Бебе не дава инхалации никако, вришти, помодрува од плачење, се откажав, склон е на ларингит. Цицаше па заспа се закашла и почна да повраќа, во 3 млаза како под притисок поврати, лом ме направи и цела спслна плус. После се расони, весел трча, вика се смее. Сега пак со циџање се смири и заспа, го држам во раце страв ми е да го ставам на грб да не повраќа пак. Ме користи како цуцла сега спие и ме држи, ако мрднам цица, долга ноќ ме чека пак.
Вакциниран е за пертусис што ти е страв? Мене бебето ми е со 1 доза самл, уплав имам. Инаку инахалирај го 15мин откога ќе заспие, во цврст сон е тогаш нема да се разбуди.
Кај нас само ТВ пали за инхалации, ама и тоа не секогаш. Еден куп дистракции наоколу има, мислам дека и во празна соба да го ставам, пак ќе најде по што да се тегне. Стави го да спие подигнат во косина и на страна. И ете тој совет за инхалирање заспан можеш да го пробаш ако упали.
Во раце ми заспа и пак се закашла и поврати уште 4 пати, по малце од предходно, незнам дали да одам во болница. Не е вакциниран иначе
Јас би го однела. Подобро да си бидеш мирна! Инаку за инхалации јас моево само со песнички на тел успевам. И по 20 мин знае да ми седи мирен така.
Те читав наназад,дека детето имало шлајм. Се сеќавам и моето,поголемото имаше таков напад со повраќање, фактички он го повраќа шлаемот,тоа го иритира. Нас тогаш ни рекоа добро е што повратил. Внимававме на течности ,му давав орс електролити и наусолвит јуниор капки против повраќање. И б6 истолчена и растворена во вода. Сепак ако ти е на мисла однеси го на лекар. Јас не сум за инхалации во спиење, зошто после инхалација треба да го тапкаш по грбче да се разреди секретот ,а и после инхалација кашлаат децата. Така да залудно ќе ја правиш во спиење. Подобро нека гледа цртани 5мин.
Не знам каков инхалатор имаш дали статичен или мобилен. Но ако имаш мобилен инхалатор шетај го со него песнички,цртани ќе пројде сепак нема да го инхалираш 10 минути.
Вероватно знаеш ама да кажам ,да не е до тоа... Значи штом поврати ,саат време не давај ништо,ни цицање за да се смири желудникот. По саат време почни по малку лажиче по лажиче на 10 мин. Мораш да му го смириш желудничето прво. Цело време на цицка не.
Цела ноќ сме на цицка, се потсмири кашлањето престана да повраќа, он не знае да се доискашла се засркнува и му иде нагон да поврати, иначе да не ми беше доењето незнам како ке поминевме. Не го однесов вчера на болница, ама цела ноќ дежурав, сега на работа тргнав ако треба ке се вратам порано. Мислев да останам дома ама во тој случај па не јаде цело време сака да цица и затоа отидов ке видиме како ке биде денес. Вчера од памет се извадив не ми се случило така да ми повраќа од кашлица до сега.
Големиот во еден пероод не сакаше инхалации ни со телефон, па така заспан го инхалиравме, па заспан го тапкавме и шетавме по дома да се искашла. Знам дека не е препорачливо, ама многу помагаше и таква инхалација. Инаку @macalavica однеси го на доктор ако кашла. Исклучете бактериска инфекција.
Бевме вчера преку ден кај матичната, рече бронхит и му даде панцеф. Ја прашав за крвна слика и брис ми рече нема потреба да го малтретираш се слуша шлајм доста подобро да пие антибиотик да не се искомплицира,вчера преку ден се мислев дали да му дадам ама како имаше епизоди со кашлање и повраќање навечер подобро нека пие. Денес успејале некако со јутуб да направат инхалација.ЈАс божем сум мајка а ништо не правам како треба, со мене децата се многу полоши, еве малото вчера помодре од плачење не сака инхалација, не јаде кога сум дома цица, не пие течности а еве денес кога сум на раб маж ми и го нахранил и инхалации направиле и сирупи (мене ми го плука сирупот па се лути).Баш се нервирам, сите деца ли се такви со мајките или јас правам нешто погрешно.
Да ти кажам јас со синко сум на ратно поле 24/7 како крвна одмазда да имаме. Се е контра се е со инат само префрлува зборови. Јас кога му викам направи инхалација е нема бе нема ми вика шипки, додека со татко му ќе седне или било кој друг да е. Јас треба да му кажам е сега под нозе ќе те ставам да наведне глава и да го направи тоа или на сила да кажеме. Али кога некој друг ќе му викне доаѓа кај мене да плаче . Колку пати кажал не те сакам оди си на почеток срце ме болеше сега му викам ако кажеш уште еднаш така гол и надвор на улица ќе седиш да видиш како е.
абе они се многу призврзани за мене ама не ме слушаат,имам впечаток дека ме зафркаваат како сакаат, еве бебе е 17 м, му давам да јаде во хранилка ми вика неее, ми ја турка раката, лажичката, ке излезам од соба ке седне маж ми и се ке изеде, е како бе, јас го земам спрејот за нос ке ме види и бега одма, од маж ми или од мајка ми не, буквално ме зафркава,за големото па да не збориме.
Ооо едно мало газле од 8 месеци знае мене да ми контрира. Оди кај баба му дека се му дозволува. Ама кога и да му е нешто непогодено мам мама само вика. Кога му се спие исто само мене ме бара. Јас мислам повеќето деца се така со мајките. Така да ништо погрешно не правиш
Е тоа е мајка ќе го чекаш со душа да се роди ќе му се тресеш и на крај пак ќе ти се сере на глава. навикни се на тоа додека пораснат после тоа ќе се лепат за тебе кпга ќе им треба нешто
Тоа значи дека таткото има поголем авторитет над децата Знам дека не се чуствуваш пријатно,ама добро е што барем другиот родител може да се справи. Пробај со некој трик ,финта,тактика... да успееш и ти
Кога ги тапкате искашлуваат ли шлајм, плукаат ли, повраќаат ли, што прават? Моево колку и да го тапкаме не искашлува, а уште е пун. Само преку нос што успеваме да извадиме нешто ситно.