од спиење. Грлото е чисто, и подобро звучи на слушалка (бевме на контрола), ама препиша антибиотик за кашлањето. Не знам дали е баш неопходно да пие антибиотик кога веќе е многу подобра. Сакам да и дадам шанса уште 2 3 дена да пробаме со инхалации, чаеви, па да одам пак да ја слушне. Мислење, искуство со оваа бактерија?
Почнувај со антибиотик, не чекај и разговарај со докторот асо да испитате. Нема заебанција со оваа бактерија особено во грло.
Еве. Јас не знам стручно да објаснам ама ќе се открие дали бактеријата се уште е присутна во телото зашто на брис ретко се фаќа. Многу сериозни последици можат да настанат од оваа бактерија, јас имав воспаленија на зглобовите како мала, на татко ми проблем со срцето, син ми и маж ми шарлах поминаа.
Оди на подобро. Докторот рече продолжете како до сега со тапкање и чистење секрет, инхалации по потреба ако е ептен полн, а не можеме да извадиме секрет. Вика за 2-3 дена мислам дека ќе сте скроз подобрени. Неговиот став е дека е многу добро првото разболување да успееме да го истераме без антибиотик. Многу ќе ви биде полесно во иднина вика. Па да видиме.
Супер, многу е стресно секое разболување посебно со густи и обилни секрети, пазиш на дишењето 24/7, се тресеш ќе спушти нема да спушти… Ќе биде добро, ти за искуство побогата за посигурна да бидеш во себе понатака.
Да се надоврзам на твоево и јас исто како мала ја имав и еве ден денес последици со зглобовите. 3 месеци ја лечев со оспен и едвај ја излечив тогаш. Само памтам дека ги вртев зглобовите на раце и нозе и нервоза ми ствараше како да имам нешто да ме притиска и смета не знам како да го опишам не беше болно туку нервозно да мора да го правиш тоа боже ми прости како со синдром да бев мислев нема крај.
Баш така, секој нов ден е нова лекција со нив. Да ги учиме само на полесниот начин, да не заглавуваме премногу.